Фестивал на занаетчии пред „Спридер“
Со богата културно-уметничка програма, изложба на слики и ревија на венчаници, шминка и фризури, в сабота на платото пред стоковната куќа „Спридер“ точно напладне ќе биде отворен фестивалот на занаетчии. Од Занаетчиската комора на Скопје соопштуваат дека низ Старата чаршија ќе има поставени штандови на кои занаетчиите ќе ги промовираат и продаваат своите производи. Фестивалот ќе продолжи и в недела, кога средните училишта ќе ги промовираат своите занаетчиски струки. Фестивалот го организира Градот, Младинскиот културен центар и Занаетчиската комора на Скопје во соработка со Занаетчиската комора на градот Кобленц од Германија. (Сн.К.) |