11.04.2012, 18:26 Полемика
Паско, ти и Господ
Ерол Ризаов
Штом си бил заедно со Господ кога си уривал културно наследство старо 500 години нема веќе за што да разговараме. Не сме рамноправни, јас простосмртен, а ти блиску до Бога
Г. Паско Кузман, како висок државен службеник, директор на Управата за заштита на културното наследство, во полемиката, што ја отворивме за идентитетскиот земјотерес што ја зафати последните години Македонија, политички стимулираната потрага по пославно минато, антикоманијата и маргинализацијата на словенството досега во серија од три продолженија - не даде компетентен и јасен одговор на ниту едно прашање кои самиот ги постави во интервјото за „Утрински весник“ и на прашањата што јас ти ги поставив по повод твоите констатции во тоа интервју, пред се' како интерес на пошироката јавност. Наместо тоа, за мене неочекувано, ја сврте работата во заштита и одбрана на актуелната власт небаре таа е нашето најголемо културно богатство и оставштина од минатите векови.
Секогаш кога во полемиките се бега кон небитни, или помалку значајни детали на непристрасните читатели им станува јасно кој ја разводенува работата и го напушта мегданот. Паско, раскажуваш гачки кои немаат ама баш никаква врска со она што е предмет на нашиот обид за полемика. Бегајки од суштината ти само го прифакаш малото незначително идентитетско влијание на Словените во создавањето на современата македонска нација, а јазикот, писменоста и верата како најголем идентитетски фундамент срамно ги маргинализираш со што се вклопуваш во политичките вносни трендови во потрага по античко минато.
Гледам, страшно си оптоварен со тоа кој ќе победи во полемиката. Ти реков Паско олабави се, не бери гајле, со отровното античко семе што го посеавте во Македонија ти и твоите истомисленици ќе победите во оваа битка. Но, војната ќе ја загубиме сите.
Е сега стар пријателе да ти одговорам на прашањата на кои ти требаше да дадеш одговор нели како компетентен државен службеник и како археолог не по вокација, туку по нарачка. Бидејќи ти не гледаш и не чуствуваш идентитетски земјотрес и не забележуваш политички стимулирана потрагата по пославно минато, јас викнав да ни помогнат двајца луѓе кои се осведочени пријатели на Македонија и тоа го докажале. Едниот е Ерик Хобсбаум (1917) икона на Кембриџ најголем жив историчар во светот кој се смета за еден од најважните и највлијателни историчари во општествената сфера. А, вториот е нашиот познат универзитетски професор и општественик Димитар Димитров. Се разбира, не случајно ги одбрав овие двајца научници на кои им се извинувам што ги цитирам во една ваква полемика иако нивните објавени работи се јавни и достапни. Уште 1995 година на предавање при отварање на Универзитетот за Средна Европа во Будимпешта Ерик Хобсбаум го рече следното: „Најголемата идеолошка злоупотреба на историјата повеќе се потпира на анахронизмот отколку на лагите. Грчкиот национализам и' го одбива правото на Македонија дури и на име , врз основа на тоа дека цела Македонија, всушност, е грчка и дека Грција како држава – нација, божем постои уште од времето на таткото на Александар Велики, кралот на Македонија, кој станал владетел над грчките земји на Балканскиот Полуостров. Како и се' во случајот со Македонија, тоа е далеку од академско прташање. На грчките интелектуалци навистина им треба многу храброст да го кажат тоа. Историски зборувајќи тоа е вистинска глупост. Не постоела грчка држава – нација , или каков било поединечен политички ентитет на Грците во IV век пред Христос. Македонското царство во никој случај не било никаква грчка, или некаква друга модерна нација – држава. Во секој случај, древните Грци ги сметале и македонските владетели за варвари исто како што подоцна ги сметале за варвари и римските владетели. Накратко, старите Грци сметале дека варварите не се исто што и Грците, иако тие без сомнение биле мошне внимателни и воздржани да го зборуваат тоа.“
