„Синтезис“ е новиот кум за Бадник
„Кумови на традиционалното одбележување на Бадник пред Соборниот храм на 6 јануари ќе бидат членовите на групата ’Синтезис‘. Здравичар на прославата ќе биде Венко Андоновски“, ова го соопшти вчера Здружението на граѓани за одбележување и организирање на Бадниковата прослава, кои прославувањето на Бадник го претворија во скопска традиција. В недела, Одборот бадникари организирано ќе го собира бадниковото гранче на Водно, кое на празничниот ден на граѓаните ќе им го дели бесплатно. На бербата на бадникот ги повикаа сите добронамерни граѓани, а очекуваат дека и годинава ќе ги придружува градоначалникот на Скопје, Трифун Костовски. (Сн.К.)
|