Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
11.04.2012, 17:06

„Македонија пат“ на улица пред Влада

Вработените бараат да им бидат исплатени три плати и заостанати трошоци з�� теренска работа

Околу 500 вработени во јавното претпријатие „Македонија пат“ вчера протестираа пред Владата. Бараат да им бидат исплатени три плати и заостанати трошоци за теренска работа за дел од ланската и за цела годинашна зимска сезона.

Претставници на штрајкувачите беа примени во кабинетот на вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, но од таму излегоа без ветувања. Како што појаснува претседателот на Синдикатот во „Македонија пат“, Стојан Попов, работниците не добиле никакви ветувања за платите, но за денеска е договорена средба на неколку министри, на која најверојатно ќе присуствува и директорот на претпријатието.

„Ако не ни бидат исплатени платите, ние не можеме да гарантираме дека ќе нема генерален штрајк и што е поважно, дека ќе нема блокада на патиштата. Ситуацијата е веќе критична и сега луѓето нема да избираат средства. Ние бевме максимално професионални и во текот на зимата немаше никакви блокади, ниту, пак, дозволивме патиштата да останат непроодни, редовно се чистеа онолку колку што можеме со нашата расположлива механизација. На тоа сме и законски обврзани, мораме да обезбедиме минимум услови за безбедно одвивање на сообраќајот. Но, сега веќе нема излез, луѓето немаат пари да се прехранат, а се трупаат и неплатените сметки за струја, вода, телефон“, вели Попов.

Вработените во „Македонија пат“ бараат да им бидат исплатени три заостанати плати, теренска работа за февруари минатата година, како и цела зимска сезона за 2012. Вкупно треба да им бидат исплатени околу 150 милиони денари. Велат дека моментално имаат заработено околу 80 милиони евра, но доколку им ги префрли Агенцијата за државни патишта, овие пари веднаш ќе се изгубат во наплатата на судските извршни решенија. Работниците, исто така, бараат од Владата да не ги менува толку често директорите на претпријатието и да го поддржи најновиот, Гајур Кадриу, кој го постави пред нешто повеќе од еден месец. Инсистираат тој да остане колку може што подолго за да се запознае што подобро со состојбите во претпријатието со цел побрзо и побезболно да се надминат проблемите. (Б.А.)


Статијата е прочитана 205 пати.

Испрати коментар



Анкета - Име што заслужува почит
ВМРО-ДПМНЕ се' уште му врти грб на Глигоров
Фатмир Бесими на средба со Филип Рикер
Владата се премисли, го тргна Симеон Радев од зградата на МНР
Љупчо го избркал Илија?
Сменетиот директор на „Идризово“ негира поврзаност со „Детонатор“
Левот, денарот и грчката драхма се пријатели?



analiticar, 12.04.2012 07:36:57
POSLE 20G.kradenje,sds-dpmne sprema grcko scenario,za se ukradeno narodot da plati,budjetot e prazen ke se odi na vondredna vlada so ministri koj go ukradoja narodot,ke se zboruva za nedomakinsko rabotenje i ke srada nekoj veke odbran od rakovodstvata na partite za OTSREL,ama ke bide osuden malku i zatvor ke odi na spienje[primer direktoro na rek sugarevski]i pak isto......
Istocna Makedonija, 12.04.2012 07:50:18
Ne cinat rabotive!
pile, 12.04.2012 11:49:57
Ne procitav deka revizorska kuka se zanimavala so rabotata i zagubite na Javnoto pretprijatie,i drugite institucii na sistemot, kako O.J.O.Po nekolkute akcii za apsenje na poedini vraboteni na naplatnite rampi i drugi od sredniot esalon na vraboteni, kako i posle izgubenite sudski procesi so baranje za nadomest na steta, nikoj nema odgovornost za zagubite vo Javnoto pretprijatie,a znaeme deka vladeackoto mnozinstvo gi ima podeleno instituciite na koalicionite partneri od vlasta.Nema vinovnici sto e dozvoleno J,Pretprijatie da e vo totalna ``bula``, a e esencijalno za oddrzjuvanje na soobrakajna infrastruktura na otvorenite patista,vo Republikata.Na koja politicka partija od vladeackoto mnozinstvo bese dovereno rakovodenjeto na J.P. vo izminatite 6 godini, zasluzjuva li da ostane vo vlasta?

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 9°C

Обилни врнежи

Среда
Обилни врнежи
Макс: 13°C, Мин: 4°C

Четврток
Локални грмотевици
Макс: 21°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |