Брoj 2784  четврток, 11 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Скопје

Обновата на Универзална сала ќе стартува околу Нова година

За време на работата салата ќе биде функционална, по потреба делови од неа ќе бидат затворани

Премиерот Никола Груевски и директорот на Универзална сала, Душко Поповски, вчера ги потврдија најавите дека единствената концертна сала во Скопје наскоро ќе се реконструира и догради со помош на Владата. Според најавите, утре треба да биде распишан меѓународниот тендер за изведувач на градежните активности кои, пак, се очекува да започнат околу Нова година.

„Предвидено е салата да има нов модерен изглед и функционалност според современи стандарди. Ќе се интервенира во ентериерното уредување, проширување на фоајето и негово ослободување од гардеробите, доградба и приспособување на нови простори и содржини, замена на сите дотраени материјали, вградување противпожарни скали, реконструкција на таванот, катовите, галериите, санитарните јазли, квалитетна опрема за озвучување, вентилација и инфраструктура, обнова на фонтаната пред салата. Ќе бидат додадени уште два реда нови седишта, а старите околу 1.500, целосно ќе бидат заменети и со повеќе простор за поголем комфор на посетителите“, објасни архитектката Ленка Маневска, една од тројцата автори на проектот.

За негова реализација ќе бидат потребни околу три милиони евра, но сепак, конечната финансиска конструкција ќе зависи од финалните детали и од ревизијата на проектот кој е стар четири години. За време на градежните зафати, салата ќе биде функционална, а по потреба делови од неа ќе бидат затворани во различни фази од реконструкцијата. Иако објектот е под надлежност на градските власти, вчера на промоцијата за негова обнова немаше присутни од Градот.

„Не ги поканивме. Практично, јас сум претставник на градската власт“, накусо прокоментира директорот Поповски. (Дс.Т.)


Статијата е прочитана 306 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Скопје
Интернет-клипови на кои Аларова признава дека работи незаконски!
Се' уште нема цена за користење на панорамскиот лифт
Одложена лицитацијата на земјиштето за деловен објект
Фестивал на занаетчии пред „Спридер“
Бесплатен курс за компјутери