Број 2866  петок, 19 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Политика

Кој ќе ја плати патриотската грешка

Ако Владата почне да обесштетува, ќе мора да им врати 5 милиони евра на околу 55.000 трговци

Александрија Стевковска

За десетина работни дена престануваат да важат патриотските фискални сметки. Оваа промена произлегува по завчерашната одлука на Уставниот суд, кој оцени дека патриотските фискални сметки се неуставни, укинувајќи неколку одредби од правилникот според кој производите од македонско и од странско потекло требаше да се регистрираат одвоено. Тоа значи дека сите даночни обврзници кои направија надградба на софтверите на своите фискални апарати, заради регистрирање на купувањето домашни производи, ќе треба да ја отстранат надградбата, што ќе претставува трошок, за кој се' уште не се знае кој ќе го сноси. Во практика тоа значи дека на фискалните сметки не смее да има ниту регистриран промет со домашни производи ниту, пак, логото „Купувајте македонски производи“ и познатото сонце. Овие дејства стануваат задолжителни со одлуката за Уставен суд за укинување на патриотските сметки, која за неколку дена ќе биде објавена во „Службен весник“, по што ќе стапи во сила. Трговците се во паника. Тие не знаат дали самите ќе треба повторно да го платат враќањето на старите софтвери на фискалните апарати за да нема регистрирање на промет со македонски производи. Експертите, пак, предупредуваат дека Владата мора да го плати трошокот на враќање на старо, иако трговците секако се оштетени.

„Трговците еднаш го платија вградувањето на новиот софтвер и укинувањето на патриотските сметки ќе значи наметнување на потребата за враќање на работите на старо, што ќе значи повторен трошок. Ако државата го наплати новиот трошок, тоа не значи дека  трговците ќе бидат обесштетени за веќе еднаш платена услуга на операторите со фискални каси. Ако, пак, Владата го плати новиот трошок и ги обесштети трговците, тоа ќе биде двојна исплата за една лоша владина одлука“, велат правните експерти.

Уставниот суд, кој ги укина патриотските фискални сметки, не се наоѓа за надлежен за одлучување кој ќе треба да го сноси финансискиот трошок од имплементацијата на Правилникот што ги воведе патриотските фискални сметки и сега неговото укинување.

„Со укинување одредби од Правилникот, се губи правната основа која наметнува обврска во фискалните сметки да се издвојува купувањето на македонските производи, бидејќи се создава нерамноправна ситуација на пазарот и нееднаквост меѓу субјектите“, вели портпаролот на Уставен суд Југослав Миленковски.

Според него, одлуката за укинување одредби дејствува дисперзирано на сите страни, а не само на доносителот на Правилникот, но правото важи за сите. За Уставниот суд, ако е неопходно, на сметката да го нема регистрирањето на домашните производи и логото со сонце, тоа нужно ќе има последици. „Трошоците ќе мора некој да ги плати“, додава Миленковски.

Според правни експерти, во случај да е направена штета од воведувањето на патриотските сметки, како што е издатокот за вградување патриотскиот софтвер, таа треба да ја плати доносителот на Правилникот, во овој случај Владата.

„Трговците, доколку Владата не ги намири трошоците настанати од воведување и укинување на патриотските фискални сметки, можат во граѓански спор да ја тужат државата и да бидат обесштетени“, вели професорот од Правниот факултет Саво Климовски.

Според некои пресметки, ако Владата почне да обесштетува, ќе мора на околу 55.000 трговци да им врати околу 5 милиона евра, кои ги испумпа од нив под закана за казни од 4.000 до 5.000 евра, за непоседување нови софтвери. Ако им ги врати Владата овие пари на трговците, ќе треба да издвои уште толку за да бидат тргнати патриотските софтвери.

Владата, пак, информира дека нема добиено официјално известување од Уставниот суд за одлуката за неуставноста на „патриотските“ каси. Министерот за финансии Трајко Славески лично смета дека тоа може да има последици.

