Број 3482  сабота, 15 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Економија

Многу субвенции, малку ефекти од нив

Според земјоделците, државните пари за овој сектор се залудно потрошени бидејќи се делат без концепт

Сања Наумовска

Субвенциите во земјоделството од година во година финансиски растат, но не и ефектите од нив. Земјоделците не се задоволни од владината помош на овој сектор, иако стимулациите во земјоделието пораснале повеќе од двапати од 2008 година досега. Имено, минатата година 100 милиони евра од буџетот биле наменети за субвенционирање на земјоделското производство, за разлика од 45 милиони евра, кои за истата цел биле поделени во 2008 и 75 милиони евра во 2009 година. Раст на финансиската поддршка за земјоделието е предвиден и за годинава, па за таа намена треба да се потрошат дури 115 милиони евра, или 15 милиони повеќе од лани, за во 2012 година оваа бројка да порасне за плус 15 милиони. Парите се делат, но приливот на финансиите кај земјоделците не ги постигнува посакуваните ефекти, па тие и понатаму се незадоволни од состојбите во овој сектор. И покрај инвестициите, производството на храна и понатаму е стихијно, а Македонија е зависна од увозот на хр��на. Во одредени земјоделски гранки се забележуваат токму контраефекти како пад на производството и намалување на искористеното земјоделско земјиште. Незадоволни од субвенциите се тутунарите, лозарите, овоштарите, производителите на градинарски култури, млекарите... Владата, смета Данаил Паланков, производител на раноградинарски култури од Струмица, треба истовремено да работи на поттикнување на извозот за земјоделците ги искористат субвенциите за вистинската намена или, пак, предвидените пари да ги инвестира во капитални проекти за развој на земјоделските региони. „Субвенцијата од 100 евра за еден хектар не ми е никаква стимулација кога трошам 500 евра месечно за гориво за истата површина. Но, доколку Владата, на пример, инвестира во проектот за гасификација на Струмица, со што драстично ќе ни се намалат овие трошоци, тогаш субвенцијата навистина ќе биде стимулација за зголемување на производството“, вели Паланков.

Незадоволството на земјоделците го потврдуваат и анализите на Федерацијата на фармерите на Македонија. „Макроекономските индикатори укажуваат на незадоволителни резултати во земјоделството споредено со сумата на пари наменети за стимулации“, информираат од ФФРМ, каде што сметаат дека земјоделството недоволно се развива споредено со сумата на субвенции.

„Обработливото земјоделско земјиште за период од 12 години е намалено за 122.000 хектари или за 19 проценти, пасиштата се намалени за 156.000 хектари или за 24 проценти за истиот период. Трендот на намалување е особено изразен во последниот период од 2007 до 2009 година, кога имаме и зголемена финансиска поддршка во земјоделството“, велат во ФФРМ. „Некои од секторите како што се производство на градинарски производи, производство на пченка, луцерка, ориз, мед и други, имаат позитивен тренд во периодот на зголемена финансиска поддршка, кај грозјето и други производи има зголемување на продуктивноста. Но, има и земјоделски потсекторски гранки каде што нема подобрување или има негативен тренд“, информираат од Федерацијата.

Со цел да се видат вистинските резултати од субвенционирањето, ФФРМ во својата предлог-програма за субвенции за годинава предложи да се воспостави мониторинг-систем со кои би се знаеле ефектите од трошењето на средствата што не се за потценување.

Во Министерството за земјоделство сметаат дека ефекти од субвенциите има.

„Според последните податоци од Државниот завод за статистика и според нашите анализи може да се забележи раст на извозот во последните години. Во 2005 кога субвенциите беа симболични извозот изнесувал 278 милиони евра, во 2007 бил 346 милиони евра, во 2009, пак 357 милиони. До ноември минатата година извозот изнесувал 384 милиони евра“, информираат од Министерството од каде што нагласуваат дека во одредени состојби кога има нарушување на пазарот како случајот со лозарите или со јаболкопроизводителите, Министерството врши и пренамена на средствата, односно се издвојуваат дополнителни средства со кои се зголемува предвидената субвенција или се предвидува нова финансиска мерка“, нагласуваат во земјоделство.

