Идната среда ќе се расправа за буџетот
Идната среда, на 24 декември, Собранието ќе ја почне расправата за Предлог-буџетот за наредната година. Според новиот собраниски Деловник, дебатата за буџетот ќе трае три дена.
Првпат оваа година главната расправа за тоа како ќе се распределат државните пари се водеше во собраниските тела. Комисиите дебатираа речиси две недели и прочешлаа вкупно 204 амандмани, колку што беа поднесени. Сепак, на пленарната седница ќе се дебатира само за десетина - оние што поминаа на комисиите. На оваа 41. собраниска седница, покрај буџетот, ќе се најдат и одлуките за испраќање еден припадник на АРМ за учество во мировна операција на ЕУ во Босна и Херцеговина ЕУФОР, АЛТЕА и за испраќање единица на АРМ за учество во мировна операција во Авганистан. (О.В.) |