Број 3425  сабота, 06 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Култура

Потребни се измени на Законот за употреба на македонскиот јазик

„Да се формираат тимови од врвни поединци што ќе подготват нови прирачници потребни за лекторите по македонски јазик и освежување на правописот“, предложи вчера професорот Томислав Треневски, шеф на Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. На вчерашната јавна расправа на тема „Македонскиот литературен јазик и неговата примена во јавната комуникација“ што се одржа во Собранието на Македонија, Треневски истакна дека овие прирачници треба да се направат за релативно кратко време, па потоа да им даде на сите засегнати во јавната комуникација за да имаат според што да се ориентираат. „Состојбата со македонскиот јазик е последица од повеќе паралелни фактори, а позицијата или улогата на јазичните редактори е малку да ја скротат таа дива стихија“, вели тој.

Според Треневски, Законот за употребата на македонскиот јазик треба да претрпи одредени измени и дополнувања, бидејќи, според одредени експертски мислења, тој е премногу декларативен и можеби неприменлив во одредени сегменти.

Ова мислење го дели и д-р Живко Цветковски, претседател на Комисијата за полагање лекторски испит и професор на Филолошкиот факултет. Според него, Законот треба да биде изменет во делот за тоа кој може да биде лектор. Професорот смета дека лекторите треба да бидат студенти што дипломирале со висок просек на студиите за македонски јазик. Од 1998 година, кога е формирана Комисијата, 300 дипломирани студенти го положиле лекторскиот испит.

Говорниците на расправата што ја организираше собраниската Комисија за култура сметаат дека во македонскиот јазик има наплив на странски зборови, не се почитуваат стандардите на јазикот, вклучувајќи го и акцентот, при што медиумите не водат сметка за тоа како го употребуваат. Многу од медиумите немаат лектори по македонски јазик, а нивните сопственици не се грижат за негово негување.

„Грешки се прават секогаш“, рече Цветковски и посочи на пример на оглас објавен во денешното издание на еден дневен весник, кој, како што вели, има тројца лектори. „А тоа е така затоа што огласите не поминуваат низ лектура. Тоа е работа за инспекторите од Министерството за култура“, укажувајќи дека институцијата што го објавила овој оглас, во кој има речиси 50 лекторски грешки, е Агенцијата за катастар на недвижен имот.

Бранка Станковска, пензионирана спикерка, истакна дека „ако Македонија се бори за името, а се бори, мора прво да го зачува нашиот јазик“. „Нема нација без јазик“, потсети таа.

На расправата учествуваа универзитетски професори, претставници од Институтот за македонски јазик, од Македонското радио, актери, студенти, претставници на медиумите...


#
Статијата е прочитана 601 пати.

Испрати коментар

Од: nikola g.
Датум: 07.11.2010 09:01:21
За жал, учеството на јавните медиуми, особено на телевизиските програми од Македонија, значително придонесуваат за неправилна употреба на македонскиот јазик, форсирајки чудни, буквално преведени странски изрази , како "имајте пријатен ден, ноќ", . ..( А1, Алфа, Канал 5...), презентерки со говорна маана кои гласовите "ж", "ч" и "ш" ги изговаараат на чуден неприроден начин, широко присутен во говорот на младите скопски брзозборки... нема реакции од надлежните институции!?

Најди! во Утрински
Култура
Балканското соѕвездие на Томе Серафимовски
Награда „Петре Прличко“ за Мето Јовановски
Нове Франговски изложува во Софија
Жарко Луковски
Енциклопедија за ѕвездите и планетите






Confusion over Hungarian private pension funds
Romania and Moldova sign historic border treaty
Albania is refused EU candidate status