Број 2866  петок, 19 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Политика

Италијанскиот амбасадор прогласен за почесен доктор на ДУТ

Лидерите на ДУИ и на ДПА, Ахмети и Тачи, седеа во првиот ред

ТЕТОВО - Амбасадорот на Италија, Силвано Петрола, прогласен е за почесен доктор на науки на Државниот универзитет во Тетово. Ова се случи на свечената академија на ДУТ што се одржа по повод 14 години од основањето.

„Универзитетот е законски признат пред четири години, а во својата работа има забележано големи резултати. Годинава постигна целосна консолидација и од законска гледна точка и во подигање на квалитетот на наставно-научниот процес. За сите професори и специјалисти вратите на ДУТ постојано се отворени“, рече во своето обраќање ректорот Сади Беџети.

Тој нагласи дека во рамките на ДУТ се акредитирани 11 факултети, а од оваа академска година со 300 студенти се почнати студии од вториот циклус. Сади Беџети вети дека ДУТ ќе се залага за создавање нови вредносни системи во образованието и науката, кои претставуваат перспектива за новите генерации. Лидерите на ДУИ, Али Ахмети, и на ДПА, Мендух Тачи, беа во првиот ред во големата сала на Домот на културата „Иљо Антески-Смок“. Впечатливо беше што нивното влегување беше во различно време и од различни страни. Изостана нивниот меѓусебен поздрав, а нивните седишта беа „раздвоени“ со други тројца гости. Во редоследот на поздравувањето, Сади Беџети првин го претстави лидерот на ДПА, а потоа на ДУИ.


Статијата е прочитана 285 пати.

Испрати коментар

Од: Jan
Датум: 19.12.2008 00:42:58
Donatino Markon e ambasador na italija vo R.M dali gresi sajtot na ambasadata,ili vasiot novinar?
Од: ZAPADNA
Датум: 19.12.2008 09:53:32
Предлагам на Италијанската Амбасада да го тужи вице премиерот на РМ Ивица Боцески дека на ден 18.12.2оо8.година,направи невиден плагијат на канцоната ПАРОЛЕ,ПАРОЛЕ....нарекувајжи е Француска шансона...Позз. до Амбасадата на Италија....ПС...може да се каже и фалсификат....

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Кој ќе ја плати патриотската грешка
Трговците не знаат што да прават со касите
Груевски побара од граѓаните трпение за подобар живот
Јавноста информирана, но не и упатена во евроинтеграциите
Идната среда ќе се расправа за буџетот
Загриженост поради заканите врз СОНК