Што велиш на ова Паско, знам ти се допаѓа. И мене. Особено што ова го кажува една ваква величина. Ова го имам објавено уште пред четири години како голема драгоценост. Но чекај, ова не е крај, Хобсбаум на истото предавање уште вели „поради непристрасност и екстремниот македонски емигрантски националиозам , исто така, треба да се отфрли“. За наша голема жалост, тој емигрантски национализам по неколку години стаса од дијаспората на плодна почва и почна превреднувањето и на нашата историја во што учествуваш Паско и ти. Хобсбаум уште вели дека митот и измислиците се битен елемент во политиката на идентитетот со чија помош група луѓе денес се дефинираат себеси по етницитет, религија или со минатите и сегашните граници на државите настојувајќи да најдат некоја сигурност во несигурниот и разнишан свет говорејќи: „ ние сме поинакви од другите и подобри од другите. Луѓето кои ги формираат тие митови и измислици се учени луѓе, световни и верски учители, професори, новинари, луѓе од радијата и телевизиите...многу од овие луѓе се дојдени од универзитетите“. Хобсбаум ги предупреди дека „Историјата е суровина за националистички, или етнички, или фундаменталистички идеологии како што е афионот суровина за дрогирање со херион. Ако нема пристојно минато тоа секогаш може да се измисли.“
Седум години подоцна, во 2002 година Ерик Хобсбаум во интервју за „Гардиен“ ќе каже дека бележи рапиден пораст доктрината „направи сам“ историја и дека е во тренд „купи сега“ историја за практични цели. Хобсбаум уште вели: „Многу сум загрижен за сите видови на истории за идентитетот. Идентитетот не е добра основа за историјата. Во моментот најзагрижувачко е тоа што историјата , вклучувајќи ја и традицијата во голема мера се измислени. Во последните 30 години имаше експлозија на локации каде се откриваа културни наследства и отвараа историски музеи. Пред се', особено по падот на комунизмот, има формирање на нови држави кои имаат потреба од измислување на историја за да покажат колку се важни. Начинот на кој се прави ова е таков што се измислува или присвојува нечие минато. Денес светот е полн со луѓе кои измислуваат истории и лажат во врска со историјата, а тоа во голема мерка се должи на тоа дека луѓето кои го прават ова не се заинтересирани за минатото . Она за што се заинтересирани е нешто што ќе ги направи да се чуствуваат подобро“.
Паско, гледам ти добро се чуствуваш со твоите поимања на историјата и иднтитетот.
Нашиот универзитетски професор Димитар Димитров уште 2008 година во Утрински весник во две свои сјајни статии ќе напише меѓу дргото „ ВМРО ДПМНЕ две години се експонира со д евизата „преродба“( термин со прецизна историска ситуираност и значење), со назначки и подземен од, во потврдување на нашиот идентитет како древен , паганско-библиски народ со корени во Александар Македонски, во свети Павле во „фасадна лушпа“ со што ја провоцира Грција, си го порача вториот Бикурешт, го распушти Собранието, го крена знамето на патриотизмот и излезе на мегдан за одбрана на името и идентитетот! ( Еден автентичен вмровец, војводата Васил Чакаларов, еден век порано по итна постапка ликвидирал човек кој индоктриниран од грчкиот владика Карвангелис, заговарал идентиет на Александар Македонски. Паско види го извонредниот текст на Димитров во „Утрински“ „Алексанадр, Караѓоз и Итар Пејо“ каде воошто не ги поштедува и митските заблуди на Грците.... во еден пасус важен за нас Димитров пишува: „Итар Пејо, кој ја губи реалната Македонија, преку океани, во Америка, или во Австралија се самореализира како потомок на Александар. Итар Пејо кој се идентификувал со Титова Југославија, па останал без неа и нејзината волунтаристичка историографија, се фрла во нов, александарски волунтаризам, па котвата на новата независна држава ја фрла, наместо во Брисел во гробот на Александар залулеан во една некрофилна митска идентификација во сеприсутно откопување на Александар и во наше самозакопување – архелошко, ликовно, номенолошко, библиографско, медиумско. Публицистичките и поетските апологии на Тито се заменуваат со проза и поезија во слава на Александар кој ни' дал територија, култура, име и крв“....... Паско доста е, доволно е, чинам и премногу е.
