Загриженост поради заканите врз СОНК
Притисоците и сето она што се случуваше со штрајкот во образованието, науката и културата, организиран од СОНК, се ново непријатно изненадување од страна на актуелната власт, забележува Хелсиншкиот комитетот за човекови права во најновиот извештај. Хелсиншки оценува и дека неодамнешната закана на министерот за правда, Михајло Маневски, со санкции за судиите и обвинителите кои имаат заостанати предмети е уште еден негов „лапсус“. Во последниот извештај Хелсиншки забележува и дека недостигот од цитостатици е недозволив и ја потсетува Клиниката за онкологија на должноста на пациентите да им обезбеди право на достапност на здравствените услуги.
„Она што најмногу загрижува во последниот штрајк на СОНК беше широкиот спектар закани на сите нивоа, со цел штрајкот веднаш да сопре“, оценува во извештајот Хелсиншки.
„Комитетот му дава поддршка на СОНК во настојувањето 15 најагилни директори на училишта во напорите за спречување на штрајкот да бидат сменети, како и во поднесувањето кривични пријави за повреда на право на штрајк“, се вели во извештајот.
Изјавата на министерот за правда, Михајло Маневски, на средбата со претседателите на судовите и судиите на Врховниот суд, одржана минатиот месец, во која тој се закани дека одговорноста за нерешените предмети ќе ја имаат судиите и претседателите на судовите.
„За жал, тоа не беше првиот лапсус на министерот, кој често ветува дека Судскиот совет, каде што е и тој член, ќе санкционира судии од чија работа не е задоволен. (Св.У.) |