11.04.2012, 17:21 Владата се премисли, го тргна Симеон Радев од зградата на МНР
По лавината реакции Владата ја oтстрани скулптурата на Симеон Радев и на тоа место го постави Жан Моне
Слободанка Јовановска
Споменикот на Симеон Радев експресно беше тргнат од зградата на новото Министерство за надворешни работи, а брзањето беше толку големо, што место неговата - прво била отстранета друга скулптура. Со тоа и се прати брза порака на официјална Софија дека нашето МНР не е разгранок на бугарското (како што беше првата реакција од Софија) и дека Радев не го заслужил местото што за кратко го доби, меѓу првите личности што осамнаа на овој нов објект. Официјално, причината за тргањето на скулптурата е дека таа таму не била ниту планирана и дека се нашла на зградата на МНР по грешка, без да се каже чија и како е можно да се потрошат толку пари за изработка, а да не се знае точно кој треба да виси на МНР, а кој треба да се најде во Музејот на револуционерната борба. Дополнителна тежина на скандалот му даде реакцијата на СДСМ, кои јавно запрашаа - како е можно да се прави скулптура на Радев, кој ставил потпис на распарчувањето на Македонија во Букурешт, а да нема скулптура на Киро Глигоров, претседателот во чие време Македонија стана независна.
Македонски дипломати, без двоумење, и ставањето и тргањето на статуата го нарекоа скандал.
„Вакво нешто, т.е. ставање на скулптура на Радев, воопшто не ни требаше. Направена е грешка и притоа не толку од аспект дали Радев е Македонец или се изјаснувал како Бугарин, туку поради политичките потези на Бугарија сега. Непромислено е во време кога Бугарија прави се' да и' се приклучи на Грција во оспорувањето на нашиот идентитет, да ни се случи ваква скулптура. Не треба да бегаме и од негативните личности и настани во македонската историја, но местото на Радев не е на зградата на МНР, меѓу светски заслужните, туку во Музејот на револуционерната борба“, смета ексминистерот Слободан Чашуле. Стојко Стојков од ОМО „Илинден-Пирин“ не можеше ни да сфати зошто Радев добил ваков третман во Македонија, со оцена дека тој никогаш не им бил важен на Македонците во Бугарија. Генерално македонски дипломати оценуваат дека листата е пренатрупана со личности, дека е вистински скандал што Радев беше ставен па тргнат од зградата, и дека морало да се внимава листата да биде многу селективна и на неа да се најдат само тие што на некој начин имале директна заслуга за Македонија. Од СДСМ, пак, оценија дека одлуката за поставување на статуата е скандалозна и дека потврдува уште еднаш дека проектот „Скопје 2014“ не е само финансиски, туку и идеолошки криминал, кој директно го загрозува македонскиот национален идентитет и историско наследство.
„Јавноста не може да разбере која беше логиката на власта да го одбие предлогот за достоинствено одбележување на ликот и делото на првиот претседател на независна Македонија, а во исто време да го величи оној кој директно учествувал во разнебитувањето на Македонија во 1913 година“, реагира СДСМ.
Од Владата вчера не можеа да прецизираат дали бетонскиот споменик на Радев ќе биде внатре или надвор од Музејот на револуционерната борба, и што бара таков од бетон меѓу восочните фигури. Не кажуваа ни кој го направил „привидот“, односно како е можно да осамнуваат скулптури на личности без некој да има контрола на тоа. Затоа, пак, во соопштението се протна политичка порака дека скулптурата на Радев „Бугаринот“ ќе биде заменета со скулптура на таткото на европската идеја Жан Моне. Официјално се отфрлаше можноста тргањето на Радев да е реакција на потсмевањата на Божидар Димитров од Бугарија, а од МНР дури порачаа дека директорот на бугарскиот Национален институт не е релевантен за да го коментираат. Од таму потврдија дека Министерството учествувало во правењето на листата на „50, 60 или 70 скулптури“ што ќе се најдат на зградата, но дека никогаш не рекле дека меѓу нив на финалниот список е и таа на Радев. „Димитров одамна не го коментираме. Тој е сменет од функцијата (министер за дијаспората) и е нерелевантен“, изјавија од МНР.
