Број 3255  понеделник, 12 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Култура

Отворена манифестацијата „Кавадарци - Град на културата“

Годинава градот ќе биде епицентар на културните настани

Ангел Данов

Со спектакуларен петминутен огномет и со значајни културни настани, во петокот вечерта во Кавадарци и официјално беше отворена манифестацијата „Град на културата“. Манифестацијата, за која се зборуваше уште на почетокот на 2010 година, успеа да го преполни градскиот плоштад, но без да се фрли око на верската, националната и политичката припадност.

Македонската химна и пламнатиот факел на културата го најавија богатото културно живеење во градот, а манифестацијата беше голем предизвик за присуство на обичните граѓани, просветните работници, политичарите. Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска - која ја прогласи за отворена, говореше за културното богатство на Кавадарци, за спомениците и за имињата вечно запишани во историјата на македонскиот народ.

„Оваа 2010 година Кавадарци ќе биде епицентарот на културните настани. Несомнено, манифестацијата создава услови за рамномерен културен развој, но и за развој во туризмот, за дисперзирање на културата, за проширување на видикот, нови услови, подобар живот“, рече, меѓу другото, министерката и потенцира дека во Кавадарци во периодот што следува ќе се одржат над 130 културни настани. Во своето обраќање, таа додаде дека Кавадарци е бисер на средновековната македонска уметност, а црквата „Света Богородица“, Марковата пештерска црква, Моклишкиот манастир и многу други вистински споменици на културата и културни вредности во македонскиот културен идентитет.

„Оваа манифестација им ја должиме на граѓаните, на креативните творци, културните институции, на градот. Постигнавме за многу краток период негација, го побивме Бубо Каров и докажавме дека култура не е тоа што ни треба, бидејќи ја имаме, а годинава и кремот на културата ќе биде во Кавадарци“ , рече градоначалникот Александар Панов и пред присутните вети дека градот ќе се стреми кон она што е убаво, вредно и исконско. “Кавадарци ќе го заслужи епитетот даден од државата и овие вредности ќе бидат поттик градот на виното да биде добар во сите области“.

Дел од отварањето на манифестацијата беше и монодрамата „Деца на светлината“ на Петар Темелковски, актер со безброј важни театарски улоги, освоени награди, признанија и моментално професор на ЕСРА во Скопје.

Адреналинот кај публиката дефинитивно го подигна концертот на Гордана Јосифовска - Неделковска на обоа и Биг Бендот на Факултетот за музичка уметност од Скопје, одржан под диригентска палка на Кире Костов и во спектакуларна придружба на Влатко Стефановски на гитара, Страшо Темков на флејта и Теодосиј Спасов од Бугарија, на кавал. Во класичен стил, модерно отсвирените изворни македонски песни публиката ја оставија без здив. Маестралноста на сцена го предизвика бурниот аплауз, кој, пак, придонесе за дополнително бис-уживање.

Во градската галерија беше отворена изложбата „Прозорец во ентериерот“ на ликовниот уметник Владимир Темков од Кавадарци, а за отворена имаше чест да ја прогласи германската амбасадорка во земјава, Урлике Марија Кноц.

„Македонија е земја во која културата знае да живее, а луѓето ја сакаат културата, убавината и уметноста. Германија е земја што ја почитува Македонија и го цени културното живеење во неа“, рече амбасадорката во своето обраќање.

 


#
Статијата е прочитана 266 пати.

Испрати коментар

Од: Eli
Датум: 12.04.2010 07:35:09
Bravo Kavadarci!

Најди! во Утрински
Култура
Денеска почнува Саемот на книгата
Се' уште немам пристап на матичната сцена
Пред прилепскиот Дом на култура ќе стојат имиња на заслужни граѓани
Изложба на фотографии на Зоран Летра