Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Саботен магазин
31.08.2012, 17:25

Саботни муабети

Ресторан - гради, бебе и болести!

Огнен Јанески

Замислете си убав ден, кога конечно сте се „исчистиле“ од по некоја рата за кредити и сакате со другарка ви да се почестите во некој ресторан, за едноставно, така од ќеиф да си направите муабет и да се подружите, да размените мислења за одредени нешта.

За почеток, во Скопје, ќе наидете на неколку клучни проблеми кога ќе одбирате место на кое би сакале да се опуштите. Прво што треба да внимавате е дали таму каде што ќе седнете нешто се гради во близина, зашто секаде има кранови и виљушкари, кои ако ништо друго, ќе ве запрашат при одминувањето. На пати, на пример на кејот на реката Вардар, може да добиете чувство како да сте примероци од Зоолошка (поради решетките), или пак, дека просведочувате изградба на нов град, по катастрофален земјотрес. Нејсе, тоа не е тема на оваа колумна.

Второ, треба да видите и дали реномето со цените ќе ви одговараат. Мене на пример, тие работи не ми менуваат ништо, сакам само да седнам и да уживам, па ако сака нека е и некоја „тешка“ биртија во прашање. Ако ви одговара друштвото - се’ ќе биде во ред. Има и многу други клучни нешта кога одбирате место за седење, но, критериумите се различни, во зависност од припадноста која ја имате меѓу луѓето - дали сте несфатен, хипстер, мантрач, шмизла, плавуша, спонзор/спонзоруша и слични категории граѓани.

Седнавме што седнавме, по долго колебање, и на крајот, повторно на местото каде што седиме секогаш. Во секој случај, она што овој пат ми „завлече“ око, уво и по некоја мисла, од кои одредени беа и гласно кажани, беше ситуацијата која не’ опкружуваше.

Имено, не можев да разберам две теткици кои седеја на масата зад нас. Сите сме седнати тука да јадеме и притоа ако зборуваме, тоа го правиме потивко. Природно ви доаѓа. Но, и да немате природно чувство за тивкост, тогаш сигурно нема да дозволите сите околу вас да слушаат еден куп интимни работи, особено работи кои не се за на софра. Пример - како „сте имале мака со ставањето тампони, апликатори, влошки“. Како „ви доцнела, па ви препишале вагиналети, но сте крвавеле редовно, па дури и по неколку пати дневно на секаде сте оделе во клозет, па сте чистеле зад вас, па столицата ви била ретка, цврста, црна, бела и затоа сте го набљудувале изметот по исфрлањето од вас, па затоа се јавил гастритисот, па оттука чир, па ова сте пиеле, па сте повраќале на сите страни“... Просто...

ПРОСТО! Толку имам да кажам коментар! Ми се одјаде и ми се одседе. Јас разбирам дека некогаш и најинтимните нешта сакате да ги споделите, но, ве замолувам, тоа да не го правите пред цел ресторан на глас, додека го соџвакувате пилешкото прсте! Некултурно е и не сте сами на светов!

Некако, го надминавме тоа. И следно беше расчистувањето на темата околу тоа, колку доликува на јавно место, младите мајки да ги дојат своите бебиња. Со оглед на тоа дека, со другарка ми бевме поттикнати од еден пример, кој седеше на соседната маса.

Бебето почнува да плаче и се констатира дека е гладно, откако темелно ќе се провери во ресторанот дека „газето не се искакало, нема какушки, не смрди“ (секако на бебешки лигав јазик). Е па откако ќе се констатира дека е гладно, се вади едната града на ачик и му се става брадавицата на бебчето в уста. Потоа си следува нели подждригнувањето. Но, од бебе, тие работи некако не ви се „гнасни“ што би рекле народски. Едноставно бебе е во прашање. Но, се зачудив кога другарка ми бурно реагираше на моментот дека мајката така јавно го дои детето. Се разви дискусија во која ги разговаравме моралните и етичките гледишта за доење на јавно место. Мене лично не ми пречеше, зашто во Македонија - во рестораните, кафулињата, работните места, превозните средства - за млади мајки услови нема. Кога мора да го провери дали е „искакано“, мора на самото место, зашто тоалетите се едвај големи за нас муштериите. А за доењето, не гледам ништо страшно во тоа.