Инаку, Димитров вчера изјави дека му се наполнило срцето кога видел дека Радев се нашол на нашето МНР, дека го чека денот кога и негова скулптура ќе осамне во Македонија и дека индиректно се признало дека Македонците се Бугари, а нашето МНР разгранок на бугарското. Па додаде дека очекува еден ден Музејот на Македонија да стане разгранок на бугарскиот, и дека споменици на важни бугарски личности ќе осамнат пред сите министерства во нашата држава. Во бугарското МНР вчера не сметаа дека треба да го коментираат поставувањето и тргањето на скулптурата, а изјавите на Димитров ги оценија како негови лични бидејќи не е дел од власта. Додека траеше драмата овде, во Софија вицепремиерката Теута Арифи имаше средба со министерот Николај Младенов, но на оваа тема немаше ништо во соопштението од нејзиниот кабинет.
„Грешката се случила уште при формирањето на листите на личности за кои треба да бидат изработени статуи. По увидот на превидот, таа е префрлена во Музејот на македонската борба, Музеј на ВМРО и Музеј на жртвите на комунизмот. Во него во различни уметнички форми и контексти се претставени различни истакнати личности од историјата и од различна идеолошка провиниенција, кои ги обележале случувањата на овие простори и имале влијание на случувањата во Македонија, на нејзиниот историски, револуционерен и државен развој. Без разлика на аспектот на нивно согледување на состојбите и процесите или пак контекстот на нивно дејство во однос на државноста и нејзините атрибути, односно нивните позиции по однос на македонското прашање“, стоеше во соопштението од Владата. На крајот како утешителна порака, стоеше дека новата статуа на Жан Моне бесплатно ќе ја гради фирмата „Бетон“, што само потврди дека таа не била планирана, туку извадена од ракав и од нужда.
|
|
Статијата е прочитана 8610 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Bugarin, 11.04.2012 20:28:21 | UDBA e nema veke. |
| petre, 12.04.2012 00:39:39 | Vidi bogati greska bilo da stavis nekogo na spisok, da izvajas skluptura na
nekoja lisnost koja ne e podobna za Makedonija, da ja kacis na krov.....
SBruka, Sram za Makedonija, Sram za patriotite. Zamislite uste fali i na opozicijata po greska, kako svetoto DPMNE da go kaci na krov Nikola Pasic.
Dosta se pravite naivni nema smisla da si igrate so nervite na napateniov narodec. |
| Jas, 12.04.2012 00:52:35 | Leleeee sramotilaci i kaj nas tuka a i posiroko.Na sekoj cekor ni se smeat.Ocigledno deka vladata ni samata neznae poveke sto i kako pravi.I taa samata e poulavena od site ovie proekti.Ednostavno da citas i da ne veruvas.Pa od brzanje ja zgresile skulpturata.Kutrite ovie mrtvi luge sto denes se igraat so nivnite likovi...leleee Gospodi Boze sto docekavme koj da ne vodi vo ovie teski vreminja |
| jovan, 12.04.2012 01:04:12 | Ova e znak deka ovde vladee ludiloto, haosot i javaslukot, a toa ne e na arno. |
| граѓанин, 12.04.2012 01:08:46 | Изгледа тоа им беше пробен балон, но се изненадија од реакциите од јавноста. Дури и на некои од нивните редови почна да им текнува со кого си имаат работа. И одма, -пу-пу не важи. Било привид кој испадна превид... Си го замислувам грбот и фацата на градежниот рабо��ник кој се изнамачил да го донесе, постави, откачи, однесе каменот на некој си Радев за кого првпат чувме. И така Симеона го однеле во музејот за да може неговите да му се поклонуваат - горе чавките ќе го бербатисаат, еве наместо него Моне ќе го грди покривот. А Чашуле како и повеќето признава дека Радев е негативна личност, но вели не сме требале да бегаме од такви, - а небегањето го сфаќа дури и како поставување скулптура на негативецот во музеј?!? (ај да им порачаме на Германците на нацистите да им направат музејски скулптури). |