„Од медиумите разбравме дека се укинати некои одредби од Законот за регистрирање готовинско плаќање, официјално не сме известени, ниту Уставниот суд ја има објавено таа одлука“, изјави вчера Славески.

Тој посочи дека одлуките од највисоките инстанции се многу суптилни и затоа Министерството за финансии ќе почека да ја види одлуката, па ќе го каже ставот. Славески не можеше да одговори на прашањето дали ќе им бидат вратени парите на фирмите што ги потрошија за надградување на фискалните апарати и изјави дека Владата засега нема став околу тоа прашање. „Фирмите потрошија по околу 200 евра, но и онака повеќето од нив имаа стари апарати и требаа да ги заменат“, рече Славески.

Славески рече дека за укинување на идентификување на прометот со производи од домашно потекло, Уставниот суд се повикал на член 49 за слобода на пазарот и претприемаштвото.

„Секако дека треба да се цени одлуката на Уставниот суд, а таа во иднина ќе влијае на слободата на пазарот и претприемаштвото. Лично, како економист, сметам дека ова може да има далекусежни последици врз сите субјекти“, вели Славески. Според него, Владата ги вовела „патриотските сметки“ затоа што во одреден момент проценила дека таа одлука е во општ интерес за сите граѓани.

На забелешките како Владата си дозволила да донесе една неуставна одлука и зошто не консултирала експерти, Славески рече дека Владата не ја донела одлуката, туку парламентот, а Владата консултирала експерти кои укажале дека одлуката е в ред. „Уставниот суд и досега укинувал многу одлуки на многу влади, ова не е прв пат“, рече Славески.

Опозицијата, пак, демантира дека Собранието дало зелено светло за патриотските фискални сметки, прецизирајќи дека се работи исклучиво за владина одлука од почетокот на годинава. Тоа го потврдува и самиот правилник на кој стои дека го донесува Министерството за финансии, врз основа на член 10, став 2 и член 19 од Законот за регистрирање готовинско плаќање.

ВМРО-ДПМНЕ вчера обвини дека поради влијанието што го има претседателот Бранко Црвенковски врз Уставниот суд, паднал проектот на Владата за патриотските фискални сметки.

„Токму преку Уставниот суд, Бранко Црвенковски ги руши сите позитивни проекти на Владата на Република Македонија, преземени од други земји и направени во консултација со странски експерти и стручњаци“, изјави портпаролот на партијата Александар Бичиклиски. Концептот за патриотските фискални сметки, додаде тој, го има прифатено Република Ирска, членка на Европската унија, која е позната во светот по своите успеси токму со овој концепт.

На оваа реагираа од Кабинетот на претседателот. „Наместо денеска владејачката партија и Владата да кажат кој ќе поднесе одговорност за оваа пропадната мерка, која и покрај сите предупредувања Владата ја спроведе, како и да објаснат кој ќе ги обесштети фирмите што ги набавија патриотските фискални сметки, владејачката партија излегува со небулозни тврдења. Ова е уште еден доказ дека Владата и клучната партија во неа наместо да промовираат почитување на институциите на системот, се јавуваат како нивни уривачи“, реагираат од Кабинетот на Црвенковски, а СДСМ ја обвини ВМРО-ДПМНЕ за притисок врз судството.

Во ова издание и:

Трговците не знаат што да прават со касите


#
Статијата е прочитана 2168 пати.

Испрати коментар

Од: jelena
Датум: 19.12.2008 00:25:59
Pocituvani gragani (trgovci) Sega trgovcite treba da se soberat site zaedno i kako sto grcite strajkuvaa, taka da trgovcite gi zapalat avtomobilite i da ja zapalat ovaa vlada, zatoa po koj pat go osteti narodot, a nekoj vo ministerstvoto narkoman mu teknalo da stava softver so makedonski artikli, vsusnost toj narkoman si gi podelil tie 5 milioni evra so VMRO-vcite. Jas ke podnesam tuzba do strazburg i ednas za naveka da zapametat deka ne treba da si igraat so narodot. Moe mislenje e deka treba site trgovci da gi frlat kasite pred ministerstvoto, pred vladata i da si rabotat bes fiskalni kasi se dodeka vladata ne im gi vrati po staro i ne im gi vrati parite za makedonskiot softver. Uzivajte so ovaa vlada ke ve donese na prosjacki stap. VERUVAJTE ILI NE toa e Vase pravo.
Од: predavnik
Датум: 19.12.2008 00:30:16
patriotskite smetki bea vrv na vmrovska glupost. za da sezbogati edna vmrovska firma, 55 iljadi trgovci (pa duri i zabari, frizerki) moraa da platat za softver, mesti da im olesni drzavata taa gi susi i proizveduva siromastija poveke. zborot patriotizam dobi majtap-konotacija posle ovaa glupa merka. najmnogu iritira presot na onaa spodoba bicikliski koj go ispljuka ustavniot sud, a samo pred nekoj den koga bese suden buchkovski kaza deka sudskite odluki ne se komentiraat. irska ja dava za primer, pa vo irska mozda taa merka e vo sklad so ustavot, kaj nas ne e. vtoro, vo irska sigurna sum frizerkite ne treba da imaat "frizuri patriotski na meni". najgadna bese bumbarkata koja se vkluci ko po obicaj vo poddrshka na vmrovskite stavovi za ustavniot sud
Од: od tetova
Датум: 19.12.2008 00:38:10
oojjs ..a gde mu je moja partijotska fiskalj ljenta?.ma treba da mu ima i so arnaut proizvod u smetaljica. da mu vidim i ja dalji mu kupim proizvod iz tetove ilji ? i ja mu trazim ondak patrijot smetka da mu ima u makedoni
Од: trpe original
Датум: 19.12.2008 01:24:22
Dva teksta, ista sodrzina. Ama ima i tret tekst, izjava na gospodinot Bicikliski od DPMNE za rolata na Pretsedatelot na Drzavata so vlijanie na Ustavniot sud. Povrzuvajki gi site tri teksta, mozam da zaklucam (bez vlijanie na vlasta) deka vlasta e von pamet. Decista se igraaat so iljadnici gragjani. Prvo gi pritiskaat so maksimalni kazni da modificiraat fiskalni smetki (i pokraj negativnite predupreduvanja), a sega, neznaat sto da pravat. Prvo, ministerot za finansii (sto mu se trese bradata) da si dade ostavka. Ministerot za ekonomija isto taka. Osteta za trgovcite da se isplati (site da tuzat) od parite na onie koi ja donesoa odlukata a ne od parite na gragjanite. Prepravkata na fiskalnite smetki da odi na trosok na onoj sto ja donel (Vladata) a ne na smetka na gragjanite na RM. I, krem na ovaa torta e izjavata na eden politicar: koj da ja plati smetkata, odgovara: onoj sto i do sega plakal! E, taka ne biva.
Од: St.Patrik
Датум: 19.12.2008 02:16:52
Profesore, moe mislenje e deka vreme e da si dadete ostavka od funkcijata minister. Koj eksperti vladata gi konsultirase, koga site reakcii bea protiv voveduvanjeto na ovaj arach? Profesore, TVOETO ministerstvo donese odluka za voveduvanje na patriotskite smetki. Prof. ovaj glupav narod ke ja plati ovaa tvoja greska..te molam odi si pred da ne dozakopas