Но бидејќи ти за себе велиш дека кога си ја уривал царската џамија на Имарет во Охрид изградена пред 500 години како задужбина на Султан Мехмед освен тебе имало уште една голема личност Исус Христос, веќе нема што ниту да зборуваме, нити да полемизираме. Ти и Господ. Никој друг.
Паско, види вака да ти кажам во доверба и најдобронамерно. Добро е ако си свесен и ако намерно лажеш. Бидејќи претпоставувам дека знаеш оти трите вери Христијанската, Еврејската и Муслиманската се Аврамови и дека црквите и џамиите се божји храмови. Со тебе сигурно не бил Исус, или како ние го именуваме Иса. Па нема ни Христос, ни Иса да си ја урива сам својата куќа. На имарет Паско ти си бил сам со себе, или со некои овоземни изроди. Паско, многу диктатори и цареви уривале божји храмови, уривале и терористи, ама јас не знам случај тоа да го направил археолог и со тоа да се гордее. Ако, пак, навистина имаш некоја комуникација со Исус како што велиш како меѓу двајца големи личности, ти и Господ, јас веќе тука не можам со ништо да ти помогнам. Господ нека ти е на помош пријателе. |
|
Статијата е прочитана 5827 пати.
|
Испрати коментар
|
|
od truliot zapad, 12.04.2012 00:32:41 | Poradi Pasko i negovite istomislenici, po profesija antikomanijakalni makedonci, mojata zemja se povece i povece ja narekuvaat FYROM. Se povece slusam prasanja od tipot: ah, ti si od Fyrom? na odmor vo Fyrom ce odis? koj jazik se zboruva vo Fyrom?... fala ti Pasko i tebe i na tvoite! Grcija ne mozese ni da sonuva pogolem podarok za svojata besmislena politika od vasite nepromisleni akcii. |
| историчар на уметноста, 12.04.2012 00:47:22 | ех ероле, тоа била болката. некој ти го урнал храмот твој. а тоа што тој храм е подигнат на најсветото место во охрид, врз најсветата охридска црква, тоа не те боли. дури и горд си што некои варвари уништувале на овие простори и си граделе свои храмови врз храмовите на домаќините. епа ероле, домаќините си го повратиле своето и си го вратија храмот назад.
во македонија си ероле и не е битно кој тој султан кренал џамија тука, ако таа џамија уништила вредност поголема од целата турска империја. затоа и ќе биде срушена, ако треба и со динамит. (истиот динамит со кој беше рушен вардарски рид, во време на твојата левица ероле) |
| petre, 12.04.2012 01:02:45 | Aman Erole prijatele, te molam prestani, dosta mu drzis predavanja po istorija i arheologija na Pasko. Toj nitu moze da te sfati, nitu da ti odgovori. Toj sie samo kurdisan casovnik i eden den ke zapre, a potoa ke ceka nekoj drug pak da go navie za da treska gluposti, pardon da pravi cuda ... |
| cicko Frojd, 12.04.2012 01:05:04 | Za zal, Erole, nema pomos za ovoj covek. Preku 30 god. rabotam kako psihijatar i slobodno tvrdam deka takvite kako Pasko, sto i da napravat, vo nitu edna zemja nemaat odgovornost pred zakonot. |
| hristo mangovski, 12.04.2012 01:42:05 | sekoja chest na novinarot erol rizaov,ostana dosleden na svojata chesna profesija shto go krasi so decenii,prosto e izlishno da polemizira so eden kvazi aheolog Pasko,nadvor od Skopje toa shto on go zboruva prosto e smesaho,a so ova pokazuva deka ne umee ni da so fakti polemizira,mani erole ne si go gubi vremeto.so pozdravi od Florida. |
| Mike-London, 12.04.2012 02:09:40 | Do Erol Rizaov,
Erole i ti si nasol so koj da debatiras za seriozni i naucni temi,ne znam dali go poznavas dovolno Pasko,ama ako ne go poznavas dovolno eve jas ke ti kazam koj e Pasko Kuzman,zosto jas go znam premnogu dobro,e pa vaka.
