11.04.2012, 17:08 Левот, денарот и грчката драхма се пријатели?
Пред неколку години, Грците зборуваа за ефтините пазари во Бугарија и Македонија. Тие беа доволно богати за да патуваат еднаш или повеќе пати неделно до Софија, Скопје и до другите градови и да купуваат облека и чевли по добри цени. Хотелите во овие две балкански земји беа преполни со Грци кои ги трошеа своите пари во локалните бањи. Но сето ова беше предмет на избор на самите Грци, а не на нивните потреби како што е сега.
Грците од северна Грција неделно менуваат многу евра во левови и во денари, со цел да купуваат не облека, туку млеко, брашно, шеќер и други прехранбени производи. Во друг случај, тие речиси никогаш нема да можат да ги купат сите овие нешта во Грција, каде даноците одат од 13 до 23 отсто и продолжуваат да растат, истовремено додека примањата се намалуваат.
Првата цел на Европската унија беше да им дозволи на своите граѓани да купуваат производи во други земји, без да плаќаат никаква царина за нив: токму затоа северна Грција купува гориво во Бугарија и Македонија. Тие исто така ги преправаат моторите во автомобилите да трошат природен гас и плаќаат дури и помалку за него во соседството. Многу грчки пензионери исто така се преселија во Македонија каде за еднособен стан плаќаат просечно по 150 евра месечно. Дури и осигурувањето за автомобилите таму е многу поефтино, па некои Грци имаат бугарски регистерски таблички за да ги избегнат високите даноци во Грција.
Супемаркетите печатат брошури на грчки јазик за да ги рекламираат своите неделни попусти и ги делат во сите градови во северна Грција. Не само цели семејства, туку и оние кои водат бизниси, како што се кафе барови, одат во Бугарија - посебно во Свиленград - да купуваат ефтини продукти за нивните потреби.
Многу фабрики ги преместија своите дирекции во Бугарија и во ПЈР Македонија, со цел да ги намалат трошоците и да го зголемат приходот.
Се разбира, евро „миграцијата“ во другите земји има и не толку добри последици по грчката економија. Но, среде оваа финансиска криза само малкумина го земаат овој факт предвид. (Грик рипортер) |