Од: pravda
Датум: 19.12.2008 02:18:15
ne e tocno deka ovaa merka e prevzemena od drugi drzavi,naprotiv i Hrvatska koga sakase da vovede vakva fiskalna smetka bese opomenata od Brisel deka toa ne e vo soglasnost so evropskite kriteriumi.Ne znam od kogo vladata gi prevzela ovie pozitivni zakonski propisi,verojatno od Svazilend
Од: Gotovo e
Датум: 19.12.2008 03:59:32
Ako cekame deca da ni ja vodat drzavata i da se reklamiraat so nasi pari,propadnavme luge,,, mora da se izleze samoinicijativno pred vlada ,sega e moment bez politicka partija ,mora da se vidi deka lugeto stanaa prosjaci so ovaa politika, volku nenasitni do sega nemalo i ke nema,,, ne se samo fiskalnite ,,, i za alkoholot stavia licenci a i za toa da gi tuzese nekoj ke padnea pred ustaven sud, ama ocigledno mislat deka nie postenite luge sto plakame sme ovci za strizenje,, taka ke bide se dodeka ne izlezeme kako vo grcija na protesti i ne ja zapalime ovaa gradinka da ne kazam vlada
Од: Ova ne e greska ova e smislen LOPOVLUK
Датум: 19.12.2008 05:42:10
Uaaaa.... VMROVSKI LOPOVI go unistivte Makedonskiot narod. Ete od kaj vi se parite za onie silni reklami po site televizii. Uaaaaa..... bednici prokleti IZRODI MAKEDONSKI. Se utepavte kradejki unistivte SVE sto e Makedonsko i SVE kaj sto vasa noga stapna a se skapavte falejki bozem drzavata odela napred. Apsite presuduvate a so toa go zamajuvate narodot za polesno da kradete. Narode NE SMEEME ova da im go prostime. Ova e samo pocetokot na nivnite (namerni za da kradat) greski. Site nivni greski naskoro ke gi vidime i seto toa ke udri na nas grb. A onaa NAKAZA Bicikliski ima uste obraz da go napaga Branko i da kazuva prikaski deka ova bilo maslo na Branko. Puuu.... LOPOVI BEDNICI za sekoja nivna krazba ili greska Branko im e kriv. Go otekoa narodot so takvi zeleni BEDNI IZJAVI. Kaj ke odat sega, kaj ke begaat???? Abe narode so kasite pa u glava. Da ne dozvolime takvi NAKAZI da ne LAZAT i KRADAT. Do koga ke ja trpime ovaa VMROVSKA TIRANIJA???!!!!!
Од: nacional pPANASONIC
Датум: 19.12.2008 07:04:41
Ова е ујдурма на владата. Пак ќе собираат пари за локалните избори со вградуваање на нов софтвер. Патриотските беа измислени пред предвремените избори. Значи уиставниот суд работи под налог на ВМРО на под налог на Бранко.
Од: Kiril
Датум: 19.12.2008 07:22:03
Данокот од 1,5% со ретроактивно дејство им падна - но пари не вратија. Исто ќе биде и сега!
Од: patriot
Датум: 19.12.2008 07:31:17
A so ke ke ispadne ako pak vlaata ( cititam precedniko) im gi vrati parite, a togas so ke se pisuva. More najdorbo e i da se ukinat uopste fiskalnite smetki, neli SDSM a, kao u vase vreme bashibuzuk, koj so saka pravi.
Од: Katerina
Датум: 19.12.2008 07:43:33
samo pred nekoj den(koga sudot go proglasi Buckovski za vinoven, ovaa vlada se pofali deka go pocituva, ne se mesa i ne komentira odluki na sudot.sudstvoto e nezavisno,tropaa na golema vrata.e,sega koga vrhovniot sud ja ponisti vladinata ekskurzija so patriotskite smetki odednas sudot stana zavisen,pod kontrola na pretsedatelot.gi menuvaat stavovite kako corapite,komu kako mu odgovara. smesno.patriotskite fiskalni bea najgolema glupost, nepotrebno trosenje vreme,nervi i pari na trgovcite.
Од: stole
Датум: 19.12.2008 07:58:19
