Број 3250  вторник, 06 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Економија

„Детонит“ ќе вложи 200.000 евра во производство на експлозиви

Фабриката за стопански експлозиви „Детонит“ од Радовиш годинава ќе вложи 200.000 евра во проширување на палетата на своето производство, како и во подобрување на неговиот квалитет.

Оваа фабрика, чиј сопственик е бугарската фирма „Брикол“, има намера своето производство да го пласира и на странските пазари.

„Најголемиот дел од инвестициите се за збогатување на асортиманот на нашето производство, со акцент на прашкести и иницијални експлозиви, познати под името „бустер“, од кои, во ЈИЕ постои дефицит.

Водени од таквата идеја, лани вложивме 115.000 евра во производство на нови видови експлозиви, како и во најсовремена лабораторија“, вели Васил Бонев, директор на „Детонит“.

Таквата стратегија на оваа мала, но значајна фабрика овозможи таа пред пред една и пол година да го добие сертификатот „Исо 9001“.

Тој сертификат му овозможи на „Детонит“ на своите производи да го аплицира знакот за квалитет „с“, кој сам по себе ги отвора вратите за извоз.

„Без таков сертификат извозот на стопанските експлозиви е невозможен, а со него ни се отворија вратите за пласман на нашата широка палета производи во странство, пред се', во Грција, Бугарија, Црна Гора, Албанија и Косово“, потенцира Бонев.

Раководството од локалната власт во Радовиш побара локација за изградба на уште една производна хала.

„Ургентно ќе им излезам во пресрет, бидејќи наша стратегиска определба е да ги поддржиме сите инвеститори, странски или домашни, сеедно, кои ќе посакаат да градат, а со тоа и да вработуваат “, изјави радовишкиот градоначалник Роберт Велков.

Во текот на годинава во „Детонит“ планираат производство на 2800 тони стопански експлозиви.

Со реализацијата на новата инвестиција се очекува во идната година ова производство да се зголеми за нови илјада тони. (И.Б.)


#
Статијата е прочитана 815 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
„Ножиците“ добра лекција, сега сите си ја плаќаат струјата
Несигурноста главна одлика на работните места на 21 век
Русија предничи во битката за гасоводи
Државата денеска ќе се задолжи со нови 43,9 милиони евра
Во Чешка невработеноста ќе достигне 12 проценти?
Српската влада ја продава авиокомпанијата ЈАТ