Но, во секој случај, мајките треба да се подучат дека постојат марами, кои може да ги покријат бебето и градата, додека се дои. Дали впрочем ние знаеме да прифатиме нешта, кои „бегаат“ од нашиот светоглед на кој сме научени? Дали исто реагирате на градата на вашата жена, како дои на јавно место и на туѓата града? И притоа воопшто не се зафаќаме за главната по��нта, а тоа дека бебето е гладно во моментот. Голите града и брадавица воопшто не се важни, кога мајката ќе добие инстинкт за преживување на чедото.

Тука некаде ни заврши и седенката, од која излеговме побогати и посиромашни за неколку нешта. Побогати, зашто водевме дискусија, која не’ стави во размислување, а не трач муабети. Посиромашни - зашто секој пат се осиромашувам, кога ќе станам свесен дека околу мене има толку прост народ, затскриен под превезот на парите. Од учен, а не доучен човек - најмногу треба да се плашиш, а и да бегаш од него.


Статијата е прочитана 1062 пати.

Испрати коментар



Прашалник - Марко Маринковиќ - Слаткар
Матичните клетки не се чуваат во фрижидер
Зошто жените живеат подолго од мажите?
Интригантната Украинка влезе во холивудската елита
Кавос ечеше



Ана, 01.09.2012 01:03:14
секој пат се осиромашувам, кога ќе станам свесен дека околу мене има толку прост народ, затскриен под превезот на парите- Поентирањето ти е чисто снобовски поглед одгоре, јас сум подобар од овие простиве околу мене... И ако за тебе мајка што дои бебе е вулгарна работа, не знам што да кажам. Си имал некоја идеја ама текстов не држи вода.
melbourne, 01.09.2012 01:15:04
Potpolno tocen zaklucok.
iva, 01.09.2012 04:06:18
Ana,spored opisanata situacija pogledot vrz prostite luge vo okolinata voopsto ne e od snobovski aspekt tuku e kritika na mesto za tonalitetot na lugeto na sosednata masa i konverzacijata sto ja vodele koja ocigledno ja razbala pola kafana. Mislam sigurno ni jas pak ni ti ne bi sakala dodeka sedis na rucek nekoj od sosednata masa da se deri opisuvajki kako imal maka so sopstvenata stolica i deka gledal saat vreme vo nea razmisluvajki dali e tvrda,meka,crna ili bela, ili pak za seksualno prenoslivite bolesti koi gi imal/a i pritoa kako rezultirale. A sto se odnesuva do doenjeto na bebeto, ne e poentata vo toa sto majkata voopsto go pravi,tuku faktot deka dojkata e izvadena pred ocite i na staro i mlado,zjapa i toj sto treba i ne treba, no i onoj koj znae za sto stanuva zbor i onoj koj neznae. Mislam 21vek e vo prasanje stvarno postojat nacini da se zakrie, pokrie, taka sto ne bi se privlekuvalo tolku golemo vnimanie na sekoj minuvac pa i ne bi se napisala columna za istoto.
kaktus, 01.09.2012 08:01:12
Авторот пишува за простотилокот кој не опкружува. За жал, очигледно од коментарите, има и такви на кои простотилокот не им пречи, напротив им годи. Тоа е така затоа што се дел од него.
Malku filovano, 01.09.2012 08:37:21