koja vlada da vraka pari za "patriorskite" go slusnavte li ministerot za finansii (jakiot profesor) prv pat slusa za niv kako da padnal od musmula, a pred da se uvedat po celi denovi samo toa go verglase i go opravduvase nivnoto uveduvanje.kako ne mu e sram na "profesorot-minister"pametot mue samo da obezbedi pari za da si go reklamira vodacot-grujo
Од: Archelay
Датум: 19.12.2008 08:02:07
Ovie sudii ne e jasno koi se i vo koja drzava ziveat.Nivniot poteg e kosmopolitski i im odi vo prilog na stranskite firmi a nasive-neka gi snema.Ete toa go baraat i nasite komsii i Zapadot.Sega bi vo red platite na tie sudii da se na nivo na prosekot na paricnata masa sto se sozdava od makedonskite proizvoditeli pa da vidat zosto e svesta potrebna.
Од: Трајче
Датум: 19.12.2008 08:06:12
Народот!Сето тоа народот ќе го позлати!
Од: zabegan
Датум: 19.12.2008 08:10:51
BUCKO go krivat za delovi za tenkovite od 2,5 milioni eura. a za ova placka od preku 5 miloncina aj da videme koj ke bide priveden. se raboti za duplo povece.
Од: Prof.Dusko
Датум: 19.12.2008 08:17:08
Ako e pravna drzava treba sega da se pojavi javnoto obvinitel ne da bega,Ministrite ne se merodavni da kazuvat i objasnuvat.E sega nema da vleguvam vo recnikot na polit.partii koj e kriv bidejki ova e golema rabota za trosok,ako nekoj bara 100.000 evraod eden prof osteta togas trgovcite treba da barat mnogu poveke.Nema da go spomnuvam bivsiot Premier koj sega e osuden za 2.ipo miljoni evra steta,ova e pogolema steta e sega na Biciklicki ne mu e po merka sudot ustaven.Ministrite se platenici da rabotat ispravno a ne da generirat krizi,nema ovoj e kriv toj e treba Obvinitelstvoto da presudi.min.Besimi isto treba da odgvara tri meseca da ne dade plata zaradi lepacite na Dui za izborite deka se protiv zakoniti unapreduvanjata tova e idiotizam od eden vladin fukcioner za besimi mislam.,koj ke gi plati kamatite za site troskovi stoi gi napravi no edno ke kazam tesko i gorko na Mak.narod so vakvi salabajzeri
Од: Трпеt
Датум: 19.12.2008 08:36:37
Се знае,патриотските грешки мора да ги платат патриотите овие кои се чукат во гради дека се патриоти а се држат за својот џеб.Идат избори ,секој треба да свати кој прави грешка врз грешка со своето знаенње.А наш Трајко нема чуено за патриотски каси ама како способен професор и послушник на премиерот има чуено за патриотски фискални сметки.
Од: pance
Датум: 19.12.2008 08:39:53
So kogo si imate rabota trgovci i ostanatite.Samo ako nekoj se osmeli da si gi povrati parite za ociglednata greska na ministerstvoto za finansii,ne ce moze cela 2009god da se spasi od zednite inspekcii na doticnoto ministerstvo.Zatova pamet u glava!
Од: makedonec-ISTOCEN
Датум: 19.12.2008 08:50:14
Luge sto drugo moze i da se ocekuva od tie KRIMINALCI nepismeni-uceni nedouceni, i jas sum eden koj ima plateno za taa NIVNA patriotska smetka i don den denesen uste nemam dobieno fra-znaci cist kriminal, ne mozele da ja izgotvat, ne sum bil samo jas, za tie kriminalci treba sega site fiskalni aparati pred vladata, pred onoj NENORMALNIOT minister po KRIMINAL-slavevski.
Од: Goran
Датум: 19.12.2008 08:59:16
Трговците не се потрошија баш - изјава на Министер за Финансии, секоја чест, а и универзитетски професор. Навистина изгледа и на Груевски не му е лесно да состави влада...
Од: Ivan
Датум: 19.12.2008 09:03:38
