Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
11.04.2012, 18:25

Мислења

„Патриотите“ на пат за Брисел

Тодор Пендаров

По кои критериуми е избран младиот „патриот новинар“ за иден дописник на државната агенција МИА од Брисел

Дали знаете колку вистински новинари има во Македонија? Нема да верувате – биле само пет-шест новинари. Секако, ова е според методологијата и статистиката на дел од онаа „мала група п... патриоти новинари“. Едниот е познат по својата ТВ-емисија во која ужива да беси слики на новинари „предавници“, „хомосексуалци“, „сељачишта“ според неговиот вредносен систем, и оној „најмладиот новинар патриот“ кој стана ѕвезда по оној познат инцидент во Брисел.

Сите останати новинари во Македонија се „кодоши“, „предавници“, „печурки кои растат по подруми и се хранат со ѓубре“, кои не знаат ниту да постават прашање на прес-конференција, а не да се занимаваат со истражувачко новинарство. Е тој млад „новинар патриот“ потоа доби „шут карта“ од „Дневник“ токму поради еден „истражувачки“ текст, кој во последен момент беше повлечен од печатење бидејќи во својот патриотски занес ја „откри курвинската политика на Европа“. Во секој нормален медиумски простор во кои на прво место се професионалните критериуми кога станува збор за новинарска кариера, ваков „новинар“ својата иднина треба да си ја бара во некоја друга професија што би било во духот на рекламата „Осмели се“.

Кај нас овој „патриот новинар“, ни помалку ни повеќе, станува дописник на МИА, и тоа нема да верувате - од Брисел. Некој може да каже со кое право јас се мешам во кадровската политика на МИА. Воопшто не се мешам, иако МИА е државна агенција и делумно се финансира со буџетски средства, туку само сакам да отворам неколку прашања. Прво, дали МИА навистина во своите редови нема професионални новинари кои би можеле да бидат дописници во странство. МИА сега отвора три дописништва (Брисел, Берлин и Вашингтон) и за сите три места испраќа новинари кои не се од нејзината редакција!?

Но да се вратиме на младиот „патриот новинар“ и иден дописник во Брисел. Навистина се прашувам по кои критериуми е избран ако се има предвид дека „патриотов“ нема завршено високо образование. За неговиот англиски можам со сигурност да кажам дека е под нивото на мојот broken (лош) англиски. Понатаму како може да испратите дописник во Брисел кој јавно изразува не само негативно ставови до ЕУ, туку е и полн со предрасуди за многу европски принципи и вредности.

На пример, за него либералите во Европскиот парламент се маргинална политичка група, а патем тие според бројот на пратеници се трета политичка групација. Секоја медиумска куќа која барем малку мисли на својата репутација, нема да испрати дописник кој е вмешан во некакви инциденти на ниво на институции. Едно е сигурно: со ваков дописник МИА ниту оддалеку нема да ја исполни својата функција како новинска агенција. Уште помалку корисниците на МИА ќе можат да си помогнат со извештаите на ваков дописник, а богами и ние како држава нема многу да се прославиме.

Кај нас работите многу често ни одат според рекламата „Скопско и се' е можно“ и излегува дека наместо професионалност, образование, познавање на јазици за да станеш дописник треба да бидеш, односно самиот да се прогласиш за „патриот“, а сите останати колеги да ги прогласуваш за кодоши, предавници, непрофесионалци и така натаму.

Но, сепак не е се' така црно во медиумскиот простор. Последните одлуки на Советот за радиодифузија со кои на некој телевизии им се одзеде лиценцата бидејќи не ги исполниле своите обврски, како и одлуката двете телевизии (Канал 5 и Сител) да си ја средат својата сопственичка структура поради неспоивоста со политичките функции кои ги имаат нивните најблиски членови на семејства, се добар знак дека ако работите се почитуваат, законите ќе се придвижат во позитивна насока. А само да потсетам како опозицијата остро обвинуваше дека со последните законски измени Советот за радиодифузија станал партиска (ВМРО-вска експозитура) со која ќе се контролираат електронските медиуми.

