Број 2869  вторник, 23 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter

Политичкиот врв заборави на Кочо Рацин

Дистанцирањето на државно-политичкиот врв, според Гане Тодоровски, е неодговорност пред сопствената историја

Невена Поповска

Во Македонската академија на науките и уметностите, вчера се одржа свеченост со која се одбележа стогодишнината од раѓањето на Кочо Рацин.

„Кочо Рацин е основоположник на современата македонска книжевност и значајна фигура на поновата македонска културна историја, а неговата знаменитост е интимно и нераздвојно поврзана со малата поетска збирка „Бели мугри“, рече меѓу другото академик Катица Ќулавкова во својата поздравна реч на Свечениот собир во МАНУ, кој се одржа во присуство на бројни членови на Академијата, првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров, Поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан и претставници на културниот живот во земјава.

Евидентно беше отсуството на државно-политичкиот врв на земјава. На ваквата состојба, свое видување даде академик Гане Тодоровски. Имено, тој во својата реч под наслов „Творештво во служба на македонската кауза“, или „Искрата што го разгоре македонското разденување“, меѓу другото и подвлече: „Рацин е личност со необична биографија-раритетна и драгоцена и во македонската културно-политичка традиција типолошки вместена помеѓу ингениозните наши автодидакти од сојот на Пејчиновиќ, Џинот, Пулески, Цепенков и др., а токму тоа кажува дека во неговиот неповторлив пример препознаваме финале на една епоха во која личен печат втиснувале избраниците на народната низина, оние „луѓе со ѕвезда на чело“ за кои во свое време Блаже Конески изнапиша восхитувачки, полни и проникливи и впечатливи есеи и стихови. Ним Рацин им е резиме. Рацин прегрна трагика на мистериозен животен крај, продолжи Тодоровски, дочекувајќи проклетство на безгробник, па, оттука и демонстрираната одбојност кон неговиот јубилеј на стогодишник од страна на државно-политичкиот врв со кој став се фрла сенка врз под��иг на ВКВ-Македонец, став што некои послободни умови во нашиот културно-политички простор фигуративно го нарекоа трето Рациново ликвидирање. Живееме во време на речиси пословична вознемиреност, една од многуте што не тревожат во овој миг, кога евидентно и подеднакво се загрозени трите облика на нашата историска егзистенција-минатото, сегашноста и иднината. Повеќето од нас веруваат во сериозноста на оваа угроза, па, ете, како еден од тие и такви многумина доброволци во фалангата на македонизмот, а во настојбата во Рациновиот стогодишен јубилеј да вложам скромна лента на едно дозволено толкување, произлегува дека јас, сакал-нејќел, говорам едно свое, прличевски наречено „слово горко-слово жалосно“... оти, неприсуството или отсуството, воздржаноста или дистанцата, сеедно каква формулација ќе одбереме, се тоа не звучи поинаку освен како недоволна почит или неодговорност пред сопствената историја. Си го дозволувам правото да го наречам колосалниот минус на грдиот премолк на првото и амблемско име на новата македонска литература како колективна вина, за да можам да изустам мисла потешка од самообвина и пожестока од самоосуда, имено, дека: до колку не располагаме со доволно сили да ги препознаеме кристално-јасните и ефикасно разјаснети големи вредности, особено од нашето поблиско минато, со копнежите, врвежите и стремежите кон посложени прерогативи на утрешнината, тие и понатаму ќе ни останат проблематични!“

Поетската реч на Рацин е актуелна и денес, потресна и прекрасна во својата уметничка форма, затоа што во неа се препознаваат основните колективни трауми на македонскиот народ! Времето одминува, судбината се повторува! Рацин е роден на ден кога навистина денот почнува да се зголемува, кога светлината надоаѓа, па не е случајно што неговата најзначајна книга се вика токму „Бели мугри“. Претседателот на МАНУ, академик Георги Старделов, во својата беседа се осврна на Рациновото столетие и притоа истакна: „Еве, одминуваат 100 години од раѓањето на Кочо Рацин и веќе во 2009 година ќе минат 70 години од појавата на „Бели мугри“, а тоа Рациново столетие трае и како да ни се случувало секоја ден, како сето тоа да било вчера, толку имено Рацин засекогаш останува во нас без никогаш да засенува неговата песна. Напротив. Колку повеќе одминува времето толку повеќе расте таа, песната Рацинова во првиот ни век, извишувајќи се како златоврв на нашата поезија“.