Dali nekoj videl da se sisaat lavovi???? Samo ovcite gi sisaat!!!
Од: andrej
Датум: 19.12.2008 09:07:20
Parite otidoa za kampanjata na DPMNE!!sega ke odat za lokalnite izbori!!!e toa vi e prerodbata!!!
Од: Makedonec PATRIOT
Датум: 19.12.2008 09:42:05
Ovaa ujdurma se vika PARTISKA SMETKA ane patriotska.Gospodine ministre, ekspertite sto gi konsultiravre mi se cini i tie znaat kolku tebe pa zatoa padnavte vo ovaa kahsa.Tocno e one shto go kazuva pogore gospodinot deka Hrvatska beshe opomenata od Evropa itoa nego sprovede.Gospodine Bicikliski po se izgleda se ushte si vo pubertet i mislam deka nikogash nema da sozdreesh kako i ostanatite od VMRO site ste nedonoseni.gospodine ministe za finansii mnogu ste providen.
Од: ристов Никола
Датум: 19.12.2008 09:55:46
А бе ова е уште една од детските глупости на пилиштариве предводени од Глујчо. Те рецепти у боја ќе им паднат, те патриотски каси ќе им се укинат како државата да е улица на која може да се “какаат“ недоквакани. Срамно е за Македонија. Море Глујчо ај оди си доста ни е од твоите глупости светот ни е смее.
Од: mk
Датум: 19.12.2008 10:14:02
Najmalku sto mozat sega da napravat e Ministerot za finansii da si podnese ostavka zatoa sto nekogo osteti 5 milioni evra.
Од: Vase
Датум: 19.12.2008 10:18:08
Slavevski e drvo.Neznam koj mu dozvolil da bide profesor no znam kako stanal minister.Covekot e beda.Podprosecen,zabegan.Toj e smesen lugje.A vo isto vreme e minister na najvaznata funkcija vo ovie krizni vreminja.Tesko na nas so takvi maloumnici.Sekoj den pogolema glupost.A toj Bicikliski ne vredi da se spomenuva.Toj e neviden izrod.Mislam deka e tolku antipaticen sto duri i negovite ne go sakaat!!!!!Tesko na Makedonija!!!!
Од: do koga
Датум: 19.12.2008 10:31:30
Spored onoj mizeren Bicikliski za ova krivi se site:ustaven sud,Pretsedatelot,stranski sluzbi,marsovci,grci i t.n.samo vladata ne e vinovna.Kakva mizerija od covek,kakva mizerna partija.Mu doadja na covek da povrati od vakvi izjavi.
Од: Igor
Датум: 19.12.2008 10:34:41
Vladata MORA da si gi snosi trosocite vo celost i za prvata promena na softverot i sega. A ako ne togas treba nieden trgovec povtorno da menuva softver, pa ako mozat neka gi iznesat site na sud.
Од: predavkik uste eden a ke ne ima mnogu poveke
Датум: 19.12.2008 11:13:17
Do Trgovcite ako vladata donositelot na neustavniot pravilnik ne vi gi vrati parite za neosnovanoto vgrdauvawe na sistemot i ne vo go plati doveduvaweto vo prethodnata sostojba na istiot . Na sud so tu`bi protiv M za finansii i RMakedonija ke si gi barate parite nazadpo osnov na steta. Konsultirajte advokati i barajte gi svoite prava. Pozdrav
Од: ivan
Датум: 19.12.2008 11:46:02
Dosta veke komunjari, zarem ne gledate deka ova e maslo na Crvenkovski, Bakojani,dedo Mraz vo kolaboracija so marsovcite, se so cel da mu nastetat na rejtingot na vmro. Citajte vecer, gledajte samo sitel i site problemi ke isceznat. A za vistinata odgovorni se samo Bicikliski i Latas a ne vie. Pa na kogo ke mu veruvate na VMRO ili na svoite oci.
Од: trgovec
Датум: 19.12.2008 11:50:26
Ne brzajte, mozda grujo sega ke prodade nekoj od stanovite na majka mu i ke gi obesteti trgovcite.Vo normalna drzava so normalna vlada da , no kaj nas so ovie aramii nikogas
Од: Кичево
Датум: 19.12.2008 12:14:06
