Број 2869  вторник, 23 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter

Дали Ставрески е господинот Икс

Вицепремиерот крстосува низ Македонија последниве недели. Дали за тоа е влогот само локалните избори

Соња Крамарска

На прв поглед вицепремиерот за економски прашања, Зоран Ставрески, како да ја презеде премиерската палка од неговиот шеф Никола Груевски. Тој предводи партиски и владини делегации кои крстосуваат низ Македонија во пресрет на локалните и на претседателските избори. Зборува за успесите на Владата, ги буди заспаните вмровски гласачи, мобилизира нови од сите социјални и политички слоеви.

Ставрески службениот сив костим, што е синоним за највисоки државни функционери, го замени со фармерки и шарени кошули. Ја извади вратоврската како што тоа го направи лидерот на либералдемократите, Јован Манасиевски, пред почетокот на кампањата за парламентарните избори. Ја отвори сезоната на лов на гласачи, но тоа не е знакот по кој го распознаваат македонските граѓани.

Заменик- премиерот во Владата, кој пред два месеца наполни 44 години, провоцира прашања од поинаков вид. Најважното од тие прашања е дали тој е господинот Икс со кого ВМРО-ДПМНЕ ќе се претстави на претстојните претседателски избори.

Ставрески ги има карактеристиките за да го импресионира просечниот гласач на македонската верзија на политичката десница. Поседува магистерска титула од економија, има работна биографија во Светска банка во Вашингтон, нема зад себе политички или бизнис-афери. Што е најважно, тој е од кругот на најблиските соработници на партискиот лидер и актуелен премиер Груевски. Лојалноста е запечатена и на приватен план преку кумството на Ставрески на брачната двојка Никола и Боркица Груевски.

Во неговиот имотен лист што е достапен на Интернет- страницата на Државната комисија за спречување на корупцијата е запишано дека тој и неговата сопруга Антоанета поседуваат станови во Скопје, Охрид и во Америка, како и куќа во Скопје. Семеен автомобил на брачната двојка е „хонда-сивик“.

Прашан зошто доцнат со претставување на претседателскиот кандидат, Груевски минатата седмица во емисија на Канал 5 рече дека листата за номинации е стеснета, но дека се' уште ги анализираат личностите.

На прашањето, пак, дали тој ќе биде кандидатот за претседател на владејачката десница, Ставрески неодамна одговори дека „ВМРО-ДПМНЕ има во своите редови личности кои можат да ја извршуваат највисоката функција, но дека органите на партијата ќе решат кој ќе ја понесе претседателската номинација“.

Според возраста, Ставрески припаѓа на средната генерација македонски политичари, но со краткото политичко искуство би можел да се вброи и во младата генерација. Во Владата стекна статус и на гасител на пожари поради неговата инволвираност во менаџирањето на социјалните незадоволства.

Ако навистина е тој господинот Икс од тесната листа на партиски кандидати за највисоката функција во државата, ќе се потврдат анализите дека Груевски е многу скржав во ширењето на моќта надвор од неговата клика.

Ставрески, заедно со Мартин Протоѓер, Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков, се луѓето од најблиското опкружување на премиерот и лидер на владејачката десница.

Во ВМРО-ДПМНЕ има и други активни партиски личности кои го засилија своето присуство на теренот во пресрет на претстојното пролетно одмерување на силите. Активни се и Гордана Јанкулоска, и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, министерот за образование Перо Стојановски или шефот на дипломатијата, Антонио Милошоски. Но, никој нема толку нагласена активност како вицепремиерот Зоран Ставрески.

Најголемата владејачка партија, според сите анкети, ќе биде фаворит на претседателските и на локалните избори. Нивниот кандидат за претседател речиси со сигурност може да се прогнозира дека ќе биде и следен шеф на државата. Ризикот за пораз на кој било кандидат од кампот на владините партии е многу мал. Затоа се силни шпекулациите за името на личноста која ќе го понесе епитетот на нова политичка ѕвезда на македонското небо во наредната 2009 година.


Статијата е прочитана 3211 пати.

