Број 2869  вторник, 23 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter

Поглед

Заштитени со закон

Оливера Војновска

За сите македонски граѓани 2 јануари е работен ден, освен за пратениците. Тие ќе ги спојат сите државни и верски празници - Нова година, Бадник и Божик и ќе заборават на парламентот најмалку десетина дена. На работните места во Собранието треба да се вратат на 9 јануари за да ги финишираат уставните измени за намалување на цензусот за избор на претседател. Доколку не се премислат, бидејќи е Свети Стефан, а згора на тоа се паѓа во петок.

Македонските пратеници носат закони кои самите не ги почитуваат. На тој начин покажуваат дека за нив не важат истите правила како и за обичните смртници. Туку некои други, со кои тие како да се заштитени со закон!

Никој не реагира, ниту пратеници од власта ниту од опозицијата. Иако спојувањето на новогодишните и божикните празници (и не само тие) стана практика во парламентот, досега за тоа не слушнавме ниту збор од никого. Опозицијата пред две години жестоко ги критикуваше измените на Законот за празници и не ја гласаше новата листа на државни и верски празници. Опозицијата тогаш во знак на протест пред чинот на изјаснувањето ја напушти собраниската сала.

Сепак, празниците, веројатно, на сите ептен им се погодија. Некои од пратениците, изгледа, уште од вчера си го зедоа зимскиот одмор.

Можеби затоа ги немаше на свечената седница во парламентот на која се обрати претседателот на Големото национално собрание на Турција, Ќоксал Топтан. Тоа е апсолутно некоректно, во најмала рака невкусно и зборува за ниското ниво на култура на нашите политичари. За жал, дел од нив вчера заборавија на убавото однесување.Турција е голем пријател на Македонија и високиот гостин од Анкара не заслужи таков однос од домаќините.


Статијата е прочитана 1346 пати.

Испрати коментар

Од: Pirin
Датум: 23.12.2008 00:31:10
sto se sekiras ti za niv , poarno da gi nema vo sobranije , ako niv gi nema ke ima poveke struja i ke ostane poveke kafe i pijalocii, a so zakonite nemaat problem, zasto za niv ne vazat a zasto pa da ne gi glasaat.
Од: Торбеш од Струга
Датум: 23.12.2008 00:32:13
Јас многу му се чудам на овија од Турција, и тија изгледа не знаат со кого имаат работа мислат дека во Македонија имат пратеници и собраниски дом. Нема бре само деца сто играт политичари ај поздрав///
Од: Delcevo
Датум: 23.12.2008 00:44:32
Site nasi patrioti sega ke odat vo Bugarija na zimuvanje i zosto da rabotat koga mozat da si odmaraat a i zgora na toa sto ke rabotat ako pojdat vo sobranieto, apk nisto samo ke sedat i ke zjapaat vo prazniot vozduh ko da ne belki nesti ima tamu.
Од: ljupco,bitola
Датум: 23.12.2008 00:49:06
Нашите пратеници се лица со посебни потреби,за нив важат помалку рестриктивни закони.
Од: istorichar
Датум: 23.12.2008 00:55:43
Pa zoshto da mu dojdat koga na vremeto na site od Balkanot okupirani drzavi im dadoa drzava,samo makedonija ostana parche za razdor megju Balkanskite krvnici?
Од: tra la la
Датум: 23.12.2008 02:21:18
Na nasite "120 machenici" da im se dade 4 godisen neplaten odmor.Belkim drzavcevo ke trgne za napred
Од: Трпе
Датум: 23.12.2008 08:40:03
За секој не одработен ден на пратениците,собранието заштедува 15 000 евра.Но не ми е јасно каде ке бидат потрошени заштедените пари.Во случај да не ги зема владата,за нивното хонорарно работење 24/7.Иако и тие кога помалку би работеле помалку би грешеле,намерно или ненамерно
Од: petar
Датум: 23.12.2008 09:40:00
Kako trgna se* da se raboti za inaet edni kon drugi pa mozebi opozicijata ke dojdi na pocetokot na godinata na rabota da kaze deka ja nema pozicijata ili ke napravat pozicijata da dojde a opozicijata da slavi za inaet.Jas si mislam deka ke si se iznauzivaat vo ubavinite na svetot a nie ke gledame na TV ako ne ne isklucat za neplateni smetki za da ne gi vidime vo kakov raj uzivaat.
Од: Зоран
Датум: 23.12.2008 10:44:48
Зимскиот одмор важи за нашите школарци,зошто и за нив да не важи - да се одморат од политика. И што пишува еден читател многу арч се прави со еднодневно нивно работење.
Од: mihajlo
Датум: 23.12.2008 14:06:49
Abre sto ste zapnale samo so kritiki.Vratete go Socijalizmot i se ce bide vo red.Vo takov sistem dovolni se 20 pratenici.Po kluc od sekoja nacionalnost.Ce vidite kolku pari ce se zastedat.A za kriminal se znae na ostrovot na Prespansko szero.Tamo ima zmii.Zmija so zmija ne se jadat.
Од: gv
Датум: 23.12.2008 14:56:50
Sramota na site narodni pratenici i clenovi na vladata za ne prisustvo na obracanjeto na Pretsedatelot na parlament na Turcija, koja e prva zemja sto ne prizna po ustavno ime.Bravo za parlamentarna kultura.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Сите македонски рудници пред затворање
Дали Ставрески е господинот Икс
За огновите на Бадник нема да важи законот
Политичари со змија в џеб
Вербатим
Претходен број
Зденко
Споменик на Тоше наместо на Александар Македонски
Фрчкоски казнет со 32.000 евра за клевета на Груевски
Турција ja сака Македонија под чадорот на НАТО
Приведени браќата Миладинови за малверзации со хотелот „Изгрев“
Н. В. вето
Запуштено до запустеност
Политичкиот врв заборави на Кочо Рацин