Уште една смислена работа на Владата, а кој ќе плати се знае народот. Но се додека им веруваме нека стрижат. Не е ова прв пат да донесат закон па да го повлечат. Истото само во подруга верзија го прават и со ваучерите за апсолвентите. Сето тоа е направено во интерес на изборите. Народе Македонски доста беше.......................
Од: Bitola
Датум: 19.12.2008 12:35:38
Ua,vmro.
Од: koj ke plati
Датум: 19.12.2008 12:54:49
luge ne e plemielot kriv Branko e kriv za se i SDSM, ako ne se oni togas najdete ja krivicata vo EU
Од: marjan od kumanovo
Датум: 19.12.2008 14:08:27
Nemam sto da dodadam kako komentar na idiotizmot na Bicikliski i negovite.Samo bi ja pofalil kreativnosta na Ivan i bi dodal:krivi se i Frckovski,Fuere i EU,a za konsultacii moze i Tomic i bumbarkata.
Од: sumaher
Датум: 19.12.2008 14:21:32
gospotce ja plati greskata a da se nadevame deka i grujo eden den so negovata grupa rasipikuci ce se najdat zat resetcinja kako so go obvinuvaat bucko ce mu dojde i nemu denot mu otcukuva malku po malku casovnikot za idrizovo.
Од: Стариот Бате
Датум: 19.12.2008 15:20:16
Преродбата продолжува, Владата остварува. Лепешки на ѕид. Купувајте македонски производи со партиски предзнак регистрирани на партиски сметки, а не патриотски. Трајко во апс по сите серии на гафофи, а оној паразитот Бичиклиски да лепи повеќе плакати за трето дете, другото не му вреди што зборува. Чудно ми е "трговците не знаат што да прават со касите", продајте ги на Гујо, а пак тој на Фершпед и Бит-пазар.
Од: sonja
Датум: 19.12.2008 15:36:50
ova e klasicen reket od strana na vmro,za koj tie se i toa kako svesni i sekako ke izgubat od nivniot visok rejting.a za takvi glupvi izjavi kako taa na ministerot slaveski vo drugi zemji sovesnite si podnesuvaat ostavka.
Од: Анѓелкоски Методија
Датум: 19.12.2008 15:38:26
Останува сега прашањето - дали МОРА да се вратат касите или човек може да тврди дека неговиот промет е повисок токму заради таа каса - и да не ја замени. Пораките што ги дава фискалната каса се одлука на имателот на истата. Ако Патриотската информација се третира така - Зошто е неопходно да се брише. Инаку Уставниот суд ни е без осет за патриотизам. Не може и не смее да се ставаат во ист кош македонските и странските производи.
Од: dejan lilik
Датум: 19.12.2008 16:24:22
uaaaaa VMRO ,da mozete i krvta sto ja cicate na ovoj narod da ja prodavate bi ja prodale samo da se ofajdat sto poveke vmrovcinja.DOLE OVAA NENERODNA VLADA
Од: verag
Датум: 19.12.2008 16:39:04
Оваа влада не коментира пресуди на суд( за Бучковски), под чест. ие на владата да коментира решенија на Основен суд,само Уставен суд е на нејјзино ниво и само одлуки на овој суд коментира.Ваква ступидна изјаваа за кривицата на Црвенковски одамна не сум слушнала,уште од изјавата на Славевски дека за трошоците на живот големо влијание има цената на овошјето,а и Македонците ионака не јадат овошје во зима.
Од: acko
Датум: 19.12.2008 17:32:27
Ke platat graganite no do koga ke molcat,toa e vistinskoto prasanje....................

Најди! во Утрински
Политика
Трговците не знаат што да прават со касите
Груевски побара од граѓаните трпение за подобар живот
Италијанскиот амбасадор прогласен за почесен доктор на ДУТ
Јавноста информирана, но не и упатена во евроинтеграциите
Идната среда ќе се расправа за буџетот
Загриженост поради заканите врз СОНК