Со електронска распределба денеска ќе се доделат шеесетина станови за млади брачни парови што ги изгради Јавното станбено претпријатие во Ново Лисиче. Министерот Миле Јанакиески вчера информираше дека 210 млади брачни двојки доставиле апликации за становите што се продаваат по повластени цени. Државата ќе распредели 56 стана од вториот оглас на Министерството за транспорт и четири од првиот.
„Има голем интерес, односно 3,5 апликанти за еден стан. Очекувам сите што заслужуваат да добијат стан. Во иднина продолжуваме да ја реализираме Програмата за изградба на станови“, изјави вчера Јанакиески и најави дека на локацијата на постојните општински бараки на Бутел идната година ќе се гради најголемата зграда со социјални станови, со вкупно 350 стана. (Дс.Т.)
A, istovremeno da pocnea da gradat i gradinka i skolo do tie zgradi? Se ocekuva mladi bracni parovi da narodat decinja. E, togas, bez nikakva infrastruktura za poddrska nastanuva preopteretuvanje na okolnite gradinki, pa site deca ispashtaat. Radi tie stanovi vo Novo Lisice, moeto dete vo Aerodrom treba vo jasli da go pratam so 30 drugi deca, po prv pat. I ne mi vredi sto sega duri pocnala da se gradi tamu. Barem vo Butel da pocnat na vreme.