Ќе инвестира во нови возови
Една од најголемите германски државни компании, „Дојче бан“, планира да реализира огромна инвестиција до 2014 година, пренесува агенцијата Франс прес. Компанијата ќе инвестира околу 41 милијарда евра во своите оперативни дејности, од кои 75 отсто ќе се искористат за железничката мрежа и модернизација на станиците, додека остатокот од средствата ќе се користат за купување возови, соопшти Фолкер Кефер, технички директор на „Дојче бан“. Според него, со овие инвестиции времето за патување ќе биде пократко, возовите ќе бидат поточни. (Ек.Р.) |