Јавноста информирана, но не и упатена во евроинтеграциите
„Јавноста се информира, но не и' се пласираат доволно анализи преку кои би изградила јасна слика и сопствен став за евроинтеграциите на Македонија, но и функционирањето на самата ЕУ“, е заклучокот на мониторингот спроведен врз известувањето на медиумите за извештајот на ЕК за Македонија, за кој вчера се одржа дебата на која присуствуваа претставници на дел од македонските медиуми.
Од анализираните седум дневни весници и седум телевизии со национална концесија, заклучокот во извештајот на НВО Инфоцентар е дека информирањето на медиумите се сведува на пренесување политички изјави и по некој експерт. Забуна, според набљудувањето, внесуваат и грешките и понекогаш елементарното непознавање или мешање на реперите од страна на новинарите во однос на ЕУ.
Во периодот пред извештајот и по него, во медиумите се објавени 197 новинарски прилози во контекст на ЕУ од вкупно 70 новинари. Од печатените медиуми, најголем број текстови - 28 за ЕУ објавил „Утрински весник“, додека од електронските медиуми најмногу прилози - 19 имал Канал 5. На дното на листата се весникот „Вечер“ со десет текста и телевизиите Сител и Телма со по девет прилози. Сепак, според изготвувачот на набљудувањето, најголем дел од новинарските текстови, дури 66 проценти, отпаѓаат на класични извештаи, а само 0,5 проценти на анализа, или изразено со бројка, само една анализа.
Според НВО Инфоцентар, за подобрување на состојбата и запознавање на јавноста со ЕУ и евроинтеграциите, потребна е обука на новинарите во таа област, соодветна поддршка од медиумите за тоа, подобар пристап до информации од институциите, но и поголема општествена дебата за евроинтеграциите и нивната суштина. (Т.Г.)
isto taka, treba da se objasni na lugto i genezata koja se zapostavuva namerno a toa e deka kolata trgna nadole vo ovie procesi od doaganjeto na vmro. dzabe se vadat na grcija koi prvo tie ja isprovociraa so aerodromot, statuite, i gledam teraat uporno filip 2 vo gazibaba. so toa dadoa argument na grcija deka ja skrshivme spogodbata i tie oberuchke go iskoristija otvoreno da nastapat , pred toa nemase cela eu da gi poddrzi ako bevme nie fini i kulturni dok ne vlezeme pa posle sto sakate prajte. a bumbarkata na gledacite sto go osudia imeto na plostadot vo gazi baba, gi obvini deka se otkazuvaat od istorijata, pa i marshal tito bese istorija pa gi smenija site iminja na ulici na pr
Од: commanddevil
Датум: 19.12.2008 00:42:07
gluposta narecena evrpska unija e izmisljotina da se drzat lugjeto pod nekakva presija i site gluposti sto nekoja vlada gi pravi da bidat ...VO IME NA VLEZ VO TAA UNIJA.se razbira jas ne sum zainteresiran da vlkezeme vo nea. mozebi da se sorabotuva ,no deka i e neophodno da bidam tamo-voopsto ne mi znaci.veruvam i na golem del od lugjevo.ispituvanjata za podrska se nerealni so ogled deka se tendenciozni--demek....videte 90 posto se za...
Од: nekoj
Датум: 19.12.2008 01:06:21
Toa e...treba da se raboti...nekolku pati nekolkumina tuka ukazuvame so blagi kritiki kon novinarstvoto, deka pointeresni se statii koi razrabotuvaat odredena tema, sto ke go informairaat narodot, toa e vasata uloga. No za zal se uste, golem broj od mediumite funkcioniraat kako malograganska kafana, kade sekoj kazuva sto 'naslusnal"..toe e neprofesionalno i zdodevno. Posebno A1 imam vpecatok koga davaat vesti deka nemaat nikakov koncept i imaat dosta "trac" vesti. A za EU navistina ima sto da se pisuva
Од: St.Patrik
Датум: 19.12.2008 02:22:58
Sandra, znaci toa sto sme go krstile aerodromot Alexandar the Great, sme ja prekrsile privremenata spogodba?!? Stavili statui pred Vlada? Pa sto ?!? Daj objasni mi kako toa sme go napravile ziti se..
Од: Davor
Датум: 19.12.2008 08:34:14
Mene mi e poznata malogragjanshtinata i nepismenosta na narodot vo Makedonija, ama do tolku...Pa shto mislite vie deka koga kje vleze Makedonija vo Evropskiot Sojuz med i mleko kje bide i pari od nebo kje pagjaat? Makedonskiot narod i politichari treba da se osvestat i da pochnat da rabotat so polna parea i najprvin da gi podobrat socijalno-ekonomskite problemi vo drzavata koi treba i moze da se sredat i bez ES, a ne da krevaat prashina i debatiraat gluposti so godini. Lep pozdrav od Ljubljana
Од: ZAPADNA
Датум: 19.12.2008 10:01:50
Кој рече дека не сме информирани..па не информира Латас,Томиќ,професор г.дин НИЧЕ ДИМОСКИ...ех колку ги има знаеме дека не треба во ЕУ не треба во НАТО..кај најдоа тие проценти дека сакаат Македонците во ЕУ и НАТО?ПС.тука е и понекој јасновидец како г.ѓа Сабина...информирани сме повеке отколку во времето на Војводата...