Број 3397  сабота, 02 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Втора страница

Годинава ни „р“ од реформите

Во првите шест месеци реформи во земјава речиси и немало, оценува ЕУ

Тамара Грнчароска


Се' што направи Македонија во реформите направи во 2009 година, бидејќи не успеа тој тренд да го продолжи и во 2010 година, е оценка од ЕУ пред извештајот за прогресот на Македонија на 9 ноември. Иако европските претставници не сакаат да прејудицираат што ќе содржи тој, нагласуваат дека застојот нема да може да биде анулиран поради малото поместување од мртвата точка на реформите во последните два-три месеци.

Мало придвижување во реформите е констатирано во делот на политичкиот дијалог, со усвојувањето на Деловникот за работа на Собранието, но тоа тешко може да го надомести пропуштеното во првите шест месеци од оваа година кога реформи во земјава речиси и немало.

Ваквата порака на македонските власти им била пренесена од шефот на одделот за Македонија во Директоратот за проширување на ЕК, Кристијан Хедберг, кој во изминатите два дена имаше интензивни средби со претставниците на македонската Влада, пред се', со вицепремиерот задолжен за европски прашања, Васко Наумовски, и со премиерот Никола Груевски. Детали од средбите на Хедберг во Владата не можеа да се добијат, но неофицијално тој предочил оти 2010 година, целосно гледано, е ис��уштена шанса за правење исчекор на земјава кон ЕУ . „Се сакаше да се види прогрес, а не се' да се задржи на исто ниво како лани“, наведуваат дипломатски извори кои сакаат да останат анонимни.

Втората порака која стига од Брисел е дека Македонија од двата чекора на приближување кон ЕУ го има направено само првиот и полесниот, т.е. усогласувањето на законите. Вториот и потешкиот, имплементација на законите, се' уште не е реализиран.

Забелешките од ЕК за реформскиот процес и оваа година ќе се повторат за истите клучни области како и минатата година - политичкиот дијалог, судството, јавната администрација, енергетиката, недискриминацијата, а дополнително ќе се потенцира состојбата со медиумите. Политичкиот дијалог за изминатата година тешко дека ќе може да се спаси од негативните забелешки само поради неодамнешното усвојување на собранискиот Деловник, што според дипломатите требаше да се случи многу порано. Департизацијата и независноста на судството остануваат на списокот на незавршени работи, со порака дека мора да се преземат мерки за јакнење на неговата независност, особено со назначувањето на судиите.

Реформите во јавната администрација според европските претставници се круцијални за иднината на земјата, бидејќи тие ќе бидат носители на идниот процес на преговори со ЕУ, но и за спроведување на одлуките што ќе ги носи ЕУ. Токму администрацијата беше една од клучните теми на посетата од ЕК, пред се', поради привремените вработувања за кои Брисел во изминатава година бараше да бидат регулирани, т.е. да станат трајни, но не автоматски, туку со почитување на Законот за државни службеници. Забележан е недостаток во имплементацијата на законите за регрутирање на јавната администрација и за напредување на службениците во кариерата.

Напредок е забележан во реформите на полицијата, додека околу Законот за недискриминација Брисел не отстапува од тоа дека тој не е според европските стандарди и дека еден ден Владата ќе мора да направи амандмански измени.

Дипломатските извори наведуваат дека во изминатата година со големо внимание од ЕК се следела состојбата со медиумите во земјава, што ќе биде составен дел од извештајот. Особено се следела притоа транспарентноста околу сопственоста на медиумите, јакнењето и сигурноста на јавниот сервис, како и правото на новинарите слободно да ја вршат работата, да коментираат и критикуваат. (Т.Г.)


#
Статијата е прочитана 1324 пати.

Испрати коментар

Од: gavol
Датум: 02.10.2010 12:32:46
kakvi reformi kakvi bakraci, samo lagi, lagi i samo lagi, tolku samouvereno izleguvat politicarite od vlasta posebno ovoj Naumovski i govori "od suplo vo prazno" a ne mrdnal ni milimetar vo svojata rabota sto mu e dodelena, no covekot nema svoe jas, i dobro mu dovaga samo da zima plata dodeka e na vlast, a za drzavata i narodot za koj treba da raboti "bas go briga" i taka ima 1/3 siromasni vo ovaa siromaska zemja. Mladite begaat vo stranstvo, osven se razbira onie so kniski od vlasta koj do vcera nosea pampers peleni, no seto toa sto se pravi e edna cista demagogija od vlasta i nema svirka od niv vo odnos na podobruvanje na zivotot na graganite. Leb ni treba i miren zivot a ne da se plasime da zboreme, dali ke moze da si gi platime smetkite, pa odozgora i ni se zakanuvaat so sila, UJP,izvrsiteli, strav od policija, kazni, lekovi ne ni davat i taka sakat da ne ispocrkat i samo oni da ziveat "vecno" Covek koj nema custvo za nesto ednostavno toj e zver a ne covek. Nasekade "zverovi.

Најди! во Утрински
Втора страница
Вработувањата под контрола на Владата
Збогум во здравството
Вербатим
Ахмети оди да лобира во ЕУ
Брисел ќе ја повтори препораката за преговори






Pollution from Hungarian toxic sludge disaster spreads
Merkel to follow the Pope as honorary doctor at Romanian university
Macedonian name issue in a coma