Број 3080  понеделник, 07 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија
„Алди“ ги освојува Американците

Концернот бележи успех целосно потпирајќи се врз евтини продукти без познато име

Поход на германскиот дисконтер за храна и намирници „Алди“ во САД, веќе се отворени илјада филијали. Концернот бележи успех, целосно потпирајќи се врз евтини продукти без познато име.

Росета Стор стои беспомошно пред закачените во синџир, една за друга колички за купувачите на „Алди“, на паркингот во Арлингтон, во сојузната држава Вирџинија. „Не знам како да постапам со ова“, вели Росета. Пред американските супермаркети количките, по правило, не се закачени една за друга, ниту, пак, мора да се стави четврт долар за да се ослободи една од нив. Ова и' е првпат да пазари кај „Алди“. Од некоја пријателка слушнала дека тука може некои работи да ги најде по поповолни цени, отколку кај американскиот супердисконтер „Вол март“. Откако попусто се обидуваше да дојде до количка, еден самоименуван помошник и' пријде на новата купувачка. За мал бакшиш, тој и' објасни како да ја ослободи количката. Росета дозна дека кога ќе ја врати количката и ќе ја закачи за другите ќе ја добие назад и внесената паричка. Тоа се детали што на Американците им го прават толку посебно купувањето во „Алди“. „Најдобро е купувачите да си донесат кеси“, се смее една купувачка. Бидејќи тука нема бесплатни пластични кеси како кај конкуренцијата, евентуално само празни. Ниту на касата нема некој, кој ќе ги спакува купените производи.

Поволните цени ги привлекуваат купувачите. Американците прво имаа потреба од привикнување на постапката - направи се' сам кај дисконтерот од Германија, но со оглед на цените, „сосем е в ред“, сметаат муштериите.

Многумина купувачи кај „Алди“ при првата посета се иритирани со оглед на пуристичкото уредување и залудно ги бараат познатите марки. Во земјата на неограничени кечап-сорти и млечни комбинации ги иритира прегледниот асортиман од околу 1.400 различни производи, колку што можат да се најдат во американските филијали на „Алди“. Но, затоа, пак, продавниците изненадуваат со акции за стоки со поволни цени. „Алди“ навистина се' уште е џуџе меѓу американските дисконтери „Вол март“, „Таргет“ или „Долар џенерал“. Германскиот дисконтер со претежно американски производи е на 25. место на ранг-листата на американските синџири на супермаркети. Но, со оглед на рецесијата, дампинг-платите и проблемите со кредитирањето, касите на „Алди“ ѕвонат се' побрзо - годинава беше отворена илјадитата филијала. Дури ниту за потрошувачки разгалениот Њујорк веќе не е зона без „Алди“. Од околу 20-процентниот пораст на прометот профитираат и соработниците. Кој работи најмалку 20 часа неделно здравствено е осигуран. Во тој пункт и по некој американски супермаркет може да учи од конкуренцијата „мејд ин Џермани“. (Дојче веле)


#
Статијата е прочитана 1811 пати.

Испрати коментар

Од: usa
Датум: 07.09.2009 04:03:37
neznam samo od kade gi naogate vakvite informacii. ovoj dukan aldi posto odamna. tuka vo USA site znaeme kako da si zemem kolicka dali so kvoter ili so tokin kako moze samo da pisuvate gluposti i nevistini.
Од: Перо
Датум: 07.09.2009 08:55:24
Ало USA, на крај од текстот го имаш напишано изворот на информацијата(DW).Вие во USA изгледа "слабо" читате весници.
Од: dac
Датум: 07.09.2009 09:08:23
@usa Decko od Amerika siguren sum deka si pameten decko i znaes kako da izvadis kolicka vo supermarket t.e. deka si mnogu pameten decko. Samo pred da napadnes nekogo prvo procitaj gi poslednite dva zbora od tekstot, onie vo zagradite. E bidejki ne si gi procital jas ke ti kazam deka pisuva: (Дојче веле). Toa, nase pametno Amerikance znaci deka tesktot e prevzemen od Дојче веле. Ti teknuva? pozz

Најди! во Утрински
Економија
Со пари ќе се носат странски инвеститори
Вицепремиерот Пешевски медијатор во спорот со ЕВН
Бугарија се преиспитува околу енергетиката
Чесите работат се' за да ја преживеат кризата
Годинава затворени 89 банки во САД
Компромис за банкарските бонуси