Број 3425  сабота, 06 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Култура

Нове Франговски изложува во Софија

Во престижната галерија „Средец“ во Софија, во понеделник 8 ноември во 18 часот ќе биде отворена изложба на современиот македонски сликар Нове Франговски , во организација на тамошниот Културно-информативен центар на Македонија, во соработка со Националната галерија и Министерството за култура на Република Македонија.

Пред бугарската публика Нове Франговски за прв пат самостојно ќе се претстави со дела од различни периоди на своето творештво, а изложбата ќе ја отворат македонскиот заменик-министер за култура, Драган Недељковиќ и бугарскиот Димитар Дерелиев.

Самостојниот уметник Нове Франговски е роден во Галичник 1939 год. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности(оддел сликарство) во Белград, а специјализирал на Академијата за убави уметности во Рим, Италија. Во 1990 година ја оформил, и раководи со Интернационалната ликовна колонија – Галичник. Работи како самостоен уметник.Во земјата и странство досега се претставил со над дваесет самостојни изложби. Со свои дела учествувал на над 150 изложби во земјава, а изложувал и во Турција, Франција, САД, Велика Британија, Германија, Грција, Романија и др.

Повеќе пати е наградуван, а добитник е и на наградите: „25 години АСНОМ“, „Нерешки мајстори“ и „Никола Мартиноски“. (К.Б.)


#
Статијата е прочитана 470 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Балканското соѕвездие на Томе Серафимовски
Награда „Петре Прличко“ за Мето Јовановски
Потребни се измени на Законот за употреба на македонскиот јазик
Жарко Луковски
Енциклопедија за ѕвездите и планетите






Confusion over Hungarian private pension funds
Romania and Moldova sign historic border treaty
Albania is refused EU candidate status