Број 3255  понеделник, 12 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Култура

Се' уште немам пристап на матичната сцена

Актерката Јоана Поповска го одбележа 50-годишниот јубилеј во хотел, со изведба на дел од претставата „Столови“

Битола - ,,Моите педесет години на штиците што живот значат поминаа како за час. Кога ќе се навратам во минатото, се сеќавам дека во театарот почнав толку млада, бев дете што не ги ни броев годините. Но, сега сфаќам дека зад мене е половина век работа. И се уште од театарот не се откажувам. Ова за мене е голема среќа“; вака со голем набој на емоции, битолската актерката Јоана Поповска, зборува за својот јубилеј, 50 години работа.

Актерката која е една од водечките во современиот македонски театар, оставајќи силен печат и на светски фестивали, зад себе има една долга листа од над 330 одиграни ролји. И според нејзините пресметки, илјадници одиграни претстави. Подеднакво успешни се и нејзините улоги на македонската филмска сцена.

„Тешко е во овие изминати пет децении, со прецизност да се каже колку претстави сум одиграла. На пример, претставата „Свадбата на Мара“, ја одиграв над сто пати. Сега можам да кажам дека без „Мара“ не сум можела за живеам. Со таа улога направив многу работи. Но тука е и улогата на „Велика“ од „Пиреј“. Не сум одбила ниту една улога во мојата кариера, иако понекогаш ми било тешко да играм во претстави каде режисерите не си ја знаеле својата работа“, вели со гордост Јоана. Си споменува на годините кога актерите од Битолскиот народен театар играле на „штици што зјаат“, без никакви услови за работа, на минус 40 степени. Но, имале една цел, да прават квалитетни претстави.

Пензионираната актерка на која годините и натежнале, со голема енергија и ентузијазам, сепак прави планови за нови претстави, за нови улоги. Оваа, за неа значајна година, вели дека ќе им ја посвети на пријателите, на блиските соработници за да им возврати за нивниот придонес во нејзината кариера. Ќе им возврати со она што најдобро знае да го прави, со театарската игра. „И јас на мој начин ќе им возвратам на моите најдраги. И по педесет години на сцената, се уште можам да творам . За нив со „Мал драмски театар“ ќе ја подготвам монодрамата „Госпоѓата А“, од „Трите високи жени“, вели Јоана.

На убавите моменти од кариерата на Јоана, се присетува и битолскиот режисер Љупчо Ѓоргиевски, во чии претстави таа играла и главни и споредни улоги.

,,За да бидеш добар актер, треба да си уште подобар човек. Тоа е Јоана. Таа е мека како душа, а на сцената е како леб . Многу внимателно треба да и се даваат режисерски индикации, затоа што таа ги прима со срцето, а не со разумот. Никој не може да ги запре нејзините емоции, без разлика дали се работи за комедија или трагедија. Таа пред секоја претстава зад сцена трепери како лист на гранка, а само што ќе зачекори на сцената, се претвора во ветер“, ги опишува своите впечатоци од соработката со Јоана, режисерот Ѓоргиевски.

На овие зборови не остана рамнодушна ниту Јоана чии очи се натопија во солзи, ниту пак присутната публика. Меѓутоа, наспроти оваа радост и искрените честитки, актерката која е дел од она што се нарекува историја на Битолскиот народен театар , актерката која од 16 годишна возраст за прв пат заигра на цената во Битола, сега нема пристап во истиот тој театар, за да одигра претстава на матичната сцена и да го одбележи јубилејот со својата публика.

Наспроти тоа, таа својот јубилеј го одбележа во хотелот „Амбасадор“ во градот изведувајќи дел од претставата „Столови“ на мермерните скали.

„Бев на еден куп странски фестивали, ме канат во Сараево, во Љубљана. Значи можат Словенците да ме канат, а овде на мојата матична сцена немам пристап. За жал, не можам да играм дома. Ова не можам да го сокријам“, вели разочарано, големата актерка.

Се надева дека неправдата ќе биде исправена со излегувањето од печат на книгата посветена на нејзиниот живот и кариера. Книгата е работена од Иван Ивановски, на околу 250 страници со исто толку фотографии од Јоана. „Книгата е направена но, повторно ќе констатирам за жал, таа никој не сака да ја финансира. Може по мојата смрт, некој тоа ќе го направи за мене“, завршува со насмевка Јоана.

Таа ги најавува гостувањата во Албанија и Бугарија, а овој месец заминува и за Косово, каде во приштинскиот театар ќе настапи со монодрамата „Столови“ од Јонеско, во режија на Љуба Милошевиќ. Јоана ќе патува и во Луксембург, на Интернационалниот фестивал на монодрама, што ќе се одржи во јуни. (А.Б.)


#
Статијата е прочитана 536 пати.

Испрати коментар

Од: kiko
Датум: 12.04.2010 14:32:12
makedonski sindrom- zatoa i ke bideme vardaska severna -isee samo ne MK-zatoa što samite ne si gi cenime vrednostite vo site poljina- na ovoj naš makotrpen makedonski život i istorija-

Најди! во Утрински
Култура
Денеска почнува Саемот на книгата
Отворена манифестацијата „Кавадарци - Град на културата“
Пред прилепскиот Дом на култура ќе стојат имиња на заслужни граѓани
Изложба на фотографии на Зоран Летра