Број 2869  вторник, 23 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter

Сите македонски рудници пред затворање

Светот троши се' помалку суровини, што услови пад на цената на обоените метали

Иван Бојаџиски

Штип - Сите македонски рудници за обоени метали се пред затворање. Судбината на „Бучим“, единствениот рудник за бакар и злато во државава, чие раководство веќе донесе одлука рудникот да го прекине производството на неопределено време, за кое не се знае до кога ќе трае, многу бргу ќе ги снајде и „Саса“, „Злетово“ и „Тораница“. Ова го тврдат стручњаци од сите овие рудници, а само во „Саса“ за новиот проблем говорат со име и презиме. Тоа, пак, значи отворена опасност да се најдат на улица 2.500 рудари. Тој чин ќе значи и нова економска голгота на сиромашното и недоволно развиено подрачје на источна Македонија.

Покрај енормно ниските цени на бакарот, оловото и цинкот, сега на реалната опасност сите рудници да се затворат влијае и намалената побарувачка на олово и цинк, која последнава недела, како и побарувачката на бакарот, била целосно прекината.

„Насекаде во светот потрошувачката на метали речиси е сопрена. Топилниците предупредуваат дека повеќе нема да примат концентрати, бидејќи немало на кој да ги продаваат металите, а и сегашните цени не им носат никаков профит. Нашата руда на топење ја носиме во Бугарија и оттаму ги добиваме овие информации иако сосема е идентична ситуацијата и во сите други европски топилници. Оловото и цинкот најмногу се трошат во автомобилската индустрија, но токму оваа индустрија денес е во најголема криза. Продажбата на автомобили драматично е намалена, фабриките отпуштаат десетици илјади вработени, и тоа говори се'. Станува збор за нов, многу голем проблем, а тоа ја прави реална можноста ’Саса‘, и покрај тоа што и со сегашниве ниски цени има мала економија во работењето, наскоро да го затвори рудникот. Прогнозите не ни дават надеж дека набргу нешто може да се подобри, а тоа е уште една закана за нашата иднина“, вели Максим Прохоров, директор за инвестиции и развој во овој рудник. Тој не ја исклучува можноста од затворање на рудникот ако нештата драматично не се променат.

Од седиштето на компанијата „Индоминерали и метали“ никој не сака да говори на темата која ја тресе Македонија. Од извори во рудникот „Злетово“ добивме информација за нова стратегија на менаџментот, која на кратко време дава привид дека овој потрес може да се издржи, но на не толку долг рок се заканува со затворање на рудниците во посед на оваа компанија. Имено, во „Злетово“ и во „Тораница“, рудници што ги поседува индиската компанија, тековното работење не е поддржувано од неопходните инвестиции, што во рударството значи сечење на гранката од која зависи утрешнината.

„Рудата се експлоатира во старите, а не се отвораат нови окна. Во рударската филозофија тоа е неприфатливо зашто многу бргу се покажува дека повеќе ќе нема простори од каде што ќе може да се вади руда. Точно е дека на тој начин се избегнуваат трошоците, но сите знаеме дека нема долговечност во рударството без секојдневно инвестирање во нови истражувања, во отварање нови окна“, ни изјави искусен рударски стручњак, кој не сакаше да му го спомнуваме името.

Раководството на „Бучим“ имаше храброст и доблест прво да ја објави лошата вест за тоа дека рудникот, од Нова година, се затвора на неодредено време. Падот на цената на бакарот под три илјади долари по тон (на крајот од минатата недела беше 2.800 долари) ја елиминира решеноста на менаџментот рудникот да работи заклучно со февруари. Дознаваме дека вчера таму веќе биле потпишани и поделени првите отказни решенија со тоа што рударите ќе го добијат сето она што им следува согласно со Колективниот договор.


Статијата е прочитана 1004 пати.

Испрати коментар

Од: западна
Датум: 23.12.2008 01:06:44
Подобро на улица да останат,отколку да го богатат тој индиецот,или Sинго...си го ризикуваат рударите животот за 1оо до 2оо евра,а богаташите им стежнало паднала цената на бакарот...кој бакар,тие се снабдуваа со бакар е искрадоа цела Македонија,имаа во сите градови пратено лопови да крадат бакар.Организиран криминал беше со бакарот и одпадите,цела Македонија е собраа,а каде го продаваат бакарот во Грција,е па убаво,нека затворат.Рударите нека земат по една суровица и во СК...па нека му се думаат кому и на кој странци се продаваат рудниците,а и тој дебелиот србијаш.
Од: leshnik
Датум: 23.12.2008 01:07:53
Istoto sega se dogoduva i vo Avstralija. Kinezite ne kupuvaat surovini i naj golemata rudnica tuka javi otpushtane na poveke od 14,000 rabotnici vo pochetokot na 2009. Ete shto ni donesoa dechishtava na Wall Street. So godini dozvoleno na pravat kako shto sakaat i sega pokraj suvoto i surovoto ke go krka.
Од: Anastas
Датум: 23.12.2008 08:00:41
Pa vcera citavme deka Makedonska Kamenica cveta. dajte usoglsete se
Од: Holandija - do "zapadna"
Датум: 23.12.2008 10:20:58
Te molam ne tropja gluposti! ako navistina si vo zapadna Evropa (spored nikot koj go koristis) - bi te zaprasal dali nekogas imas izlezeno nadvor od mestoto kaj sto zivees ? podobro lugeto da ostanale na ulica....hahahaha. i potoa ti ke im prakas pari za izdrska ? kutrata ti. ednostavno vladata treba da bara resenie da ne se zatvorat rudnicite, kako sto rabotat vladite vo EU. a dokolku vladata ne saka da pomogne - togas ke mora na site vraboteni da im obezbedi nadomestok ili paricna pomos, posto lugeto plakale danok od platite. namesto da im davas sovesni predlozi ili optimizam - ti se zanesuvas so gluposti. megutoa....od kaj znaes i ti kutrata...koga si zapadna megutoa so svakanja i razmilsuvanja od komunizmot!
Од: asterix
Датум: 23.12.2008 10:59:00
ДО Западна Ти другар не си при свест што пишуваш,!!!!! Подобро според тебе е да се гладува отколку да му се полни џебот на газдата, чудно ама типично Македонски

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Дали Ставрески е господинот Икс
За огновите на Бадник нема да важи законот
Политичари со змија в џеб
Вербатим
Претходен број
Зденко
Споменик на Тоше наместо на Александар Македонски
Заштитени со закон
Фрчкоски казнет со 32.000 евра за клевета на Груевски
Турција ja сака Македонија под чадорот на НАТО
Приведени браќата Миладинови за малверзации со хотелот „Изгрев“
Н. В. вето
Запуштено до запустеност
Политичкиот врв заборави на Кочо Рацин