Број 3397  сабота, 02 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Втора страница

Брисел ќе ја повтори препораката за преговори

„Македонија е подготвена да стане членка на НАТО и да ги почне пристапните преговорите со ЕУ, но останува условот за името. Земјата треба да покаже иницијатива и да продолжи да ја презентира својата вистина пред меѓународната заедница и особено пред земјите-членки Унијата и на Алијансата, бидејќи тие сакаат да видат дека е конструктивна и оти сака решение. Ова го истакнува Матеј Марн, политички директор во Министерството за надворешни работи на Словенија. Тој очекува и годинава ЕУ да ја повтори препораката за почнување на преговорите во извештајот што ќе се објави на 10 ноември. „Сепак, политичката одлука ќе се базира на прогресот во спорот за името“, вели Марн.

За тоа дали ЕУ би се вклучила како олеснувач во решавањето на грчко-македонскиот спор како во случајот со Словенија и со Хрватска, смета дека тоа е можно, но двете страни мора да дојдат до некаков договор барем за нешто и да побараат помош од Брисел.

„Не можам да коментирам за македонската надворешна политика во контекст на името, но, гледано однадвор и со дистанца, се чини дека на Македонија и' недостига иницијатива. Зачестените средби на високо ниво меѓу македонски и грчки претставници и директните разговори создадоа големи очекувања кај меѓународната заедница, но за време на летото немаше никакви информации. Доколку има тајни разговори, тоа е добро, но ако ништо не се случува, тоа е повторно пропуштена можност“, истакнува Марн. (МИА)


#
Статијата е прочитана 864 пати.

Испрати коментар

Од: ИМЕТО НЕ Е НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА
Датум: 03.10.2010 09:47:26
Името не е политика странски бирократи и домашни предавници. Кажете и на вашата членка значи вие ЕУ да се повлече од шовинистичкото барањее и ке нема проблем . Чекаме и ке истраеме мора да се повлечете вие.

Најди! во Утрински
Втора страница
Вработувањата под контрола на Владата
Збогум во здравството
Годинава ни „р“ од реформите
Вербатим
Ахмети оди да лобира во ЕУ






Pollution from Hungarian toxic sludge disaster spreads
Merkel to follow the Pope as honorary doctor at Romanian university
Macedonian name issue in a coma