Наградени најукрасените куќа и балкон во Гази Баба
Игор Стојановски, жител на Трубарево, е добитник на првата награда за најубаво украсен двор во општината Гази Баба, додека Билјана Костиќ од населбата Автокоманда е првонаградена за најубаво украсен балкон. Тие беа наградени со по 5.000 денари. На огласот, кој веќе традиционално секоја година го распишува Општина Гази Баба, годинава се пријавиле вкупно десетмина учесници. Градоначалникот Коце Трајановски на сите пријавени им врачи пригодни подароци од Општината и спонзорите „Римес“ и „Виталија“. (Сн.К.) |