Pasko Kuzman e eden obicen ANTIMAKEDONEC,PREDAVNIK,SARLATAN,ARAMIJA,ATEIST,BOGOHULNIK,MAMELEDZIJA,i imam uste mnogu atributi za ovoj covek.
Kako mozi covek Makedonec,Hristijanin,Ohrigjanec da dava vakvi izjavi koga toj zaedno so negovata BANDA ja imaat UKRADENO Makedonskata Budzetska kasa so teski milioni evra preku razno razni prevari,urivanje na dzamijata na Imaret,gradenje na Muzejot na koskite-Gradiste(navodno imalo Rimsko Kale,pa Pasko arheologot,go rusil i izgradi zid od kamen)i nemam prostor kade sto bi vi kazal za site ovie aramiski prevari,koi nakraj gi plakame nie MKD narod.
E toj e Pasko Kuzman,covek koj nosi 3-4 casovnici na race a prasajte go zato gi nosi ni sam ne znae zasto gi nosi.
Eh Makedonijo tesko nas so Pasko!!! |
| xcfghujikolp, 12.04.2012 02:24:56 | Nekoj urival kultura i kulturno nasledstvo no fundamentalistickite fanatici so nivnoto oko skrieno szad greda toa ne sakaat da go vidat. Razlikata e vo toa sto:Sv. Kliment na svoja zemja izgradil Manastir i potoa vo nego bil pogreban, dodeka izvesniot sultan, dosol vo tuga zemja i izgradil gamija duri ne vo tuga zemja tuku vrz Manastirot i vrz grobot na Svetitelot. I sega sto e kulturno nasledstvo i koj ostava a koj unistuva tugo za da postavi negovo?Mojot odgovor e deka Pasko go vozobnovuva razrusenoto i potisnato kulturno nasledstvo od nekultura i so antihumanisticki antisemitisticki i antinacionalen akt. Prosvetitelot stignal do Svetosta i Boga, so humanisticka i prosvetitelska dejnost a ne so nasilstvo vrz tugoto. Inaku Isus Voskresna, toj e ziv i e vo site Hristijani pa i vo negoviot sluga Pasko. |
| Vanco Velkov,[email protected], 12.04.2012 02:25:51 | Wow! Gospodine Rizaov posle ovoj vas odgovor prosto covek da ostane bez zdiv, nemam zborovi, Rizaov za pretsedatel, malku e i toa a? Neznam, ednostavno Bravooooooo!!!! |
| Jon, 12.04.2012 03:03:51 | Falati Erole sto mi iznakaza za mojot identitet makedonski.Makedonskive istoricari mozat voda da ti nosat, Samo cudno, Pasko ne se dzna da ti spori za tvojot identitet , sto e vo pravo smetajki deka se e vo red so tvojot i so identitetot na milioni turci . Rezime : Vie Novinarite koi ocigledno imate fateno partiska strana ste mnogu slicni na advokatite koi se borat na legalen nacin od vinovnikot da napravat nevin .si imate klienti i se borite za niv i kcarite od niv. Bi posakal edna TV debata so Istoricar arheolog i novinar |