Za zal ovaj tekst ti e potpolno prazen, za razlika od prethodniot , pa i sam nemajci ideja sto da napises ni pisuvas nekoj kodeks za odnesuvanje na ludjetvo vo restorant . Jas znam deka vo restorani ima mnogu cesto nesootvetno odn esuvanje, ama ti ova malku si go zabiberil i filuval , so cel da izgleda poodbivno i poprostacki. Jas licno ne veruvam deka one dve dami tolku glasno vodele konverzacija za nivnata stolicata, za prolivi, za menstrualnite tegobi, krvarenja, bindi i sl. Sto se odnesuva do bebeto koe majkata go doela, jas ne gledam nisto strasno. Naprotiv taa grada togas ne se gleda od aspekt na erotika i seks , ami od aspekt na majcinska ljubov i odrzuvanje na potomstvoto.Seto ova e verojatno poradi nemanje na podobra ideja za pisuvanje okolu nekoi nastani od nasiot zivot.,a toa e cudno bidejci vo Makedonija se slucuvaat takvi bizartnosti,a ti pisuvas za nekvo so doenje na bebe vo restorant. Da bidam iskren obvaj napis me razocara ,za razlika od prethodniot od pred nedela
Mitre od Rotino, 01.09.2012 13:02:30
На кого му кажуваш младо момче за тоа што си го доживеал со другаркати? Проследи ги простачките коментари на таквите како тие што ги опишуваш во колумната. Жална и тажна е оваа земја со таква количина на простаклук со кој оние на кои се однсува се поносни оти толку им бере умот, а за нив само парите се мерило на вредноста и со таков квалитет на демосот треба да одиме во ЕУ нека ни е наздравје.
GO SAKAM SKOPJE, 01.09.2012 14:09:33
Ovoa sto*deckovo* redvno ni kazuva,ne e kritika od snobizam, tuku da dade do znaenje kako,ne bi trebel bide.Nesto,sto provejuva vo site negovi tekstovi , od prviot za seksualnite fantazii na mladite, sé uste deca, do dene. A tetkicivevo slucajov,mislat deka se moderni, ako zboruvaat otvoreno za svoite seksualni problemi i iskustva. Onoa sto e ubavo vo intimata,ne e dolicno za pred svetot.Na strana nevkusniot muabet na tetkici,ama , mladite majki, uste bremeni, gi prcat stomacite,pokazuvajki ja svojata bremenost so tesno pripiena obleka kako da sakaat da ni kazat *vidi sto napraviv* kako da ne se zname kako se pravat bebinja. Doenjeto kako i bremenosta, nezno sokriena, e edna prekrtasna slika na zenata majka,taka ubavo prikazana od starite majstori slikari,no ne za bilo kade, koga ubavinata se pretvara vo vulgarna egzibicija.I,da ne se zaboravi deka bebeto ne e za vo restoran i bukata okulu nego, koga veke i na Skopje mu go*otepaa*zeleniloto i mirot koe ne ni go dala poliikata i Koce
размислувам, 02.09.2012 12:51:34
за жал тоа е нашето секојдневие. егзибиционизам на секое ниво во општеството.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 19°C

Делумно облачно

Понеделник
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 13°C

Вторник
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 14°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Финска - иднина без Нокиа
Финска е во ЕУ, има перфектен кредитен рејтинг од тројно А и флертува со излезот од еврозоната. Но, не е се’ така добро ...
Сакате да изградите вселенски лифт на Земјата? Почнете од Месечината!
Сонот за лифт што ќе не однесе во вселената трае повеќе од 50 години, Мајкл Лејн помина 11 години работejќи на остварува...
(ФОТО) Шеснаесет китови угинаа насукани на плажа во Шкотска
Силната плима „истурка" група од 26 китови во песокливиот брег на Северно Море, од кои 16 угинаа насукани на плажа....
Што стои зад спорот околу островите меѓу Кина и Јапонија?
Елементите на спортот вклучуваат една карта од динстијата Минг, американски договор и една фабрика за риби...
Класичните светилки отидоа во историјата
Со забраната Европа планира да заштеди околу 1 отсто од годишната потрошувачка на електрична енергија или тоа е производ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |