Бесплатен курс за компјутери
Над 1.500 жители на Општина Аеродром имаат можност да посетуваат бесплатни курсеви за компјутери. Курсевите ќе се одржуваат во основните училишта „Димитар Македонски“, „Блаже Конески“ и „Ѓорѓија Пулевски“. На крајот на курсот сите кандидати ќе полагаат испит, по што ќе добијат соодветни сертификати. Обуката трае еден месец, секој ден во текот на септември, октомври и ноември. Обуката за користење компјутери за граѓаните е проект на Владата, а ја изведува фирмата „Иновејшн“, додека Општина Аеродром ја овозможи логистичката помош. |