| pameten, 12.04.2012 03:23:58 | Tochni se Hobsbaum i Diimitrov. Reakciite po stavenjeto i trganjeto na Statuata na Simeon Radev jasno pokazhuva deka mnogumina vo Makedonija denes ne sakat da se soochat so svojata vistinska istorija i deka po krajot na fantaziite od vreme na Titova Jugoslavija se bara nova fantazija za da se negirat Slovenobugarskite koreni na ovoj narod. Dokaj odat ovie poteazi sovremeniot Makedonski identitet kje bide zagrozen. |
| Marioec od Azija, 12.04.2012 04:56:55 | I povtorno e DIJASPORATA vinovna za se vo Makedonija.Pazi covekov gi narekuva nacionalisti.Erole dijasporata li go donese zakonot za privatizacija,t.e legalna krazba,dijasporata li gi brkase potencijalnite investitori od Makedonja,istata ja sozdade Tat,Telekom,Tikves,Lozovo,Pivara,istata gi sozdade Oligarsite isto taa mu nudese na Gligorov roleksi i dolari itn.?Vie ste najgolemiot manipulator vo Mak mediumski prostor.Te vakvi te takvi Makedonci,de babi de zabi,samo da se delit i karat narodot.Ajde pocni da rabotis,pa duri i Mirka se zavati so rabota eve pocna da pisuva so iminja i za farmaceutskiot i zdravstveniot organiziran kriminal sto gi cini ludjeto milioni,toe ne interesira a ne drn dupka celo vreme,Ajde napisi za roleksite i dolarite,da vidime vo sto e rabotata. |
| Прашање, 12.04.2012 06:29:14 | Дали е божји храм за кој е урнат храм за тој да се изгради на негово место? И тоа од окупатор? |
| B. Betinski, 12.04.2012 07:33:47 | Site tie kupista kamenja na Pasko i toni bronza na Pastirot ne vredat ni pet pari do kolku ne se vedrbaliziraat za da mozat, po toj nacin, da se vklucat vo kolektivnata memorija (usna i pismena) koja se polozuva (deponira) vo jazikot. Taka doagjame do klucnata sostavka na sekoj identitet - jazikot! E, sega, toj jazik e, po poteklo i karakter slovenski, nikako anticko-makedonski koj pocnal da isceznuva uste vo vremeto na Filip i Aleksandar zatoa sto i edniot i drugiot storile se da se vklucat vo kultura na jazik od prestiz (helenskiot) kako sto i se - vklucile! Ete zosto D. Dimitrov e napolno vo pravo koga potsetuva deka nasive od vlasta go lapnale trikot na Karavangelis so nivnata tragicna prerodba. Segasnive Grci, ni ne sonuvale deka, vo RM, vo 21-vi vek, ke se najde nekoja otkacena, kapitalno neuka, neronsko-kaligulska elita koja ke se zalepi za toj evtin trik! |
| lisec, 12.04.2012 07:45:03 | Bravo Erole epten go sraboti Paskota. Demek naceka moznost da si ja prekines besmislenata politika koja te vlecese se podolu i podolu.Ama ti itrec ti iako nekrsten se fati za Isus da se spasuvas od beljata sto te najde. Ako de Erole, Isus e golem i ke ti pomogne zosto toj na site pomaga. Vreme ti bese da se otkazes od polemikata zosto pretera so navredite kon Makedoncite.