Испрати коментар

Од: plackovica
Датум: 23.12.2008 00:14:56
pameten poteg za Zoki vojvoda...2godini vo politika e malku da se proceni edna licnost sto poseduva imot vo Amerika i odlicna sansa za zarabotka na funkcija. ako dobie vo 4 izborna edinica kade bese nositel na lista (a ne pusti nitu eden denar za razvoj vo toj region) znaci Makedonija e spremna da bide vodena i od Amdi Bajram.
Од: Delcevo
Датум: 23.12.2008 00:50:32
Grujo pusti go Zoki i ke se izbanjas so laden tus koga ke vidis sto si pustil da ti ja vodi drzavata kako pretsedatel, oti e mnogu mlad i se uste e rano da gori kako tebe.
Од: kicevo
Датум: 23.12.2008 01:34:01
normalno deka favorit glaven ce bide kandidat od vmro -dpmne--zatoa sto vladata na vmro dpmne ima mn sto gi napravi i narodot toa znae da go ceni-za razlika od sdsm koj seuste nudi samo-zborovi zborovi i zborovi
Од: zrmzalino
Датум: 23.12.2008 01:37:51
e slagam so komentarot na pljackovica. stavreski nema vrska od nadvoresna politika. se pokaza ni deka ekonomijata ne ja znae iako se prcea deka toa mu e jaka strana. mislam od site vmrovci eden asalen kandidat za pretsedatel ne moze da se sklopi. pa kakov pa apetit za funkcija ni manje ni vise vcera se ispililo odma pretsedatel.
Од: Analiticar od Sidnej Zoran Bockar
Датум: 23.12.2008 02:26:27
Zoran Stavreski ke bide noviot precedatel na Makedonija.
Од: POMNI go predlaga OGINAR ZA PRETSEDATEL
Датум: 23.12.2008 03:51:36
Samo Prof Nestor Oginar za Pretsedatel na Republika Makedonija. Deca kako Stavrevski, Gruevski i tn. ne mozat voda da mu nosat. Toj ne e korumpiran, se sto ima zarabotil so svoja pot, besprekoren patriot za Makedonija, nacitan i skolovan profesor po Angliski koj sto ne pelteci pred mikrofon koga zboruva bez razlika dali e toa Makedonski ili Angliski jazik, a od negoviot govor na Makedoncite im se ezi kozata, a na onie koi sto sakaat Makedoncite da bidat manipulirana i amorfna impotentna masa im se kreva kosa na glavata.
Од: neopredelen
Датум: 23.12.2008 04:56:20
Za Pretsedatel na Makedonija neka bide bilo koj samo NE nekoj od VMRO-DPMNE. Neka se preispita narodot i neka razmisli STO dobivme ovie 2-3 godini od vladeenjeto na vmrovcite pa tek togas neka glasa za nekoj od niv. Jas ne sum politicki opredelen no VO NIKOJ slucaj ne bi glasal za VMROVEC od pricina sto ako i Predsedatel bide nekoj od niv togas tesko si na Makedonija. Tie nemaat nikakvo politicko iskustvo. Vladeat kako salabajzeri, poveke zboruvaat i se falat odosto nesto pravat. Reklamite im se sve sto do sega nesto uspesno napravija. Poveke se reklamiraat odosto rabotat. So gluposti i apsenja si go krevaat rejtingot a ne deka navistina se borat protiv korupcijata. Kaj niv e sve reklama a pravoto lice tek otposle ke go doznaeme. Da se potsetime na Ljubco koj isto taka dodeka bese na vlast go LAZESE narodot a koga ja izgubi vlasta tek togas vidovme koj bil toj vojvoda. Ete takov e slucajot so SITE VMROVCI. Tie vo ime na patriotizmot ja dobivaat vlasta za potoa DA JA UNISTAT DRZAVATA.
Од: трпе
Датум: 23.12.2008 07:05:19
Како нема бизнис афери господинот Ставревски. А чии беа глисерите во каналот Билјанини извори на Охридското езеро, кога од нив поштен човек не можеше ниту со кајак да влезе во каналот.
Од: Oli Julcovski
Датум: 23.12.2008 07:39:15
Pretstavnicite na Vladata barem ke ja zapoznaat sopstvenata zekja, krstosuvajki ja za da gi izlazat uste ednas. A, dali Stavrevski ke bide kandidat za Pretsedatel i kakvi mu se izgledite da pobedi? Pa , aman bre luge dali zaboravate deka VMROVCITE glasat za se, STAVETE I SNOP SO SLAMA VO OVOJ MOMEN SO TAA PROPAGANDISTICKA MASINA KE BIDE IZBRAN -ne e bitno dali e sposoben.
Од: Трпе
Датум: 23.12.2008 08:10:05
Ајдеее,кампњата за претседателските и локалните избори е зпочната.(со народни пари ).Иако владата на господинот рејтинг е во кампњи со државни пари уште од 2006 година кога дојдоа на власт.Со оваква влада и народ препорачувам да нема избори.Господинот Рејтинг сам да го игонуира Ставревски за претседател ,а кога тој ке порасне истото да се случи обратно.Барем трошоците ке бидат незначителни.Сега народот со свој камен се удира посвојата глава.
Од: Do Julcovski
Датум: 23.12.2008 08:31:59
Se uste ne si ja razbral sustinata. Vistinskiot problem ne e kaj VMRO, tuku lezi na drugata strana. Zemi go na primer segasniot "pretsedatel". Pa toj e pomal patriot i od eden obicen "snop so slama".
