Број 3374  петок, 03 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин








Site Meter
Скопје

ДУП „Стара железничка“ не смее да ја наруши работата на Музејот

Градоначалникот Трајановски нема да дозволи зафати што би го нарушиле изгледот на заштитениот објект

Сања Наумовска

Пристап до Музејот на Град Скопје, задржување на потребните услови за работа, големината и функционалноста на депото, како и автентичноста на околината, се услови што мора да се испочитуваат при реализацијата на Деталниот урбанистички план „Стара железничка станица“. Според одговорните во градскиот Музеј, институцијата, која чува и изложува многу вредни предмети, не смее да не биде консултирана при какви било промени на зградата во која веќе неколку децении успешно функционира.

И Градот Скопје нема да дозволи зафати што би го нарушиле изгледот на заштитениот објект. Според градоначалникот Коце Трајановски, градската власт дала согласност за ДУП „Стара железничка станица“, бидејќи смета дека во него нема ништо спорно. Сепак, Трајановски е подготвен да интервенира со можностите што му се на располагање доколку се наруши автентичноста на објектот и на околината.

„Според моите сознанија, ДУП-от не предвидува ништо спорно во врска со заштитената зграда на старата железничка станица. Градот Скопје, согласно со законите, дава одобренија на плановите и овој план помина без забелешки. Сепак, доколку во текот на реализацијата се случат непредвидени ситуации, Градот, секако, ќе интервенира“, рече Трајановски.

Зголемувањето на фреквенцијата на луѓе што ќе ја предизвика изградбата на деловни објекти во околината е предност кон која, според музејските работници, се стремат сите музеи во светот. Но, сепак, ниту една изградба не смее да значи дека Музејот ќе биде ставен во подредена положба или, пак, ќе му бидат нарушени условите за работа.

„Убеден сум дека пред што било да почне да се гради во околината на Музејот, ќе бидеме консултирани како институција. Условите во кои се работи се, секако, несоодветни и за изложување и за чување на вредните предмети, но Музејот добро функционира. Сепак, нашите потреби се специфични и прецизни и мора да се почитуваат“, вели директорот на Музејот на Град Скопје, Јован Шурбановски.

Тој потенцираше дека во досегашниот тек на донесувањето на ДУП „Стара железничка станица“ не е запознат со деталите на планот ниту, пак, со тоа што тој предвидува за оваа институција. Според него, прашањето што ќе се случува со остатокот од зградата на Старата железничка станица не е директно прашање на Музејот се' додека не го загрозува неговото нормално функционирање.


#
Статијата е прочитана 761 пати.

Испрати коментар

Од: skopjanec
Датум: 03.09.2010 11:13:33
Muzej pa sto e toa. Vazno ni se partıskıte zakoni na vlasta.. Koj Skopje ke go napravija ''urnebes''salata.

Најди! во Утрински
Скопје
Камен-темелник за нова зграда на Општина Бутел
Огромен интерес за становите за млади
Бесплатни слободни за студенти
Нов конкурс за управна зграда






No-confidence vote in Kosovo government leads to snap elections
Serbian president on historic visit to Croatia
Bulgaria least competitive country in the EU