Број 2873  сабота, 27 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Скопје

Државата бара Аларова и Костовски да и' простат 1,6 милиони евра

Одлуката на Совет на Скопје ќе биде пресудна, независно од противењата на градоначалникот

Деспина Трајковска

Државата поднела барање до Општина Центар и Градот Скопје да и' бидат простени комуналии во висина од над 1,6 милион евра за уредување на градежното земјиште на кое планира да изгради нов објект за потребите на Уставниот суд и други државни институции. Дали тие ќе одговорат позитивно на барањето, ќе одлучат градските советници и Советот на Општина Центар в понеделник.

Иако овој објект и ДУП „Мал ринг“се спорни за градоначалникот Трифун Костовски, сепак, одлуката на Советот ќе биде пресудна. Оттаму, голема е веројатноста да не се остварат заканите на Костовски дека Градот нема да издаде пресметка за наплата на комуналиите, независно кој ќе биде инвеститорот, бидејќи се' уште нема конечна одлука за оценување на уставноста на планот „Мал ринг“, постапка што ја иницира тој.

„Доколку Советот одлучи Градот Скопје да ги прости комуналиите, тогаш Градот ќе мора да ја испочитува таа одлука. Вкупната сума за комуналии изнесува 100 милиони денари, од кои Градот би требало да наплати 60 милиони. Формално-правно, се' додека Уставниот суд не го стопира реализирањето на Деталниот план, тој си е во сила“, објаснуваат градските власти кои се категорични дека токму планираната маркичка за зградата наменета за Уставниот суд е проблематична, бидејќи нема соодветни сообраќајни услови, а истовремено ризикот за изградба е голем поради близината на речното корито.

Освен што барањето за ослободување од комуналии е неприфатливо поради спорниот ДУП, за Костовски приливот на средствата од комуналии е еден од сигурните извори за полнење не само на градскиот туку и на општинските буџети.

Од владината Служба за општи и заеднички работи, која всушност е потписник на барањето во име на државата, вчера не добивме мислење дали треба првенствено да го почекаат исходот на Уставниот суд околу постапката за планот, па во зависност од него да ги преземат евентуалните активноста за изградба на објектот.

Од Уставниот суд, пак, кој и после четири месеци од поведување на постапката нема донесено решение, пред десетина дена информираа дека се' уште се во преписка со Градот околу доставување на некои дополнителни информации. Според Уставниот суд, последната ургенција е од 28 ноември, кога било побарано да се прецизира кој надлежен орган постапувал во оценувањето дали Деталниот план е во согласност со ГУП. Главната дилема што треба да ја разрешат судиите е дали изградбата може да почне без добивање позитивно мислење од Градот, или доволно е само мислењето, независно дали е негативно или позитивно.

Инаку, планот предвидува објектот да се гради во непосредна близина на Комерцијална банка, а неговата максимална висина ќе може да изнесува 29 метри. Покрај Уставниот суд, таму треба да се сместат и Државниот архив и Археолошкиот музеј.


Статијата е прочитана 334 пати.

Испрати коментар

Од: trpe original
Датум: 27.12.2008 00:56:32
Najgolemiot dolznik vo Drzavata, samite drzasvni institucii, ne sto ne plakaat, tuku se si sakaat mufte! Ne djabe e kazano deka ribata smrdi od glava!
Од: commanddevil
Датум: 27.12.2008 10:06:54
abe original?...kaj e dolznik? pazi koj glup naslov..,,drzavata moli da alarova i kostovski i prostat..... ,, pa koi se toa? mozebi zemale nesto od niv? mozebi od doma? nevideno glup tekst. sto e vazno dali drzavata ke plati ili ne..se gradat objekti za potrebite na drzavata a toa se povazni od trifun i dolarova.drzavata mozebi trebase samo da gi izgradi vo nekoj poruralen del od drzavata pa da plati tamo i doprinese za razvoj na takviot del.a za plakjanje?...pa tie dvajca imaat mnogu povekje dolgovi prema drzavata kako edinki ..setete se na neplatenite dolgovi za danok na alarova,na nistenoto zelenilo za ona ruglo nareceno kermez,za objektot kaj stadionot ii ..mnooogu drugi

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Скопје
Наградени најукрасените куќа и балкон во Гази Баба
Доделени наградите во „Месецот на трговијата“
Испразнетите општински имоти на Карпош ќе се најмуваат