Енциклопедија за ѕвездите и планетите
Книгоиздателството „Феникс“ во рамките на својата издавачка програма за деца и млади деновиве ја објави енциклопедијата „Ѕвезди и планети“, во која се содржани прашања и одговори за ѕвездите и планетите, астрономијата, научниците, опсерваториите, кометите, метеорите, галаксиите.
„Оваа значајна илустрирана книга, меѓу другото, нуди одговори и за тоа: дали на небото постои само едно сонце?; зошто планетите имаат облик на топка?; ќе можат ли луѓето да патуваат на планетите?; постојат ли Марсовци?; дали се раѓаат нови ѕвезди?; што е тоа вселена?; може ли да дојде до војна на ѕвездите?; што се тоа црни дупки?; Дали еден ден ќе ги запознаеме вонземјаните? и безброј други мистерии, загатки и тајни...“, вели Христо Петревски од „Феникс“. (Н.П.) |