| trpe original, 12.04.2012 01:20:21 | Navistina, cudata se slucuvaat. Prvo,besplatna reklama za top-sop za parnio parosmukac a sega onevozmozivme kukavica da go snese svoeto jajce vo nase gnezdo! Onoa so freskite e premnogu prosirno ama ova so kipot e nesto prosto da po prosto ne moze da bide. Imeno, golem i tezok kip, koj treba da se isporuci vo prizemjeto na muzejot, po greska so dizalica se kreva na visok krov. Nekoj go isporacuva a nekoj go prima kipot!? Koj? Pa taa greska cini pari! Kolku takvi greski se napraveni a ne se ispraveni i nikoj ne odgovaral? Zatoa sto nikoj ne objavil vo javnosta? Sramota za sluzbite. |
| Stole, 12.04.2012 01:21:57 | hhahahah abe gluposti |
| mitrev, 12.04.2012 02:18:26 | Hahaha nekoj treba da dobi e otkaz za vakvoto iskrivuvane na MK istorijata ako ne ja znae podobro da ne se maesa vo nea neka ostavi tie sto ja znaat.Makedoncinja lito glavi.Neka pravat gospod gleda ami i Sveti Dimitrija. |
| jimmy1, 12.04.2012 02:56:16 | Skandal do skandal, glupost do glupost, nema sto drugo da se ocekuva od ovaa fasisticka vlada. Vo sekoe ministerstvo skandal, vo sekoja institucija skandal, ova e dokaz deka vo niru edno ministerstvi i vo nitu edna drzavna institucija nema asolni luge, se do eden duduci. |
| pameten, 12.04.2012 03:02:28 | идеолошки криминал, кој директно го загрозува македонскиот национален идентитет... Sovremeniot Makedonski nacionalen identitet e zagrozen predse od negovoto povrzuvanje so istoriski nevisitini. Fakt e deka Radev se osekjal Bugarin. No istoto bilo osekjaneto na orgonmoto mnozinstvo Makedonci vo negovoto vreme. Nekulku generacii uchea deka Aleksandrov i Mihajlov bile predavnici. A shto kje pravime so premierot Ljabchev, so profesori kako Balabanov, Miletikj i Arnaudov, so generali kako Djerov i Protogerov i Bojadzhiev, so pisateli kako Talev, Dalchev i Smirnenski. Listata e beskrajna. Makedonskiot nacionalan identitet ima shansi da opstane samo ako se soochi so svojata vistinska istorija. Taa ne statua, vo erata na internet ne mozhe da se trgne. |
| Istocna Makedonija, 12.04.2012 07:49:31 | A kako dosol tamu,ili padnal od nebo?! |
| Православен Христијанин, 12.04.2012 07:51:24 | Само вие продолжете да се измејувате со Христијанството и МПЦ, па после ќе се чудите без чудо. |
| Bogomil(ec), 12.04.2012 07:51:45 | ДО ,,ПАМЕТЕН,,
Те читам и гледам дека паметта навистина ти излегува дури и низ уши. Спомнуваш имиња на значајни личности родени во Македонија, кои по сила на воените пустошења, во кои главен арбитер секогаш била официјална Софија, емигрирале во Бугарија и себеси се нарекувале Бугари. А која им била алтернативата во таа држава во која и денес владее денационализаторски терор кон другите етноси? Зарем Никола Вапцаров, Антон Попов и Романов не завршија во гарнизонското стрелиште само поради тоа што беа Македонци. Зарем Сократ Макрадулов од Петрич и Јордан Константинов од Сандански не беа 8 години зад решетки поради својот јавно демонстриран македонизам. Небројани се жртвите на оние што националните слободи ги гледаат низ твојот (раз)ПАМЕТЕН великобугарски агол. |
| torbesh, 12.04.2012 07:51:55 | Nemozham a da ne se iznachudam deka Sluzhbata za opshti i zaednichki raboti - pri Vladata na R.Makedonija ne znaela koj e totichniot gospodin S.Radev roden vo Resen,toj e istiot kako Hristo Tatarchev prviot presedatel na VMRO isto roden vo Resen,a negoviot vnuk beshe do skoro javen obvinitel vo R.Bugarija mu napravija spomenik vo Skopje i sega go stavija vo Muzejot na VMRO Skopje do negoviot stipjanec Vancho Mihajlov,GOSPOD DA JA CHUVA MAKEDONIJA samo bez bizmismenite od Makedonskata pravoislavna crkva,a posebno so Vladikata Agatangel i site ANTI MAKEDONSKI organizacii koj go negiraat pravoslavieto i slovenstvoto vo R.Makedonija. |
| Aleksandra Deleva, 12.04.2012 08:11:23 | Ova ujdurma so Bugarinot Radev e na Antonio Milosevski ( ex ministervvo MNR insku bugarofil prva klasa) i AJDUKOT OD BETON bugarinot Minco Jordanov! Da se zamaskira sramniot potek navodno BESPLATNO Mincho i Beton ke pravat nova statua na Mone !
