Број 3425  сабота, 06 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Култура

Награда „Петре Прличко“ за Мето Јовановски

Актерот и режисер Мето Јовановски е добитник на наградата „Петре Прличко“ за 2010 година. „Наградата на Јовановски му се доделува за неговото четиридецениско творештво и блескава актерска кариера, која го вбројува во еден од водечките драмски уметници, не само во земјава туку и во поширокиот балкански регион“, образложи жирито, составено од луѓе од театарската сцена:Јордан Витанов, Васил Зафирчев и Виолета Џолева. „Јовановски е драмски уметник со исклучителен талент и сензибилитет со необично богата и еруптивна актерска природа и вонсериско актерско присуство. Тој е сестрано креативна личност која се изразува во сите домени на театарското творештво со изграден и дефиниран творечки профил. Неговата игра секогаш има некоја посебна тежина и длабочина а секое негово остварување е синоним на голем занает и исклучителен талент“, рече Зафичев.

Актерот Јовановски на вчерашната средба со новинарите истакна дека „е почестен од наградата именувана по Прличко од кого, како што рече, актерот треба да учи за својата професија. Навистина е чест да добиеш едно такво признание, еден од нашите великани, доајенот Петре Прличко кој го сметам како апсолутен бисер во тој мозаик на македонското глумиште. Бисер затоа што беше апсолутно автентичен, наш македонски автентичен актер, роден во Велес во време кога се играла претстава за да се преживее една ноќ. За мене тој е ретка и возбудлива личност, патоказ во колективната меморија на македонскиот народ и пример каква треба да биде посветеноста на актерот кон својата професија“.

Мето Јовановски има одиграно голем број улоги во театарски претстави, но и филмски ролји. Тој говореше за заедничката работа со Прличко во серијата „Комедијанти“, за искуствата во претставите на Чехов и на филмското платно: во незаборавните „Среќна нова 49“ и „Тетовирање“. Нагласи дека секоја од улогите за него е драгоцена и посебна.

Наградата „Петре Прличко“ е востановена во 2006 година на иницијатива на Општина Велес, Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов–Џинот“-Велес и Здружението на драмски уметници на Република Македонија „Џинот“. Наградата на Јовановски ќе му биде врачена на 9 ноември во рамки на одбележувањето на Денот на Општина Велес кога во негова чест Велешкиот театар ќе ја одигра претставата „Баханалии“. (К.Р.)


#
Статијата е прочитана 485 пати.

Испрати коментар

Од: makedonka
Датум: 06.11.2010 12:56:14
zasluzeno! cestitki
Од: Зафир Хаџиманов
Датум: 08.11.2010 07:34:43
Meto,drag prijatele,od srce ti cestitam!

Најди! во Утрински
Култура
Балканското соѕвездие на Томе Серафимовски
Потребни се измени на Законот за употреба на македонскиот јазик
Нове Франговски изложува во Софија
Жарко Луковски
Енциклопедија за ѕвездите и планетите






Confusion over Hungarian private pension funds
Romania and Moldova sign historic border treaty
Albania is refused EU candidate status