Според академик Матеја Матевски, „гледано од оваа денешна дистанца, на стоте години од Рациновото раѓање и на 70-та година во која веќе стапуваат неговите „Бели мугри“, можеме уште еднаш да ги потврдиме зборовите на Блаже Конески, која на нему својствениот виспрен и елиптичен начин на поет и научник го означи Рацина како прв наш голем поет и родоначалник и како „... најиздигнат народен интелектуалец од неговото време, најкултурен наш човек“.


Статијата е прочитана 493 пати.

Испрати коментар

Од: ilija
Датум: 23.12.2008 00:23:49
Sramota e sto vaka golem jubilej, 100 godini od ragjanjeto na poetot, mina bez najvisokite drzavnici na zemjava. Na trite manifetcii,Racinovite sredbi, na vozot i ovde vo MANU ne dojdoa ni Branko ni Nikola. Ova e sramota.
Од: ne mi e jasno
Датум: 23.12.2008 01:48:24
ke mi objasni nekoj zosto patriotcinjata, borcite za identitetot ne dojdoa za jubilejot na racin. pa racin e nasiot identitet. ili skiciraa uste nekoj anticki spomenik
Од: Apostol
Датум: 23.12.2008 03:27:43
Vecna cest i slava za prviot nas poet i naroden intelektualec Koco Solev Racin. Uste ednas so svoeto prisustvo prviot pretsedatel na RM, gospodinot Kiro Gligoruv pokazuva deka e drzavnik so osobeno odgovorno custvo za makedonskata kultura i istorija. Stramotno nepocituvanje na ovaa znacajna kulturno-nacinalna manifestacija od strana na segasniot drzavno-politicki vrv.
Од: Пинг
Датум: 23.12.2008 10:39:35
За мене не е никаква штета што овој јубилеј не беше “почестен“ со присуството на членови од државното водство. Напротив, сметам дека своето присуство би го искористиле да се сликаат и рекламираат, или меѓусебно исплукаат. А Кочо не го заслужува тоа. Горд сум на Тебе Кочо, а биди и ти на мене, затоа што и на свио 50-на и поивеќе години во секоја пригода можам да ги изрецитирам Твоите незаборавни “Денови“, “Копачите“, “Тутуноберачите“..... И горд сум кога го правам тоа. А Вие драги министри, премиери претседатели и што уште не, не е лошо и Вие да поднаучите некоја Негова песна. Никогаш не е доцна. До сите коментатори: ДЛАБОКО ВЕ МОЛАМ- пишувајте Кирилица. Поздрав до сите Ваши и наши.
Од: александра
Датум: 23.12.2008 10:47:03
Искрено, доколку беа присутни господата од политичкиот врв ќе беше зачудувачки за мене. Јас не сум изненадена, но се чувствувам лошо. Не сакам да ме убедуваат дека им е битен македонскиот идентитет а при тоа да не умеат да ги препознаат вистинските македонски вредности. Бранко и Никола си се потребни еден на друг, за да можат без аргументи да го убедуваат овој народ кој е поголем македонец! Срамно!
Од: pero
Датум: 23.12.2008 10:51:55
Trebase da najavat deka partiskite umetnici Trajanov, Mijalkova i Gjumar ke nastapat. Celo dpmne ke dojdese.
Од: Bitola
Датум: 23.12.2008 11:52:37
Da se slavese Todor Aleksandrov.Vanco Mihajlov ili Buneva site ka se nacrtaa tamu.A zo Racin nemaat vreme.Sramota.
Од: Билјана
Датум: 23.12.2008 12:45:05
Oрганизација или свест, тоа се моите дилеми за не/присуствата. Но, уште поочигледна болна смешка беше декадентнтата идеја за возот, од која се омрсија Јордан Плевнеш и оној плагијаторот Пројковски. Таа идеја е украдена а за да биде уште пожално - да се потсетиме во каква состојба се македонските возови и колку патници имаат; нашите возови да личеа на нешто, па да испратеа еден од Велес до Хрватска и до Србија.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Сите македонски рудници пред затворање
Дали Ставрески е господинот Икс
За огновите на Бадник нема да важи законот
Политичари со змија в џеб
Вербатим
Претходен број
Зденко
Споменик на Тоше наместо на Александар Македонски
Заштитени со закон
Фрчкоски казнет со 32.000 евра за клевета на Груевски
Турција ja сака Македонија под чадорот на НАТО
Приведени браќата Миладинови за малверзации со хотелот „Изгрев“
Н. В. вето
Запуштено до запустеност