И на крајот повторно за „новинарот патриот“. Навистина ме интересира кога тој поднел изјава до Комисијата за лустрација за да се потврди дека не е кодош. Бидејќи јавно обвини дека сите останати новинари чекале Уставниот суд да ги укине одредбите од Законот. Дури и верувам дека не бил кодош поради неговата младост, а богами и некогашната УДБА беше многу професионална и не се занимаваше со маргинални фигури. Ама најлесно е во духот на к��асичен сталинизам или фашизам да обвинуваш и да даваш квалификации. Оттука, па до оној најлош облик на кодошлак, е само тенка црвена линија.

п.с. Со Уверение бр. 07-2015/2 од 15.12.2010 издадено од Комисијата за верификација на фактите се потврдува дека не сум бил кодош.

(Авторот е државен службеник и ги изразува своите лични ставови)


Статијата е прочитана 2292 пати.

Испрати коментар



Партиски извршители наместо контролори
Паско, ти и Господ
Тротоарски казни



jovan, 12.04.2012 00:36:20
Nekoj svesno ja unistuva drzavav(narodot) po *Osmanliskiot recept* Stavaj, podrzavaj i nagraduvaj sto poglupi luge, a onie koj vredat unisti gi. Turcite ova im go pravele na porobenite narodi, no nam ni ostanalo do den denes sami na sebe da si go pravime, ili pa nekoj platen od nekogo ni go pravi. Ne e samo ovoj slucaj. Milion vakvi *cuda* ima, kade sto normalen covek se cudi kako nekoj podprosecen napreduva expresno, dodeka ona sto vredi se unistuva.
petre, 12.04.2012 01:08:35
Dobro utro Todore, rano ti tekna.... taka velele tvoite predhodnici
Marioec od Azija, 12.04.2012 04:11:24
Za istrazuvacko novinarstvo vo Makedonija netreba da se trosat zborovi zatoa sto go nemalo i seuste go nema,a pa da ne trosime zborovi za nezavisno.Inaku ne kaza koj e biserot,ama od druga strana koga mozit Jovanovska da bidi dopisnicka od Brisel negledam nekoja razlika,sto i nekoj slicen na nejze da ne e tamu,ili tamu se pozelni novinari koi plukaat po sopstvenete drzava i nemat m.....a da postavat nekoe konkretno prasanje sto ja zasegaat nasata drzava.
Boce, 12.04.2012 07:53:24
A vo Brisel go pratile, ja pa mislev sega koga mu zamina grbocuvarot vo Nova Makeodnija tamu ke se smesti, a vidi go toj kade otisol. Sega briselska UDBA ek se zanimava so nego. Sramota za MIA.
satanco, 12.04.2012 08:50:19
ja procitaj ja todore porakata od petre. ima edna narodna mudrost koja veli PAMETEN ZNAE KADE CE STIGNE, BUDALA GLEDA KADE STIGNAL. tuku todore ne lomoti mnogu da ne te izbricat ovie tvoite.
FELIKS, 12.04.2012 09:29:02
Интересантно би било да г-дин Пендаров го објасни на пример сопственото нереагирање кога семејството Јовановски беше актуелно на медиумската сцена па се до Хелсиншкиот комитет.Таткото председател на ХК,ќерката дописник од Брисел а синот посакуван гостин во Брисел кога треба да се одработи против сопствената земја.Сето ова го пишувам поради избалансираност кога се презентираат ставови кон некое назначување на новинари како дописници на важни места во странство.
seirdzija, 12.04.2012 09:46:38
E bravo za tvoeto uverenie!!!Vo medjuvreme cuvajte si go novinarskiot KUBUR za sekoj slucaj,a do togas i koj znae do koga?,neka ve javaat pet sest debilni novinari koi se sram za vasata profesija....
Балансер, 12.04.2012 11:35:54
Феликсе , тебе ти треба и балансирање и центрирање!
Pero Skopski, 12.04.2012 12:28:06
Bate Tode. Ubao napisano sekoj den gi citam pet Makedonski vesnici. Sto da kazam Vie ste sto po sto vo pravo. Bravo sto nekoj progovori. Pero skopski
dobar den, 12.04.2012 12:49:00
Imav smisleno pogolem komentar, no što može čovek ovde da kaže? Poželuvam na PERSPEKTIVNIOT mlad novinar uspeh vo Brisel, a neka dobro ja reprezentira svojata država vo taa stara k.... Evropa :-(
