Број 2944  вторник, 24 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

Новиот центар за дијализа во Скопје ќе се дава под концесија

Министерството за здравство интензивно бара објект

Јасмина Јовановска

Првата установа во здравството во земјава која ќе биде приватизирана ќе биде новиот центар за дијализа во Скопје. Министерството за здравство интензивно бара објект каде што ќе биде сместен новиот, четврти по ред скопски центар за дијализа. Министерството за здравство, како што дознаваме неофицијално, поднелo барање до сите министерства да се најде објект од јавен карактер кој ќе може да послужи за отворање нов центар за дијализа, кој ќе биде даден под концесија. Истовремено, Министерството за здравство од Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување ќе побара да се коригира цената на дијализата, која сега изнесува 80 евра. Според добро упатени извори од Министерството за здравство цената за дијализа, која треба да му се понуди на закупецот, нема да биде под 90 евра. Во спротивно, се вели дека нема да има заинтересирани концесионери за толку ниска цена.

Во Министерството за здравство велат дека локацијата на центарот и цената на дијализата треба да бидат дефинирани побрзо, по што Владата веќе на првата наредна седница, како што се очекува, ќе донесе одлука за распишување меѓународен тендер за јавно-приватно партнерство во дијализата. Концесијата за почеток ќе стартува во Скопје и тоа кај еден центар, со цел да се види колку ќе има заинтересирани фирми да влезат во јавно-приватно партнерство во делот на дијализата.

Под концесија нема да се даваат постојните центри во Скопје и другите 18 центри во земјава, зашто, како што дознаваме, Министерството за здравство не можело да најде соодветен објект за таа намена. Иако, првичната опција била под концесија да се даде центарот за дијализа што е сместен во Воената болница, Министерството за здравство се откажало поради тоа што, како што се тврди, Министерството за одбрана имало други планови со капацитетот во Воената болница. Се размислувало под концесија да се даде и Центарот за дијализа во населбата Железарница. Со оглед дека тој е реновиран неодамна, Министерството за здравство, сепак, се одлучило да се привати��ира новиот центар за дијализа, со тоа што закупецот комплетно ќе го опреми.

Меѓу локациите кои се споменуваат за нов центар за дијализа е и објектот на Клиниката за ортопедија сместен во Мајчин дом во населбата Аеродром.

Новиот центар за дијализа ќе биде со капацитет за 100 пациенти. Во него, како што велат во Министерството за здравство, ќе се дијализираат 80-те болни кои сега се во Центарот за дијализа во Воената болница, а ќе се повлечат и 20 пациенти кои моментално се на дијализа во Заводот за нефрологија во Струга. Со ова во Министерството за здравство се надеваат дека ќе се реши долгогодишниот проблем на скопските бубрежно болни поради тоа што нема место за нив, па со месеци се дијализираат во Струга, далеку од своите семејства.

Годишно во Македонија се јавуваат по околу 180 пациенти, од кои околу 60 во Скопје.


Статијата е прочитана 232 пати.

Испрати коментар

Од: eden covek
Датум: 24.03.2009 01:58:23
Pa nisto cudno, i Ohrid nema dezurna apteka. Nedaj boze da se razboli covek. Hitno treba da se prevzemat nekoi merki

Најди! во Утрински
Македонија
Нов објект на Уставниот суд
Малкумина штипјани се искачија на Исар
Снег на Попова Шапка како пред 40 години
Помалку болни од туберколоза
Велес нема дежурна аптека