Број 2865  четврток, 18 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Скопје

Плоштадот во Автокоманда предаден во употреба

Површината од 5.768 квадратни метри со гранитни плочи, со пристапни патеки, цветни алеи, зеленило

Општина Гази Баба го предаде во употреба новоизградениот плоштад во населбата Автокоманда. Плоштадот, вчера го отворија премиерот Никола Груевски и градоначалникот на Гази Баба, Коце Трајановски. Просторот на кој во иднина ќе се организираат бројни случувања, вчеравечер прв пат беше и место за забава на тамошните жители, кои отворањето го прославија со настап на познати музички имиња.

Плоштадот се протега на површина од 5.768 квадратни метри поплочени со гранитни плочи. Изградени се пристапни патеки, цветни алеи, зеленило, а поставена е и урбана опрема. Тревниците се распоредени во странични парцели на кои има ниско зеленило од зимзелени и листопадни грмушки и сезонско цвеќе. На двата краја се засадени 14 јасени од типот „Б“ -Acer platanoides. Изградена е бина за културни случувања, а подготвено е и платото на кое ќе се постави споменикот. Во оваа прва фаза од изградбата, завршени се и сите работи околу осветлението и поставени се канделабри и рефлектори. Вкупната инвестиција за плоштадот, во која не е пресметана сумата за споменикот, изнесува помеѓу 25 и 27 милиони денари.

„Денеска жителите на Гази Баба добиваат место каде што ќе можат да прават прослави, претстави и концерти. Со поставувањето на коњаникот и на фонтаната, плоштадот ќе претставува едно од најрепрезентативните места во општината Гази Баба и во Скопје. За неговата изградба се заслужни и преставниците на бизнис-секторот, а имаше поддршка и од Владата. Плоштадот нека претставува симбол на заедничка соработка и дружење на сите добронамерни луѓе во општината и во градот Скопје“, рече градоначалникот Трајановски, кој им врачи плакети на 26 фирми-донатори и помагатели на изградбата на плоштадот. (Сн.К.)


Статијата е прочитана 116 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Скопје
Уставниот суд со „Малиот ринг“ ќе пресудува и за себе
„СП планет“ во Ѓорче Петров ги отвори вратите за граѓаните
„Синтезис“ е новиот кум за Бадник
Скопје нема визија за урбан одржлив развој