Брoj 2784  четврток, 11 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Скопје

Интернет-клипови на кои Аларова признава дека работи незаконски!

Во монтирани клипови, Аларова и нејзиниот тим разговараат со измамени во аферата „Платина“

Градоначалничката на Општина Центар, Виолета Аларова, веќе една недела се врти на Интернет-порталот „Јутјуб“, каде што, наводно, признава дека работи спротивно на законите. Во очигледно измонтирани клипови, во кои во делови само се слуша нејзиниот глас во разговор со наводен сопственик на земјиште на кое е изградена спорната зграда на „Платина инженеринг“, вели „...јас сум на тапет...не работам по закон...ме збудалевте“. Освен со Аларова, наводно, дел од измамените во аферата „Платина“ на висок тон разговараат и со градежниот инспектор Милан Пижула, со секретарот на Општината, Ратко Савовски, и со извесна Роза Митревска од Државниот градежен инспекторат. Како автор на петте аудиоклипа, кои се пуштени на Интерент од пред една недела, е потпишан Прленда1 Прлендовски.

Од „актерите“, вчера за коментар единствено беше достапен инспекторот Милан Пижула. Рече дека првпат слуша за такво нешто, па дури и не знаеше што е тоа „Јутјуб“. „Како и да е, мојата работа во врска со случајот ‘Платина‘ е чиста“, накусо ни прокоментира Пижула.

Имајќи предвид дека во денешно време техниката е отидена далеку и секој може што и да посака да закачи на Интернет, веродостојноста на клиповите со Аларова од старт губат во тежина. А можеби и само даваат некоја насока за окончување на аферата со „Платина“. Токму такви апели индиректно упатува авторот на клиповите, поставувајќи ги како визуелна подлога во нив премиерот Груевски, министрите Јанкулоска, Јанакиески и Маневски, прашувајќи „за кого работат овие луѓе?“. (Дс.Т.)

 


Статијата е прочитана 1166 пати.

Испрати коментар

Од: Aleksa
Датум: 11.09.2008 11:09:16
da bese dobar gradonacalnik, alarova barem ke gi sredese trotoarite za ovie dva mandata vo centar a ne noga da skrsis od dupki pred sobranie. uuuuuuaaaaaaaa alarova!!! sramota!!!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Скопје
Обновата на Универзална сала ќе стартува околу Нова година
Се' уште нема цена за користење на панорамскиот лифт
Одложена лицитацијата на земјиштето за деловен објект
Фестивал на занаетчии пред „Спридер“
Бесплатен курс за компјутери