Доделени наградите во „Месецот на трговијата“
Златарницата „Дамјани“, продавниците на „Најк“ и „Хуго Бос“, салонот на „Т-хоум“ и маркетот „Тинекс супер“ се дел од наградените трговски дуќани во манифестацијата „Месец на трговијата“, која Град Скопје традиционално ја организира со цел да го зголеми квалитетот на услугите што им се нудат на купувачите.
Првата награда, која вчера им ја додели градоначалникот на Скопје, Трифун Костовски, ја добија и гифт-шопот „Сева“, продавницата на „Нептун“, мини-маркетот „Агровардар“, продавницата за венчаници „Жана 2“ и за играчки „Енци-менци“ и како и салонот за мебел „Бујото“. Златна плакета добија и оптиката „Актуал клуб“, салонот на „Тојота“, „Хубо Реплек“, бензинската пумпа на Лукоил, салонот на „Симак Симпо“, продавниците на „Интимисими“, „Сет компјутери“ и „Бата“, како и парфимеријата „Јуник“. |