Српската влада ја продава авиокомпанијата ЈАТ
Владата на Србија во текот на неделава треба да ја донесе одлуката за продажба на националната авиокомпанија „ЈАТ ервејз“. Оваа можност ја најави премиерот Мирко Цветковиќ, според кого долговите на претпријатието ќе се намируваат преку продажба на имотот.
Аналитичарите сметаат дека ова е последна шанса за продажба на ЈАТ поради загубите што ги бележи неколку години едноподруго.
Цветковиќ, во интервју за српските медиуми, објави дека се подготвува стратегија за продажба на националната авиокомпанија и дека одлуката треба да биде донесена на седница по велигденските празници.Според него, постојат повеќе заинтересирани потенцијални инвеститори.
Акумулираниот долг на ЈАТ од деведесеттите години изнесува 146 милиони евра. (Форум)
|