- arhiktetonski TERORIZAM ,i ajduklk!
|
| mio, 12.04.2012 08:27:51 | bruka,rezil,katastrofa,mizerija, samo uste eden dokaz za bugarofilskata vlada vo Makedonija, pa ne e samo ova,da se podsetime novite uniformi na gardata na ARM poveke od bugarski, novite registarski tablici preterano bugarski a zgora i toa nalbat da gi osmislel i pravel podobri ke bea, Se vrsi intenzivna i se pootvorena bugarizacija na drzavava. |
| risto, 12.04.2012 08:28:13 | Ova e maslo na Branko...hehehehe |
| Srumichanec, 12.04.2012 08:29:26 | Ova e dokaz deka makednskiot narod e bombandiran od lagi za istirijata.Trebe da si epten budala da ne razberash deka vo 19 vek poveketo makedonci se samoopredeleli kako bugari pa sega gi marzi bugarite.Zashto ?Oti vaka sakashe Tito i UDBA ,neli ?G.Delchev,Jane Sanbdaski,T.Aleksandrov i tn. site bile bugarski oficeri i bile na plata vo Sofija,parite i orujieto na VMRO bilo od Bugarija pa sega nie pishem nova istorija i gi slavim kako makedonski patrioti.Do koga ke e ovoj cirkus skam da gi prasham akademicite vo MANU ? |
| sonja, 12.04.2012 08:37:55 | со овие вака наредени скулптури како да се покажува важењето на законот против пушење во затворен простор, па ги избркале надвор... а оној што го вратија назад, можеби се откажал од пушење или пак допушил? |
| murto, 12.04.2012 08:45:19 | Па што сега,погрешиле децата во нивната игра наречена водење држава.А, Бранко што правеше, а?Ај пуштете на раат да си ја доиграат играта,така се расне.Баш се срцки. |
| toni, 12.04.2012 08:54:18 | ova vlada pola e bugarofilska i pola albanofilska...sakat da ja unistat drzavata zatoa gi pravat ovie raboti...narode Makedonski svesti se dodeka imas vreme...ova vlada se ke unisti i se ke iskrade,ako ima uste za kradenje!!! |
| saso, 12.04.2012 08:58:54 | branko e kriv i za ova :) |
| FELIKS, 12.04.2012 09:10:08 | Добро е што целата оваа бламажа заврши вака,нека овој лик најде свое место во музеј со негативна конотација визави неговиот допринос на разнебитување на Македонија.Втората работа што пречи е ќерамидната презентација на ни малку ни повеќе на галерија на ликови од дипломатијата од 50-70 на број.Со тоа за мене непотребно ќе потрошат стотици иљади евра.И трета работа која ја сведувам под комика е тоа што да небеше оној Димитров со својот мајтаплок,,блага врска,, немаа овдешниве,од медиуми до политичари. Пост фестум изрипаа сите божем запрепастени од безвезната инсталација. |
| slartibartfast, 12.04.2012 09:38:44 | Kako sto ekspresno e trgnat ovoj spomenik na bugarstinata, taka ekspresno treba da se tgne i ovaa vlada na javasi. Ne ni treba povik za izbori no ni treba poviok za revolucija. |
| РНД, 12.04.2012 09:48:55 | Скопје 2014 во Барок стил со Бугарски шмек!!! Каде е сега Грујо да шири македонизам??? Мачнина во стомакот имам од патриотите налик ДПМНЕ - знам што ќе излезе на крај!!! |
| zik, 12.04.2012 09:52:23 | kachi se radev gore na terasa....
kako beshe onaa navivachkata? |
| kris, 12.04.2012 09:56:38 | Море да не ни го рокнат Ванчо Михајлов?????Како тргнало со вија Преродбеници и тоа може да не снајде..............Нели Феликс????? Кај си јави се!!? Или и за ова се криви оние од Бихаќка................... |
| никола, 12.04.2012 10:12:20 | не разбирам зашто се овие негативни реакции за човеков. Роден е во македониjа, бил многу познат дипломат, писател, член на македонското друштво во бугариja. сигурно цел живот помагал на македонците во македониjа и во бугариja, другар на Горче Петров. ако да е ставил потпис во Букурешт, не го е написал тоj договорот, туку е бил во делегациjата. Сторил е 100 добрини за македониjа и не заслужува вакви реакции. |
| pile, 12.04.2012 10:41:35 | Ausvic i Treblinka, sekoja godina gi nadletuvaat vozduhoplovi na S.R.Germanija vo znak na izvinuvanje na zjrtvite za vreme na vtorata svetska vojna.Licno se nadevam deka vice premierot na R.Makedonija, od sosedna Bugarija, koja vprocem prva ja prizna R.makedonija pod ustavnoto ime, ke donese pozitivni vesti od prijatelskiot sosed, deka prozapadno orientiranata Vlada na G-din Bojko Borisov, ke se odvazji i ke go priznae jazikot na mnozinskiot narod vo R.Makedonija, so sto ke gi zatvori klucnite bilateralni prasanja megju dvete prijatelski zemji,i ke go zabrza procesot na integracija na R.Makedonija kon NATO i Obedinetoto Evropsko semejstvo. |
| Ana, 12.04.2012 10:53:21 | Koj raboti toj i gresi nisto strasno ama za ovie od opozicijava koj se mnogu silni dodeka se opozicioneri a koga ke dojdat na vlast samo aramiliuk i oligarhija da se sozdade nesto i ovozmozi ubav zivot ni znaele ni ke znaat ama vo opozicija dodeka se se znaat i se umeat VMRO SAMO NAPRED |
| otkrieno podmetnuvanje, 12.04.2012 10:57:53 | Brzinata so koja e otstraneta i zameneta so, VEKJE IZRABOTENA, skulpturata upatuva na SOMNEZH deka ne se raboti za previd, kako shto tvrdi vlasta. Ochigledno vo prashanje e podmetnuvanje na KUKAVICHKO JAJCE: ako pomine,pomine,ako primeti nekoj -imame zamena so druga GOTOVA, rezervna lichnost, vo sluchajov Mone, koja NE SLUCHAJNO, NALIKUVA, na Radev. Koja podla konstrukcija od strana na vladetelite!!! |
| Mudrec, 12.04.2012 12:23:58 | Nema somnez deka ova e delo na bugarashite vo Makedonija. Reakciite bea na mesto i go pokazaa anti bugarskoto raspolozenie vo Makedonija. Sepak, najgolema glupost e sto se stavaat skulpturi na krov, samo pticite ke mozat da gi gledaat. |
| зоран, 12.04.2012 12:42:43 | Алооо ова некој го платил по грешка со народни пари,има ли одговорност,каде е мвр,обвинителството ,ако не поднесат пријава треба и тие да одговараат а ке одговарат еден ден и тоа сигурно. |
| Анче, 12.04.2012 15:40:33 | Кажи им на твоите помалку да работат,оти секаде грешат , за зелен бор да се фатат и тој ќе се исуши! |
| Grof, 12.04.2012 17:55:21 | Izlezi Radev gore na terasa i pozdravi ja debilnata rasa... Kako e mozno nekoj da naraca, izraboti i postavi statua , a posle site da se pravdaat deka bilo po greska??? Rezil za drzavata. Site ni se smeat po svetov. Brgu ke dojde vreme za novi izbori i narodot da ja ispravi greskata od lani. |
| BHC, 12.04.2012 18:11:53 | Resencanecot Simeon Radev turnat,postaven Zhan Mone !?!?!? Koj beshe toj Zhan Mone??????A da, toj e onoj drugiot od delegacijata vo Bukuresht shto ne se potpisal za rasparcuvanje na Makedonija.Bravo!!! go zasluzil mestoto na krovot. |
| do neinformiranite, 12.04.2012 19:06:08 | Se objavija dokumenti od Vatikan od 17 vek,kade sto jasno pisuva deka i togas Makedoncite bile poseben narod so makedonski identitet i makedonski jazik. |
| Sasa, 12.04.2012 19:55:23 | Trebe da se selektira koj e Makedonec a koj e Bugarin na makedoncite ne im trebat tugi perduvi a posebno ne bugarski |
| BIFTEK TATAR, 12.04.2012 20:54:04 | NE SE RABOTI DEKA NE BIL MAKEDONEC RADEV ,STRASNOTO E TOA STO BUGARITE SEKOGAS KUKAVICKI SE KRIJAT I NAS NE ZRTVUVAT .TOJ E ZRTVA KAKO I MNOGU DRUGI VO MINATOTO . NE BIL MAKEDONECOT POSLE VOJVODATA PREDAVNIKOT I KODOSOT TUKU BUGARINOT .NO PO STRASNOTO E TOA STO DENES NE MANIPULIRAT I ZAVEDUVAT NE RABOTAT KAKO BAVCA .OVA NIVNO ILEGALNO VOSKRESNUVANJE I POVAMPIRUVANJE NA BUGAROSLAVIJA TOA TREBA DA NE ZAGRIZI .OD EDNI JUGO KOMUNISTI SE SPASIVME DRUGITE POBRZAA PRVI DA NE PRIZNAT ZA DA NE PRISVOJAT .USTE POSTRASNO E TOA STO VO TAA BUGAROSLAVIJA NE MOZEME NI KAKO POKRAINA DA BIDEME A ZA IDENTITETOT NEMA DISKUSIJA .NO NEKA GO OTSONUVAT I OVOJ SON I BUGARITE I ALBANCITE .GOLEMITE DRZAVI I IMPERII IZUMIRAT .OVA ZA NAS E USTE EDNA ZLATNA ISTORISKA STRANICA .NEZNAM TIE STO NE NAPISAT VO NIVNATA ISTORIJA ,ODEFME DA OSVOJUVAME SO LAGI I KLEVETI GOLEMI HEROI . |
| jovan, 12.04.2012 23:15:56 | steta sto ja trgnaa statuata na izdajnikot a jas ocekuvav vo najbliska idnina da go vidam do nego car boris. |
| melbourne, 12.04.2012 23:35:02 | Potpolno si vo pravo gragjanin,toa bese proben balon,zosto ovaa vlada vo Makedonija veke dolgo vreme go deli narodot vo Makedonija na vakvi,takvi,onakvi,se so cel da napravi narod koj bil ist so Bugarite.A kako sto se odvivaat rabotite toa ke bide eden den. |
| Mike-London, 13.04.2012 02:18:54 | Do Felix,
Felixe jas ke predlozam tvoja statua da ja stavat na mestoto na toj Radev,ti barem se boris za DPMNE(ali ideoloski ste isti so nego,glavna cel vi e unistuvanje na MKD)!!!
Se raduvam na tvoeto povtorno pojavuvanje,se si mislev deka si sasardisan,mrtov,ili si stanal pobegulja,nikogas ne se znae,neli? |
| STANKO, 13.04.2012 08:43:37 | Ministerstvoto za kultura i Vladata go znae chovekot koj ja napravi ovaa podmetachina.Ova ne eprv pat da se manipulira i podmetnuva Radev. I vrapcite vo Makedonija go znaat chovekot koj e odgovoren za ova -izvadete go i javno osudete go. |
| sebastian, 13.04.2012 09:07:28 | невиден аматеризам... да му е срам на човек да каже кои луѓе го владеат.... и сега по наш традиционален обичај, никој нема да одговара, никој нема да биде казнет, ќе се чека да помине „гужвата“ по медиумите и никому ништо... парите се потрошија за џабе, но што од тоа? тие секако не се од џебот на тие од власта туку од џебот на народот.... |
| Maja, 13.04.2012 11:03:52 | Abe do koga ce gi trpime ovie?????? |
| VP, 13.04.2012 11:39:39 | Ех тие Македонци не се к��ко оние старите ...
Смирете се - Велигден е!
Не ги влечете коските на поголемите од нас.
Не, не е циркус - голем грев е.
|
| Alek45, 13.04.2012 15:34:28 | Prasajte go vase donevski koj mu naredil da go stavi toj predavnik na krov na mnr |
| Gogisha, 13.04.2012 21:56:09 | Ljubco e otvoren bugarofil, pa znaes so kog si imas rabota. Ovie se beter. Se skrisum, pa da probaat, pa ne se tie, pa se e greska, pa koga ke se osvestis, docna bilo. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 12°C
Претежно облачно
|
Вторник
Обилни врнежи
Макс: 19°C, Мин: 5°C
|
Среда
Обилни врнежи
Макс: 12°C, Мин: 6°C
|
|
|
|
|
|