Прочитајте ја книгата „Јади, моли се, уживај“ пред да ја гледате Џулија Робертс
Американската писателка Елизабет Гилберт во 2006 година го напиша романот „Јади, моли се, уживај“, а веднаш потоа стана бестселер со кој се снимаше и истоимениот филм во кој главната улога ја толкува Џулија Робертс.
Кај нас книгата ја објави „Матица“ и бргу по објавувањето доживеа второ издание. Книгата на Гилберт изобилува со духовност, тага, емоции, но и хумор и забава. Станува збор за чудесно патешествие на авторката која по разводот кој тешко ќе го преброди, оди во Италија, па во Индија и на крај во Индонезија. Елизабет Гилберт од читателите беше прогласена за најдобар туристички водич, кој би го посакале доколку би се решиле за едно вакво патување. Книгата претставува совршен танц на зборови со прекрасно чувство на пријателска блискост.
„Јади, моли се, уживај“ остана најдолго врежана во срцата на читателите низ светот, а за 2010 година од книгата се очекува да го достигне својот зенит, како сценарио за високобуџетниот филм со исто име. Како што е најавено во соседството, есенва ќе може да се види премиерата на филмот, па најверојатно и македонската публика ќе има таква можност. (Н.П.) |