11.04.2012, 15:07 Самоубиство на германска манекенка поради интернет-омраза
Клаудија Бернер (32), манекенка која учествувала во ТВ-емисијата „Совршена вечера“, се самоубила по острите критики на интернет и грди коментари поради нејзината појава во шоуто
По нејзиното учество во емисија за готвење, на интернет осамнале коментари во кои се тврди дека германската манекенка е „желна за внимание“ и дека се прави важна пред камерите, а многумина ја исмевале поради „вештачките гради“.
Телото на Клаудија Бернер го пронашла полицијата кога соседите пријавиле за силен мирис на гас во ходникот, на катот на кој живеела некогашната мис на Германија. Инаку, на нејзината страница на „Фејсбук“ пишува дека е во врска, но нејзиното момче засега не се огласило, како ни семејството.
|