Да се поднесат извештаи за приходи
На 15 февруари истекнува рокот до кога фирмите треба да го поднесат Годишниот извештај за исплатени приходи во 2010 до Управата за јавни приходи.
Годишен извештај поднесуваат правните лица, трговци поединци, занаетчии и лица што вршат слободни занимања, а кои извршиле исплата на приходи по основа на лични примања, приходи од авторски права и права од индивидуална сопственост, приходи од капитал, приходи од имот и имотни права, добивки од игри на среќа и други наградни игри, како и други приходи за кои аконтацијата на данокот се плаќа по добивка. Извештај за исплатени приходи до УЈП поднесуваат и фирмите кои вршат откуп на земјоделски производи, а кои во 2010 година исплатиле приходи на физички лица. За неподнесување на извештајот во законскиот рок и за неиздавање примерок од пресметката за аконтација на персоналниот данок и платените придонеси на вработениот од страна на фирмата, висината на глобата е од 2.000 до 3.000 евра, а за одговорното лице 750 евра во денарска противвредност. (МИА) |