Од: Branko za Pretsedatel
Датум: 23.12.2008 08:43:55
Branko za Pretsedatel, ova drugovo se e gola voda. Kako Stavrevski, kakvi bakraci.
Од: donka
Датум: 23.12.2008 10:01:22
Ako go izbere narodot Stavrevski togas pokazuva golema nezrelost i neka si ja nosi sudbinata svoja i na decata na dusa.Pa covekov izgleda kako karikatura, ne ja vladee nadvoresnata politika, a ne go biva za nisto drugo osven za kumstvo. Svestete se makedoncinja
Од: prosveten rabotnik
Датум: 23.12.2008 10:11:51
Stavreski e odlicen primer na kompletno izgradena licnost.Mislam deka pogolemiot broj na gragani,posebno onie partiski neopredelenite,nadezta za idninata na Makedonija ja gledaat tokmu vo nego.Smetam deka e momentalni idealno resenie za Pretsedatel na drzavava.
Од: Atanasija
Датум: 23.12.2008 10:14:46
Koga veke se zboruva za pretsedatelskite izbori,mislam deka g.Crvenkovski treba da se kandidira,prosto da vidime kakva drzava sakame.Ako bide izbor-narodot saka socijaldemokratsko ureduvanje,ako ne-dobivame ni crno-ni belo. Koga Srbija dozivea dramaticen krah,nekoi umnici velea deka narodot ne e vinoven.Togas procitav i eden poinakov komentar sto se svede na ova:narodot go saka vodacot takov kakov sto e,i toj go napravi toa sto znaese.Za narodot nema amnestija koga veke go napravil svojot izbor. Ako ne se izbere socijal demokrat,ako ne se izbere g.Crvenkovski ke znaci deka taa politika sto ja vodi ne mu treba na makedonskiot narod.Izborot e na narodot.
Од: vmrovec
Датум: 23.12.2008 10:22:02
Samo napred kako star VMROVEC edvaj cekam da go stavis Stavrevski za pretsedatel da mozes da go izbanjas kako Kedev, ama ima eden problem a toa e Brat Ljube pa samo da te pozdravime ke glasame za nego.
Од: do koga
Датум: 23.12.2008 10:46:16
Ako bide,trsko nam.Poglednete samo kakov visioner e:vo Makedonija nema da ima kriza pa posle i nie ce bideme pogodeni od krizata.BDP ce bil 5,5%pa ce se dvizel od 4.5-5% pa so rebalans ce go peglaat bujdetot.Vo svoite kolumni im dodeli dobronamerni soveti kako da ja nadminat krizata.Dusa ima ama pari za prosvetarite nema.Gospode ako te ima nemoj vakvi nedokvakani da ni dodeluvas za vodaci.
Од: zelezara
Датум: 23.12.2008 11:18:13
Do plackovica.Jas mislam ako Gruevski go postavi Amdi Bajram za kandidat za pretsedatel deka toj ke pobedi.Abe Gruevski magare da stavi ovie ke vikaat deka kandidatot e dobar i site ke glasat za nego
Од: Objektiven
Датум: 23.12.2008 11:42:51
Se soglasuvam so neopredelen. Koncentracijata na vlasta vo racete na edna licnost ili na edna partija, na ovie prostori, ima katastrofalni posledici kako za razvojot na demokratijata, taka i za sostojbite i perspektivite na drzavata! Vprocem, toa najdobro go potvrduva i reinstaliranjeto na ednoumieto vo periodot 1994-1998 godina, koga vo Makedonija ne postoese opozicija! Opstopoznato e deka nema nisto poloso od nekontroliranoto vladeenje!
Од: Mile
Датум: 23.12.2008 11:44:49
Da be jas ke glasam za stavrevski zimi Mile.
Од: bale
Датум: 23.12.2008 13:19:47
nekoj nov trajkovski za predsedatel samo tak a mozeme da glasame, ovie site se mangupi
Од: Antonio
Датум: 23.12.2008 14:20:30
Ma kakov gospodin x,doticniot Zoc e MISTER TENDER!
Од: mene
Датум: 23.12.2008 14:27:45
Pak li nepotizam? Pa neli ovoj mu e kum na Premierot? Aman veke. Se ekspert do ekspert, a drzavava vozi vo "petta" i toa vo rikverc.
Од: Анита -Кавадарци
Датум: 23.12.2008 17:45:35
Па конечно ќе добиеме претседателски кандидат каков што заслужува Македонија и македонскиот народ. Треба да сме горди што еден експерт од рангот на Ставрески се зафати да и помогне на македонската економија. И веќе еднаш да престанеме да маваме со дрва и камења на се што е добро во оваа држава, и на секого кој се обидува да не изведе на вистинскиот пат.Според мене секој што размислува со сопствена глава ќе дојде до истиот заклучок.
Од: vasko
Датум: 23.12.2008 19:17:12
Brat Ljube za pretsedatel.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Сите македонски рудници пред затворање
За огновите на Бадник нема да важи законот
Политичари со змија в џеб
Вербатим
Претходен број
Зденко
Споменик на Тоше наместо на Александар Македонски
Заштитени со закон
Фрчкоски казнет со 32.000 евра за клевета на Груевски
Турција ja сака Македонија под чадорот на НАТО
Приведени браќата Миладинови за малверзации со хотелот „Изгрев“
Н. В. вето
Запуштено до запустеност
Политичкиот врв заборави на Кочо Рацин