Премиерот Никола Груевски е убеден дека токму субвенциите им овозможиле на македонските земјоделци да го одржат и надградат своето производство и најавува дека субвенциите во овој сектор нема да се намалуваат

„Нема да ги намалиме субвенциите. Оваа година ќе дадеме 115 милиони евра, а следната ќе дадеме уште повеќе. Севкупно за четири години ја зголемивме сумата за субвенции за повеќе од 20 пати, во споредба со сумата што ја одвојуваше Владата на СДСМ за оваа намена. Кога имате таква таканаречена инјекција што и' ја давате на земјоделството, тоа мора да има влијание на подобрувањето на статусот и подобрувањето на позицијата на земјоделецот. Покрај ова, исполнивме доста критериуми што се бараа од нас за користење на европските средства во овој сектор, обезбедивме дополнителни средства од фондовите“ вели Груевски во интервју за МИА. Според него, доколку се земе предвид традицијата на нашите земјоделци, логично е да се очекува по оваа фаза на социјално-развојна контрибуција и ефект на субвенциите, во иднина да се очекува посериозен конкретен развоен ефект на производството во научно-техничка смисла и пазарно проектирање. „Посебен акцент ќе посветиме и на промоцијата на македонскиот производ и зголемувањето на можностите за извоз на земјоделски производи, како услов за добивање повисока цена за вложениот труд на земјоделецот. Во тој поглед сметам дека битна улога ќе има и формирањето на откупно-дистрибутивните центри на „Агрокор“, кои треба да почнат да се градат“, додаде Груевски.


#
Статијата е прочитана 1096 пати.

Испрати коментар

Од: забеган.
Датум: 15.01.2011 13:09:14
Абре ајде кој субвенци,,,,,,,,,,,Нонстоп се труби колку давале а ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ се посиромави.Како тргнала ова Блада ќе ги Изеде и социалците.
Од: Saso
Датум: 15.01.2011 15:52:45
Ne samo da se dadat subvencii nego treba da se ima koncept za razvoj na zemjodelieto.Da se napravat standardi i programa, koj se moze da zeme subvencii i zosto da se subvencionira vo zemjodelieto ,i vo koi granki od zemjodelskata dejnost.Imeno sega kako stojat rabotite vo EU kade sto se "kuburi" so zdrava hrana (bio), kade sto bio prodavnicite bukvalno se so prazni raftovi na primer vo Germanija posle skandalite vo mesnata i ndustrija i vo zivinarskite farmi.Moze Makedonija strateski da se fokusira na izvozno zemjodelie i stocarstvo, idninata e vo proizvotstvo na BIO hrana.Ova nekoj treba da go sraboti programski , edukativno i parite da odat vo ovoj pravec, a ne samo da se dale subvencii a efekti nikakvi, duri i porazitelni.
Од: B5L2
Датум: 15.01.2011 18:11:36
колкав беше буџетот во времето на сдсм а колкав е за време на грујо, субвенциите се исто така пералница на пари а за 2010год. кога ќе бидат исплатени тогаш да се пофали гујо дека се исплатени а не да се фали дека има исплатено субвенции за град.култури ама за демир хисар каде што има само еден апликант, кога ќе ги исплати заструмица тогаш да се пофали или пак за пшеницата во Битола,Прилеп и др.!!!!!
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 15.01.2011 23:06:29
Субвенциите се наменети за да се ограби народниот денар, преку давање субвенции, пад на цените и откупувачите го собираат кајмакот...тоа се случува секаде...Дали има договор на Фамилијата и откупувачите...да го декат големиот профит????
Од: Kolosalna manipulacija!
Датум: 16.01.2011 16:44:25
Subvenciite za zemjodelstvoto, a posebno onie za tutunot, se kolosalna manipulacija na vlasta! Otkupot na tutunot, poradi nerealnata procenka na negoviot kvalitet (namesto prva, tutunot se otkupuva kako treta klasa!) se vrsi po mosne niski ceni, a drzavata bozem ja kompenzira razlikata so subvencii za otkupeniot tutun! So eden kursum dva zajaka: ,,pomos,, na tutunarite, no, istovremeno ,,pumpanje,, na iznosot na subvenciite za zemjodelstvoto! A, tutunarite ne baraat subvencii tuku samo realna procenka na kvalitetot na tutunot, odnosno realna cena za istiot!

Најди! во Утрински
Економија
Сиромашните и годинава ќе се греат на државни 10 евра
Помош за семејството Бучковски
„Дун и Брадстрит“
Да се поднесат извештаи за приходи
Tуризмот ја намали невработеноста