Број 2865  четврток, 18 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Скопје

Скопје нема визија за урбан одржлив развој

Брз раст на населението, пораст на транспортот, несоодветни системи за отпадни води и цврст отпад од што произлегуваат последици како метеж, недостаток на зелени површини и загадување на воздухот, се карактеристики на град кој нема визија за урбан одржлив развој. Ова беше истакнато на трибината „Скопје - одржлив град?“, што се одржа вчера во организација на Градот Скопје и Форумот на градски невладини организации.

Карактеристиките на град без визија за одржлив развој несомнено важат и за Скопје, кое според учесниците во трибината, се' уште има шанса да влезе во чекор со одржливиот развој ако исполни некои услови. Тоа се, пред се', добро просторно планирање и владеење со урбанизмот, добар систем за користење на земјиштето, соодветно финансирање, соработка на јавниот и со приватниот сектор и учество на јавноста.

„Освен оформувањето систем за собирање секундарни суровини, во последните години во Скопје не се применува ниту еден критериум за одржлив развој“, смета професорот Тихомир Стојков. Според него, одржливиот развој не треба да биде политичка одлука, туку општествен процес.

За Стефан Калајџиски од ИНПУМА, Градот мора да преземе мерки за одржлив урбан транспорт, кои ќе одат во насока на промовирање на алтернативните начини на превоз. Потребно е дооформување на патната мрежа, но и забрана за движење на одредени возила кои не исполнуваат стандарди, како и регулирање на паркирањето во центарот. (С.Н.)


Статијата е прочитана 69 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Скопје
Уставниот суд со „Малиот ринг“ ќе пресудува и за себе
„СП планет“ во Ѓорче Петров ги отвори вратите за граѓаните
Плоштадот во Автокоманда предаден во употреба
„Синтезис“ е новиот кум за Бадник