Број 3374  петок, 03 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Скопје

Нов конкурс за управна зграда

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ ќе го повтори конкурсо�� за избор на идејно решение за планираниот нов административен објект. Иако на повикот биле подигнати 18 тендерски документации, до крајниот рок за достава на понудите имало само две и од нив не е избрана ниту една. Сашо Лазаровски, директор на претпријатието, информира дека ниту едно од двете идејни решенија не ги исполнувало бараните услови во целост.

„Поради тоа ќе го повториме јавниот повик и се надеваме дека во вториот обид ќе одбереме соодветно идејно решение. Сметаме дека првата објава не се покажа како успешна, бидејќи конкурсот го распишавме можеби во несоодветен период, за време на летните одмори, па авторите имаа краток рок за изготвување на идејните решенија“, вели Лазаровски.

Идејата на ЈП е да изгради нова управна зграда, која, како што велат надлежните, им е повеќе од потребна поради несоодветните услови за работа во постојните бараки по Кале. (Дс.Т.)


#
Статијата е прочитана 567 пати.

Испрати коментар

Од: Od mene
Датум: 03.09.2010 00:50:44
Кој ке се јави кога бараат ротонда во барок? Малоумност!

Најди! во Утрински
Скопје
ДУП „Стара железничка“ не смее да ја наруши работата на Музејот
Камен-темелник за нова зграда на Општина Бутел
Огромен интерес за становите за млади
Бесплатни слободни за студенти