Sedi si vo svoeto kose i misli mu kako tvojot BC kako da si go vratis na vlast ako mozes da smislis takov marifet a istorijata i arheologijata ostavi ja na istiricarite i arheolozite. |
| Ероле, ти си Ѓавол, 12.04.2012 08:01:14 | Каде си нашол Ероле да се расправаш за теми за кои немаш поим. од твојот однос кон македонската историја се гледа дека не ја чувствуваш Македонија како татковина и пишуваш како да не припаѓаш на македонскиот народ. Покрај тоа, шириш и верска омраза. Најдобро ќе биде да престанеш ссмиот да се давиш во тие води. |
| Miki, 12.04.2012 08:28:23 | Pasko e kvazi arheolog, priucen manipulator i iskoristuvac na vremeto vo koe ziveeme, nedostoen polemicar, pod intelektualnoto i kulturno nivo na Erol Rizaov. Polemiziranje so so sarlatan sto, za da izgleda pointeresno i naucno otkaceno, nosi 3-4 casovnici na rakata e samo gubenje vreme. |
| Томе Стојановски д.е.и, 12.04.2012 09:11:19 | Џамија па џамија !!! А кога г-не Г(Р)изаов последен пат сте биле во џамија !!!??? И има ли една џамија изградена за време турско која не е поставена врз темели од црква !!! А за идентитетот му се чудам на Паско што воошто си го троши времето со Вас !!! Еднаш реков не објав��ја, кога ке се пишете Македонец ке имате право да ми кажете кој сум и што сум јас !!! Дотогаш не мешајте се таму каде не Ви е местото !!! |
| toni, 12.04.2012 09:33:54 | erol batali go ovoj portokalov izrod,ne vredi!!! |
| Marko Okramovski od Dolno Dupeni, 12.04.2012 09:41:34 | Od glaata si patime. Citah gi vo kajceto mi pesnite za Tito od Pasko. Na vremeto pameten coek bil ovoj ugursuz. Napsal kniga i sk so goljamiot pisatel i goljamiot knigoizdatel m.ca so goljam kolac od drzavata i kulturnoto ni ministarstvo ka ni ponudat ROMAN ZA BOGDANOVSKI. Nacekahme si ova soblaznitelnost. Aferim. Od glaata si patime. |
| seirdzija, 12.04.2012 09:42:56 | Erol,iskreno se nadevam deka ke prestanes so prepiska so ovoj zabegan Indijana Dzons(prerodbenicka verzijamanifestirana),oti drzavata ni odi vo rasturanje.Imame problem so mnogu pozabegani ludje koi ja vodat drzavata vo provalija.Na sekojdnevnite cirkusi im nema kraj,no kako eden od malkute iskusni novinari bi sakal da prodolzis so razgoluvanje na ovaa vlast po klucnite prasanja.Se dovedovme vo situacija eden totalno nesposoben covek da bide i pretsedatel i premier i parlament i sudija i inspektor i policaec....bukvalno SE i toj da odlucuva SE. |
| Pasko Kuzman - Isusov apostol, 12.04.2012 09:46:25 | Citajci gi ovie polemicki tekstovi ,se cudam kako eden taka plitok covek, da ne recam so sarlatansko i diletantsko poznavanje , mozel da bide postaven na takvo meto: direktor na Upravata za kulturno nasledstvo i mu se davaat tolku sretstva od sireomasniot narod za nekakvi si negovi kvazinaucni zamisli i istrazuvanja (Zalivot na koskite , nakolni zivealista i sl. koi mnogu mirisaat na debeli kriminali).Kolku e plitok i bez znaenje pokazaa ovie negovi tekstovi. Kazuvase i drobese za se i sesto, samo ne konkretno za temata,za ovaa nasilie vrz slovenstvoto i onaa nasilna i sizoidna antikomanija , koja saka da se nametne vrz narodot makedonski.Treska deka vo Ilijadata pronasol 83 zbora so makedonsko poteklo i koren, a koga i toa mu bese malku eve kazal deka imal direkni vizii i transcedentni vrski so Isus Hristos , za izrabotka na Plaosnik?! Gospod da ni e napomos i na nas , a i na nego, ako navistina toa go misli.I Erole, dobro te sovetuva Petre. Batali go bidejci e beznadezen slucaj. |
| Velicetvrtok, 12.04.2012 10:18:34 | Erole! Ako i posle ova pomisli(toj), deka moze da prodolzi da polemizira, i go stori toa, ignorirajgo! Te molam!
I ova dosega sto mu obrnuvas vnimanie, mu e mnogu. Ama znaes, na lakomiot nikogas ne mu e dosta od nisto!
Na denesen Den, vo svojata posledna propoved Isus go dal i slednoto Blazestvo:
Blazeni se siromasnite po duh, zosto nivno e Carstvoto Nebesno |
| Ceca, 12.04.2012 10:31:22 | Со целосна почит кон авторот и неговата мисла која дел се крие и меѓуредови, но заради сочувување на дигнитетот на „ситната боранија“, укажување дека директорите на јавните установи и слично, не се државни службеници согласно закон. Благодарам |
| konsternirani, 12.04.2012 11:32:27 | G-ne Rizaov, zarem ne sfakjate deka Pasko Kuzman se zafrkava, dobro se zabavuva so vas i so site nas? Od sigurnoto mesto na direktor, shto-kje-kazhe-toa-kje-bide, navistina ja ima mokjta kako Gospod da menuva istorii, identiteti i sl. i toj toa go koristi za da se zabavuva, a nie, budali, seriozno go sfakjame bidejki gi gledame posledicite. Povtoruvam, toj koga napisha, jas i Isus, samo provocirashe, podbucnuvashe za da vidi kolku kje ve iznervira, toj ne ve sfakja seriozno, zatoa so nego NEMA SERIOZNA POLEMIKA |
| До Томе Стојановски д.е.и, 12.04.2012 11:38:08 | А знаеш ли ти, д.е.и. кој си и што си?! |
| sime, 12.04.2012 11:41:14 | Erole so seta pocit kon tebe kakko novinar,no mislam Pasko so siot svooj integritet ne zasluzuva da ppolemiziras so nego. |
| До истопричарот на уметноста и Томе Стојановски, 12.04.2012 12:19:14 | Ако си ти историчар на уметноста јас сум космонаут. А, Томе си има друга болка. На Ерол не му урнале ништо, нам ни урнале. Камењата постари од 100 години се негде заштитени со закон, а не споменик на културата од било кој историски период. Ако така го браните Паско, го закопувате до крај.
А, ти историлар на уметноста и Томе Стојановски не е лошо да отворите малку било која историја на уметност и да видите колку цркви и манастири се изградени за време на Отоманската империја. Второ, доколку има урнати цркви и н анивно месѕо изградени џамии, дали сега треба тоа истото и ние да го правиме. Ако го правиме истото тоа се вика талибанизам. И дали археолози треба да учествуваат во тоа, особено директори за заштита на културното наследство. Или вие можеби мислите дека спомениците од отоманскиот период не се наше културно богатство. Тогаш ајде палете, потпалувајте, па да видиме до каде ке стигнеме. |
| Makedonska humoreska..., 12.04.2012 12:31:32 | ... prodolžuva do beskraj... |
| Goce USA, 12.04.2012 12:35:39 | Procitav ovde enkolku komentari so istava misla kako mojata ama eve jas samo ke ja povtoram:
Erole, a be zosto zaglavi vo polemiki so toj sarlatan? Znam deka i ti veke sfati so kogo (ili so sto) si imas rabota... Na kraj ke se zamori citatelskata publika..
So pocit do najprofesionalniot i najiskreniot novinar vo Makedonija |
| napalm, 12.04.2012 13:01:28 | Ako si ti kosmonaut jas sum DJINGIS KAN? Koe e toa kulturno bogato nasledstvo od otomanskata imperija? Izvrseno e nasilstvo na makedonskiot narod od nepokanet covek moj Erole i nie Makedoncite ne se gordeeme so toa, ja rusat nasata crkva za da gradat svoja sto se cudis Erole na ovie reakcii?Ni izvrsija najgolem genocid vo istorijata na covecanstvoto Erole?Kade e nasta najgolema crkva AJA SOFIJA? |
| iljo, 12.04.2012 14:24:23 | Erol sto mu iznakaza na drugarot direktor pa toa toj trebase da ni go kaze znaci toa ne go znael ili nestignal do tamu da naucisega mu napravi aman ucitele sto mi iznakaza, tuku nastrana se molimte ostavi go vece zar negledas deka e pred nokaut nema kapacitet nitu inteligencija so tebe da se nosi se zapadja vo se podolna situacija. Ostavi go neka kopka okolu Ohrid. |
| Миле - Охрид, 12.04.2012 15:25:17 | Навистина сум загрижен за својот опстанок, како Македонец, покрај ваквата жестока офанзива на на координирани настапи на новинари и коментатори кои прават текстови кои содржат навреди, клевети, непристоен речник, лични дисквалификации, шират антимакедонска омраза. Уште повеќе сум загрижен кога не гледам начин да се заштитам од континуираното нивно ангажирање за дискредитација на единствената држава на македонскиот народ. Вашата постојаната заложба да го понудите прифаќањето на грчките шовинистички уцени (за промена на нашето име) како сеопфатно решение, ме плаши. Се чувствувам загрозен. Прашањето што лебди е: Дали дали и физички би ме елиминирале доколку продолжам да се чувствувам како Македонец, наследник на Античките Македонци? |
| До Миле од Охрид, 12.04.2012 17:45:30 | Не се плаши Миле, лугето на Александар не се плашат. Ти си во фалангата. Се плашат само тие што разбираат што ни се случува. А тие секогаш се помалку. Само напред по Пастирот и Алексндар.Ке стасаме до Индија. |
| Pasko, 12.04.2012 17:47:31 | Pasko odi si kaj Hunzite. Zar i posle ovaa polemika imas lice da sedis tamu kade si???? |
| Mark-do MIle-Ohrid, 12.04.2012 20:26:59 | Ne be, ke te pratime na kej da istrcas desetina km, cela Antika ke ti ispari! I posle edno jako kafe :-) |
| Zagrizen Makedonski graganin, 12.04.2012 20:48:27 | Redno bese nekoj da mu otcita liturgija na toj samo bendisan i samonarecen Golem Makedonec ts.potomok na Aleksandar Makedonski.So sto se gordee on so rusenje na gamii otvaranje na grobnici idr. lokaliteti niz cela Makedonija.Za sto?Pa se bara zlato i dr.skapocenosti ostaveni od nasite predci iod Turcite koga begale.Nebare seto tova e zaradi nasiot identitet kako Makedonci,tazno zarem ne.pasko i bebinjata znaat kakva igra igras so tvoite od VMRO a ovci se narodot |
| evropeec, 12.04.2012 22:59:16 | Pasko od odamna jade anticki kamenja, sigurno gi nasledil antickite specijaliteti. Site vie anticki Makedonci, zaedno so grujo i mafija mozete da sednete na bogata trpeza od anticki kamenja. |
| veko, 12.04.2012 23:13:13 | g-dine NAPALM- DZINGIZKAN, postavuvate prassanja kako sto e prasanjeto za toa kade se naogja tvojata crkva Sv, Sofija? Bidi malku kulturen i ako ne mozes da izlezes od tvojot kozurec i pogledas malku posiroko okolu tebe togas zemi procitaj i ke naucis deka tvojata crkva se najduva vo Istanbul. Se cuva kako muzej pod vistinska zastita na taa Turcija, sto ja cuva i crkvata na Deva Marija i mnogu drugi. Dodeka pak tvoeto perfidna ubedenost deka dzamiite vo Makedonija bile izgradeni vrz temeli ili rusevini na crkvite e samo tvoj gnev i neupatenost.Da ne kazam gnev kon edna imperija vo koja si bil priznat kako takov kako sto si i deka vo sprotivno sega na mesto makedonski ke zboruvase grcki.. bugarski i sl.
Zaradi toa ne moj da sees omraza i gnev tuku zaangazirajse da pridonesis za zacuvuvanje na zapalenite dzamii kako [to e ovaa vo Prilep i dr.
Burmali Dzamija vo centarot na skopje i da sfatiss ednas koga se izgradeni najmnogu crkvi vo ovaa tvoja prisvoena zemja i da naucis nesto |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 25°C
Ведро
|
Среда
Ведро
Макс: 32°C, Мин: 13°C
|
Четврток
Сончево
Макс: 30°C, Мин: 13°C
|
|
|
|
|
Одлуката на Хашкиот суд е важна, но таа не го решава прашањето за името |
|
|