Број 3397  сабота, 02 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Втора страница

Поглед

Збогум во здравството

Јасмина Јовановска

Дали оставката на вториот менаџер на Фондот за здравствено осигурување, Јанез Јелникар, значи уште една дамка за концептот двојно менаџирање во здравството? Ваквата дилема се наметнува особено што во внатрешноста на земјата Владата веќе ги укина вторите директори на здравствените установи. Официјално, објаснувањето беше за да се направат заштеди. Но, заминувањето на вториот фондовски директор во здравствените кругови се толкува како уште еден доказ за утнатото двојно директорување на здравствените установи.

Уште повеќе што неофицијални извори велат дека оставката на Јелникар му била изнудена откако уште пред два-три месеца Владата му се заблагодарила на неговата соработка. Но, се чекало натурализираниот Македонец да си најде место каде да се удоми по напуштање на директорската функција во Македонија. Во оставката на Јелникар официјалното објаснување е дека си заминува од семејни причини.

Од Фондот велат дека не се напушта концептот за втор директор и дека за неколку недели ќе биде распишан конкурс за втор директор, но со какви услови засега не се знае. На Владата, очигледно, тешко и' паѓа да си ја признае грешката со двојното директорување. А да не зборуваме колку тоа ја чини државата. Само менаџерскиот договор на Јелникар се зборува дека е околу 60.000 евра годишно.

Зарем, толку во нашата земја нема стручњаци, кои би работеле и за десеттина од платата на странскиот директор. А нашите стручњаци, можеби и нема да прават толку беља, како странците, кои пациентите ги чинат и пари и нерви. Домашните експерти, секако, повеќе ги знаат проблемите на сопствената земја од гостите. Па, сигурно нема да има игри околу квотите на аптеките колку државни лекови да набавуваат, а нема да има ни толку високи доплати за лекови.


#
Статијата е прочитана 1788 пати.

Испрати коментар

Од: Трпе
Датум: 02.10.2010 13:22:19
Јавното здравство ич не им е потребно на овие кои имат пари.Јавното здравство е за социјалата.Но кој им е виновен кога не се способни да прават пари.Тие кои не знат да прават пари,штетни се и за општеството.Така овие учеле со дипломите од вечерното училиште.За сиромавите е лек само лажниот патриотизам и помагање на другите да си ги полнат џебовите.
Од: Nobel
Датум: 02.10.2010 14:05:25
Nobelovecot Vvangel Bozinovski lekuva kaj spomenicite.Sto kje vi e drugo zdravstvo!
Од: valdez
Датум: 02.10.2010 18:52:56
Toj sto e bolen neka se provni pod lavovite na mostot . i ke mu pomini bolesta.

Најди! во Утрински
Втора страница
Вработувањата под контрола на Владата
Годинава ни „р“ од реформите
Вербатим
Ахмети оди да лобира во ЕУ
Брисел ќе ја повтори препораката за преговори






Pollution from Hungarian toxic sludge disaster spreads
Merkel to follow the Pope as honorary doctor at Romanian university
Macedonian name issue in a coma