Број 2944  вторник, 24 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

Велес нема дежурна аптека

ВЕЛЕС - По 22 часот во Велес не работи ниту една аптека.

Подрачната единица на Фондот за здравствено осигурување со соопштение ги известила граѓаните и аптеките дека се укинува ноќното дежурство кое се практикуваше изминатите две години. Поради ова, ги повикуваат граѓаните во текот на работното време на аптеките да се снабдат со лековите кои не се издаваат на рецепт, но и со оние лекови кои се за акутни и за хронични заболувања. За другите лекови и интервенции Фондот ги упатува граѓаните кај матичните лекарите кои имаат обврска за 24-часовна грижа на пациентите преку склучување договори за ЈЗУ Здравствен дом, кој ќе треба да организира дежурна служба. Граѓаните се незадоволни. „Сега ќе треба да си направиме аптека дома, па ако има потреба, да земаме од тие лекови“, вели Трајанка Гинова, пензионерка од Велес. Некои од сопствениците на аптеките велат дека прометот во ноќните часови бил минимален и создавал големи трошоци. (С.Ќ.Н.)


Статијата е прочитана 165 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Македонија
Нов објект на Уставниот суд
Малкумина штипјани се искачија на Исар
Снег на Попова Шапка како пред 40 години
Новиот центар за дијализа во Скопје ќе се дава под концесија
Помалку болни од туберколоза