cenzor, 12.04.2012 14:51:33
плачете сега оти млади дечки имаат поголема доверба кај аудиториумот,а не во вас..тоа е затоа што дртите новинари кога се распродаваше македонија сите ја почуствувавме нивната истражувачка дејност кога се се случуваше пред очите на сите...и ти ќе зборуваш за компетентност?--не ние публиката сме по галантни и ќе им дозволиме на младите повеќе простор па и тогаш кога во својот занес грешат,но барем не се лажовчини како многу од вас робови на конформизмот....ако не ве бидува,не плукај,а прашај се зошто..како и тоа зошто нема да го објавите овиј коментар,кога во сите весници во Србија,бугарија,хрватска дури и псуења ги постираат во коментарите,потполен контраст со вашата т.н. новинарска етика?,која била ---замисли ??,поголема од слободата на говорот..еј,-мисли подлабоко.
Aleksandar Laka, 12.04.2012 17:02:43
Ne znam cumu nervozata za prekomandata na mladiot patriot. Trebase izvesno vreme za i tie sto go podrzuvaa da svatat deka maliot iako pravi nekoja korist za nimi, pred se pravi golema steta za drzavata i taka gledano podobro e sto go otkacija nekogas otkolku nikogas. A mislam jasno e deka vo vakvi igri otkacuvanjeto mora da izgleda kako nagrada.
sobranie, 13.04.2012 01:34:43
e kameleonu eden neznaes kaj pobrzo da se svrtis pendarov... hahahaha
cane sokolovski, 13.04.2012 06:48:35
Marioovec, aj nauci Makedonski! Mnogu srbizmi upotrebuvas, sramota za takov patriot.Smeni go pluka so kritikuva, a kritikata ima plemenita uloga, ja brani demokratijata. Satanco, Todor ne mozat da go izbricat negovite, oti nemaat vlast, ama tvoite tebe mozat, ima svetkavici da ti izleguvaat pred ocite. Feliks, isto pa isto pa isto, ko rasipan gramofon. Na krajot, opozicijata i moze da pravi nekoi mestenki a vladata ne moze. Taa e pod skrutini.A sto funkcija e pretsedatel na HK? Ziveeme vo zemja vo koja ne postojat nikakvi vrednosti i nikakov moral. Togas se e mozno. I veterinar direktor na Idrizovo!
граѓанин, 13.04.2012 11:56:06
Штета, појако беше од вас, г-не Пендаров, во одличниот текст за скандалозното именување на неспособниот Нонковиќ за дописник на МИА, да вметнете и реченица со критика за опозицијата поради, баланс (!?) Како и на сите полиња во живеењето така и во новинарството власта постави неспособни човечиња кои и не сонувале дека ќе стигнат на такви позиции, за да може да ги контролира. Сега гледате ли за кого навивавте?
zoran, 13.04.2012 15:30:15
ako ne se soglasuvas so aktuelnata politika vrati ja platata i ne napagaj nekogo od kade i ti jades leb
turcin, 13.04.2012 16:05:22
Jovane turcite vladeele 500 godini i da ubivale sekoj den po 10 lica deneska nemase da postoi nio edna zemja vo balkanot.Uci be uste.
mme, 13.04.2012 17:17:02
Blagonadezniot novinar - partiot, aktuelen dopisnik od Brisel za MIA, edvaj ima zavrseno Sredno fiskulturno uciliste, so edna godina povtoruvanje, a studiite po novinarstvo mu miruvaat desetina godini, dodeka toj prakticno gi sovladuva novinarskite zanrovi na plasiranje poluvistini... Sto ima covekot da zavrsuva fakultet, koga i vaka poluopismenet e najgolemata nadez na segasnosta i idninata na makedonskoto novinarstvo. Ako zavrsi fakultet, ke nema dostojno dopisnicko mesto za nego na planetava!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 17°C

Ведро

Среда
Ведро
Макс: 32°C, Мин: 13°C

Четврток
Сончево
Макс: 30°C, Мин: 13°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Одлуката на Хашкиот суд е важна, но таа не го решава прашањето за името

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |