Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
11.04.2012, 17:27

Анкета - Име што заслужува почит

Граѓаните поделени околу иницијативата за нова наградата „Киро Глигоров“ и можноста за чествување на првиот претседател

Димитар Николов, пензионер

Глигоров заслужува институција или објект со неговото име, но ова не е вистинското време за такво нешто. Мора да се почека... Како и за се' друго, и за ова не треба брзоплета ’градежна’ одлука, не треба да се спуштаме на такво ниво. Не може набрзина да се направи квалитетна градба. Инаку, добра е идејата и предлогот е на место. Тој е во групата на великани на Македонија, но мислам дека има премногу такви државни награди. Треба да се размислува за поинакво решение.. Можеби некаква стипендија, социјална помош, здружение за заштита на човековите права или, пак, слично како Борис Трајковски, фондација со името на Киро Глигоров.

Алексо од Скопје

Киро Глигоров го имаат помешано различни води, има прошетано по многу опции и беше обоен од повеќе бои. Јас пред пет-шест децении од Егејска Македонија се доселив во Скопје и досега никому не сум судел, нуту, пак, казнувал. Значи, немам ништо против човекот, но тоа ФИРОМ никако не можам да му го заборавам. Ме следи каде и да одам, па затоа сметам дека не треба да му се даде никакво признание. Да, тој има свои заслуги, но не доволно за да стои негово име на улица, сала, институција...

Милан Стојановски од Велес

Шетам и го разгледувам Скопје и слободно можам да кажам - дека единствениот што заслужува да има споменик или некакво признание е еден од членовите на АСНОМ, чија скулптура е веќе поставена спроти законодавниот дом. Киро Глигоров има позитивни заслуги и остварувања за државните интереси, внатрешната демократија, човековите права.. Долга е редицата на остварувања, па затоа мислам дека треба и мора да му се даде некоја награда или објект. Кога може името на Ристо Татарчев да стои на улица среде Велес, зошто во чест на еден Киро Гигоров да не се именува главна сообраќајница?

Зорица Антиќ од Скопје

Треба да има некакво обележје, но не од висок политички ранг. Знаете, во неговото време навистина можевме да напреднеме, но, еве, останавме за никаде... Само со вистински заслуги може да се стави некакво признание бидеќи само така не се иритира народот. Ако нема силни и видливи заслуги, народот ќе го почувствува тоа. Народот е суштината, народот е многу добар професор, оценувач, проценувач.

Крсте Крстевски од Скопје

Прво, тој беше голем човек. За Македонија дал повеќе отколку кој било друг. Не треба само да се стави неговото име на улица, ако за некои личности можеше да се направи и спортски центар... Киро Глигоров заслужува многу повеќе! Но, за жал, малку луѓе го разбираат тоа. Треба достоинствено да се преименува улица, треба да се направи и некој фонд. Ако ништо друго, најквалитетните луѓе од земјава преку тој фонд да студираат и се образуваат низ Европа и светот.

 


Статијата е прочитана 1033 пати.

Испрати коментар



ВМРО-ДПМНЕ се' уште му врти грб на Глигоров
Фатмир Бесими на средба со Филип Рикер
Владата се премисли, го тргна Симеон Радев од зградата на МНР
Љупчо го избркал Илија?
Сменетиот директор на „Идризово“ негира поврзаност со „Детонатор“
Левот, денарот и грчката драхма се пријатели?
„Македонија пат“ на улица пред Влада



tito, 12.04.2012 17:00:35
alekso trebalo da si ostanes vo E.M.i tamu da se boris za svoite prava .
dana redoven citac, 13.04.2012 13:24:36
alekso sekoj pocinat presedatel car prajminister koj my zavrsyva mandatot e former ako toa tolky te maci den radyvajse so plostado skender beg i cela drzava sto e naredivte so raketi da nerecam dgami imeto ne ni fali ni fali sto makedonija kee nemame

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 9°C

Обилни врнежи

Среда
Обилни врнежи
Макс: 13°C, Мин: 4°C

Четврток
Локални грмотевици
Макс: 21°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |