Брoj 2784  четврток, 11 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Скопје

Се' уште нема цена за користење на панорамскиот лифт

Фондацијата „Милениумски крст“ се' уште не ја одреди цената за користење на лифтот на крстот, а нема ниту одлучено како да се наплаќа панорамското разгледување.

Се размислува во почетокот да се користат парагон блокчиња заради оправдување пред УЈП. Одговорните се во дилема дали фирмата која работеше на монтажата треба да го одржува лифтот и да ги собира парите од наплатата. Кочница во се' е што Фондацијата нема пари, бидејќи од влезниците не ќе може да се обезбедат 80 илјади денари месечно, колку што се потребни за плати и придонеси за четворицата вработени на смени.

Одговорните се во дилема и каков превоз да се обезбеди за посетителите на крстот. На завчерашната средба на Управниот одбор на Фондацијата било разговарано дали во викендите да бидат ангажирани автобуси на ЈСП „Скопје“. Бидејќи било заклучено дека автобусите ќе ја загадуваат околината, во Фондацијата размислуваат да се побараат приватни превозници со комбиња кои имаат електрични мотори. (Сн.К.)


Статијата е прочитана 228 пати.

Испрати коментар

Од: zoki
Датум: 11.09.2008 00:24:07
prosecno po 30 vleznici na den po 100 denari i ete vi gi parite za vrabotenite. Kade e problemot?

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Скопје
Обновата на Универзална сала ќе стартува околу Нова година
Интернет-клипови на кои Аларова признава дека работи незаконски!
Одложена лицитацијата на земјиштето за деловен објект
Фестивал на занаетчии пред „Спридер“
Бесплатен курс за компјутери