„Храпешко“ на Ермис Лафазановски објавен на хрватски јазик
Во Загреб од печат излезе преводот на романот „Храпешко“ на Ермис Лафазановски на хрватски јазик. Книгата е издание на издавачката куќа „Нови Либер“, а преводот е на проф. Борислав Павловски. Романот е дел од библиотеката „Контекст“, чија уредувачка политика е да објавува рецентни дела од Јужнословенската, но и пошироката словенска прозна продукција, како и на тие дела кои поради комуникацискиот вакуум настанат во последните петнаесетина години не и се познати на пошироката хрватска публика. Овде веќе се објавени имиња како што се Давид Албахари, Горан Војновиќ, Владимир Пиштало и др.
Проф. Борислав Павловски е автор и на поговорот кон овој роман, во кој тој дава мошне ефектен приказ на состојбата во македонската книжевност од педесеттите години до денес со наслов „Приказна за македонскиот роман и вештините на Храпешко“. |